Не е точно дека Мицкоски во Валенсија му ја бакнал раката на Борисов

Фото: Принтскрин видео

Фотографијата што ја содржи објавата е направена така за да делува како Мицкоски му се поклонува на Борисов, но тоа така изгледа, бидејќи македонскиот премиер седи пред да му пријде Борисов и во тој момент се исправа. Објавувањето на ваква фотографија, односно принтскрин од тој краток момент, очигледно има за цел да шири дезинформации и политички да манипулира 

Анализираме објава на социјалната мрежа Тредс во која се тврди дека премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, при средбата со лидерот на бугарската партија ГЕРБ Бојко Борисов во Валенсија на Конгресот на Европската народна партија, му ја бакнал раката на Борисов.

Секунда пред Мицкоски да му ја бакне раката на Бојко во Валенсија. Секогаш гордо, стои во објавата.

Објавата содржи и фотографија на која се гледа Мицкоски како поднаведнат се поздравува со Борисов.

Не е точно дека Мицкоски му ја бакнал раката на Борисов при нивната средба во Валенсија, а тоа може да се види од видеата објавени на социјалната мрежа Фејсбук.

Видео од поздравот меѓу Мицкоски и Борисов на Фејсбук објави Телевизија 24 и на него не може да се забележи дека Мицкоски му ја бакнува раката на Борисов.

Двајцата си пружаат рака, водат краток разговор и толку.

Се поздравија, но не разговараа – Мицкоски и Борисов на иста маса во Валенсија. На дводневен Конгрес во Шпанија, каде се избра старо-новиот претседател на ЕПП Манфред Вебер, во атмосфера на срдечни насмевки и прегратки, македонскиот премиер и лидерот на бугарската ГЕРБ, подадоа рака, објави ТВ 24.

Видео од средбата меѓу Мицкоски и Борисов објави и самиот Борисов на неговиот официјален Фејсбук профил (од 4:00 минута до 4:12 минута).

И на ова видео никаде не може да се види како Мицкоски му ја бакнува раката на Борисов.

Фотографијата што ја содржи објавата е направена така што да делува како Мицкоски му се поклонува на Борисов, но тоа така делува бидејќи македонскиот премиер седи пред да му пријде Борисов и во тој момент се исправа. Со објавување на ваква фотографија, односно принтскрин од тој краток момент, објавата очигледно има за цел да шири дезинформации и политички да манипулира и поентира.

Фотографијата што ја содржи објавата е направена така за да делува како Мицкоски му се поклонува на Борисов, но тоа така изгледа, бидејќи македонскиот премиер седи пред да му пријде Борисов и во тој момент се исправа. Објавувањето на ваква фотографија, односно принтскрин од тој краток момент, очигледно има за цел да шири дезинформации и политички да манипулира

Поради сето погоре, оценуваме дека објавата е невистина.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција