Не е точно дека нема севернокорејски војници во војната со Украина
Според украинските и западните проценки, околу 11.000 севернокорејски војници се во регионот Курск за да им помогнат на руските сили. Русија ниту го потврди ниту го демантира нивното присуство. Дека Северна Кореја испратила војници да се борат на страната на Русија, потврди лично претседателот на Украина Володимир Зеленски, кој на социјалните мрежи објави видео од двајца заробени војници
Според украинските и западните проценки, околу 11.000 севернокорејски војници се во регионот Курск за да им помогнат на руските сили. Русија ниту го потврди ниту го демантира нивното присуство. Дека Северна Кореја испратила војници да се борат на страната на Русија, потврди лично претседателот на Украина Володимир Зеленски, кој на социјалните мрежи објави видео од двајца заробени војници
Анализираме објава на Фејсбук која вели:
Како што беше предвидено, никогаш нема да ги видиме севернокорејските борци во Русија/Украина, едноставно затоа што на прво место ги немаше.
Објавата тврди дека во војната со Украина немало севернокорејски војници, што не е точно.
Дека Северна Кореја испратила војници да се борат на страната на Русија, потврди лично претседателот на Украина Володимир Зеленски, кој на социјалните мрежи објави видео од двајца заробени војници.
Покрај првите заробени војници од Северна Кореја, несомнено ќе има уште повеќе. Прашање на време е кога нашите трупи ќе успеат да заробат други. Во светот не треба да остане сомнеж дека руската армија е зависна од воената помош од Северна Кореја. Путин почна пред три години со ултиматуми до НАТО и обиди да ја преработи историјата, но сега не може да се снајде без воена поддршка од Пјонгјанг, напиша Зеленски на Икс покрај видеото од заробените севернокорејски војници.
Од видеото може да се слушне сослушувањето на двајцата војници кои велат дека не знаат каде се наоѓаат.
Доказ дека војници од Северна Кореја се борат во Украина прикажа и Си-ен-ен, објавувајќи белешки и хартии кои украинските војници ги пронашле на телата на други севернокорејски војници.
Си-ен-ен доби редок увид во светот на севернокорејските трупи кои се борат за Русија во интервјуата со украинските сили за специјални операции, кои му кажаа на Си-ен-ен дека Севернокорејците со кои се соочиле во интензивните борби не се предале. Во едно видео, споделено со Си-ен-ен, украински војник му приоѓа на повредениот севернокорејски војник кој лежел со лицето надолу, за време на судирите. Додека Украинецот му ја влече ногата на севернокорејскиот војник за да види дали е сè уште жив, Севернокореецот испушта крик на корејски пред да активира граната до неговата глава. Севернокорејскиот војник кој се гледа како ја активира гранатата на видеото носел лажна руска воена лична карта која го идентификувала како 29-годишен Мент Чат. Во документот се вели дека тој ѝ се придружил на руската армија во октомври и бил од руската погранична област Тува, во близина на Монголија, пишува Си-ен-ен во својот извештај.
Рачно напишани белешки пронајдени покрај телата на загинатите севернокорејски војници убиени на бојното поле во областа Курск во Русија кои откриваат тактика во која војниците на Пјонгјанг се користат како мамка за соборување на украинските беспилотни летала, објави британски Телеграф.
Според Телеграф, украинските сили за специјални операции пронашле белешки во кои војниците опишале смртоносни тактики и ја изразиле својата љубов кон својот лидер Ким Јонг-Ун и копнежот да се вратат во својата татковина.
Според украинските и западните проценки, околу 11.000 севернокорејски војници се во регионот Курск за да им помогнат на руските сили. Русија ниту го потврди ниту го демантира нивното присуство. Зеленски вели дека руските и севернокорејските сили претрпеле големи загуби.
Бројот на севернокорејски војници убиени и повредени во Украина најверојатно надмина 3.000, вклучувајќи околу 300 мртви и 2.700 ранети, изјави јужнокорејски пратеник повикувајќи се на информации од тамошната разузнавачка агенција.
Од сето погоре објавата што ја анализираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар