Министерството нема да дава субвенции само на дипломирани земјоделци (првоаприлска шега)

Министерството за земјоделство не предложило мерка субвенции да добиваат само земјоделци со факултетска диплома, ниту пак има во план да предложи такво нешто. За ова од министерството објавија и демант на својата официјална Фејсбук страница.

Министерството за земјоделство не предложило ваква мерка, ниту пак има во план да предложи такво нешто. За ова од министерството објавија и демант на својата официјална Фејсбук страница. Станува збор за првоаприлска шега

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

Овие забегаа скроз.

Објавата споделува фотографија од наводно „итно соопштение“ од Министерството за земјоделство во кое се вели дека предложиле нова мерка за 2026 година според која приоритет при исплата на субвенции ќе имаат земјоделци со факултетска диплома од Земјоделски факултет.

Целта е зголемување на стручноста, се додава во наводното соопштение на Министерството.

Министерството за земјоделство не предложило ваква мерка, ниту пак има во план да предложи такво нешто. За ова од министерството објавија и демант на својата официјална Фејсбук страница.

Почитувани земјоделци, во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи (facebook страна и група на еден портал) се појавија невистини и дезинформации за наводна предлог мерка за 2026 година. Во објавата незаконски е искористено името на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и лажен печат на самото Министерство се со цел да се создаде паника и револт кај земјоделците, Ве замолуваме да не подлегнувате на манипулации, сите мерки, програми се објавуваат на официјалната веб страница и facebook страница на Министерството. Ве уверуваме дека не постои таква предлог мерка.Го повикуваме медиумот да се обрати до земјоделците и јавноста, да ја исправи својата грешка и во иднина да не шири дезинформации, и секако да не си игра со чувствата на македонските земјоделци, да не создава паники доведувајќи ги во заблуда за чувствителни теми.Ве молиме на претпазливост во иднина и внимавајте од каде се информирате. Во однос на информирање за мерки и програми користете официјални извори од владини институции, соопштија од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Ваквата содржина беше објавена на Фејсбук страницата zemjodelie.mk.

ИТНО СООПШТЕНИЕ

Се разгледува нова мерка за 2026 година:

приоритет при исплата на субвенции ќе имаат земјоделци со факултетска диплома од земјоделски факултет

целта била „зголемување на стручноста во земјоделството“

Што мислите, колку од Земјоделците имаат високо образование и ќе успеат да завршат факултет за да можат да земат субвенции?

Коментар, стои во објавата.

Но, во првиот коментар под истата, од Фејсбук страницата посочиле дека станува збор за првоаприлска шега.

Страницата ден потоа го објави и демантот на Министерството за земјоделство и уште еднаш укажа дека станува збор за измислена вест и првоаприлска шега.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата, која многумина ја сфатија како вистинита, што може да се види и во коментарите под објавата, е сатира.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција