Не е точно дека на повидок е нова пандемија на птичји грип

Фото: pixabay.com

Двајца работници на фарма во Англија беа позитивни на птичјиот грип, но ниту еден здравствен претставник не посочил дека тоа претставува почеток на нова пандемија. Велика Британија не потврдила дека тоа е почеток на нова пандемија, ниту пак Бил Гејтс рекол дека следната пандемија ќе ги таргетира децата. Тврдењата изнесени во објавата се произволни и не се поткрепени со никакви релевантни докази

Двајца работници на фарма во Англија беа позитивни на птичјиот грип, но ниту еден здравствен претставник не посочил дека тоа претставува почеток на нова пандемија. Велика Британија не потврдила дека тоа е почеток на нова пандемија, ниту пак Бил Гејтс рекол дека следната пандемија ќе ги таргетира децата. Тврдењата изнесени во објавата се произволни и не се поткрепени со никакви релевантни докази

 

 

Рецензираме пост на Фејсбук кој тврди дека е најавена нова пандемија. Ваквото тврдење е неточно.

Нова пандемија е најавена. Кокошките (храната) ќе бидат уништени за луѓетоо да бидат спасени?, стои во објавата што ја анализираме.

Во постот е споделено видео од Редактид њуз кое тврди: „Почнува! „СЛЕДНАТА пандемија е тука и децата се цел“, вели Бил Гејтс.

Видеото е од епизода од 17 мај од подкастот „Редактирано“.

Да се подготвиме затоа што доаѓа следната пандемија, вели ко-водителот на „Редактид“ Клејтон Морис, започнувајќи ја епизодата.

Тој посочува дека Светската здравствена организација соопштила дека пандемијата на ковид-19 е завршена, но треба да се подготвиме за следната.

Веднаш!. Владата на Обединетото Кралство … објави дека тестира нова појава на птичји грип, вели Морис во видеото.

Во видеото потоа има клип од извештајот на Сакј нуз за двајца живинарски работници во Обединетото Кралство кои се позитивни на птичјиот грип.

Значи, следната пандемија можеби веќе е тука, според овие кловнови, и тие ни велат дека ќе биде полошо од порано… и конкретно ќе ги таргетира децата, вели Морис.

Точно е дека двајца живинарски работници биле позитивни на птичји грип откако стапиле во контакт со заразени птици на истата фарма во Англија, според Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство.

Здравствените власти рекоа дека нема знаци на пренесување на вирусот од човек на човек, кој драматично се проширил кај популациите на дивите птици и влијаел на другите видови, но додале дека следењето на контактот се спроведува за еден од работниците како мерка на претпазливост, пишува Гардијан.

Владата на Велика Британија не рекла дека следната пандемија можеби веќе е тука во форма на птичји грип.

Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство на 16 мај објави дека двајца работници на живинарски фарми во Англија кои учествуваат во програма за асимптоматски надзор за луѓе кои дошле во контакт со заразени птици, биле позитивни на птичјиот грип.

Ниту еден од работниците не доживеал никакви симптоми и оттогаш е негативен, соопшти агенцијата. Портпаролот на агенцијата, на 24 мај,  за Политифакт  изјавил дека оттогаш никој друг не бил позитивен на тестот.

Епидемијата на птичји грип почна да се шири на глобално ниво во 2020 година.

Птичјиот грип е респираторно заболување кај птиците предизвикано од вируси на инфлуенца А. Вирусите се класифицирани во две категории: вируси на птичји грип со ниска патогени и високопатогени вируси на инфлуенца, од кои вториот е исклучително смртоносен за заразената живина.

Ризикот од птичји грип кај луѓето е низок, но сојот Х5Н1 уби 458 луѓе од 874 случаи во изминатите 20 години, соопшти Светската здравствена организација.

Што се однесува, пак, до тврдењето во видеото дека Бил Гејтс рекол оти следната пандемија ќе биде насочена кон децата, не постојат докази за таква негова изјава, пишува Политфакт.

Како доказ дека следната пандемија ќе ги таргетира децата, Морис ги наведува глобалните напори за вакцинација на децата во кои се вклучени Челзи Клинтон, Светската здравствена организација и други. Но, таа кампања, наречена „Големото достигнување“, има за цел да ја задржи рутината децата да ги примат вакцините кои биле прескокнати за време на пандемијата.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека двајца работници на фарма во Англија беа позитивни на птичјиот грип, но ниту еден здравствен претставник не посочил дека тоа претставува почеток на нова пандемија. Велика Британија не потврдила дека тоа е почеток на нова пандемија, ниту пак Гејтс рекол дека следната пандемија ќе ги таргетира децата. Тврдењата изнесени во објавата се произволни и не се поткрепени со никакви релевантни докази.

Според тоа, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција