Вистиномер не можеше да најде веродостојна вест за папата кој најавил замена на Библијата со нова книга. Ако тој најавил такво нешто, тоа сигурно ќе беше вест во светските и домашните медиуми. Веб-страницата на Канцеларијата за печат на Светата столица која ги објавува официјалните вести за активностите на папата и различните оддели на Римската курија, исто така не содржи информации за такви најави. Пребарувајќи на Гугл најдовме дека ваквата информација првично била објавена на сатиричната веб-страница There Is News (ТИН) во април 2018 година, каде јасно е надведено дека се работи за хумористична содржина
Вистиномер не можеше да најде веродостојна вест за папата, кој, наводно, најавил замена на Библијата со нова книга. Ако тој најавил такво нешто, тоа сигурно ќе беше вест во светските и домашните медиуми. Веб-страницата на Канцеларијата за печат на Светата столица, која ги објавува официјалните вести за активностите на папата и различните оддели на Римската курија, исто така, не содржи информации за такви најави. Пребарувајќи на Гугл најдовме дека ваквата информација првично била објавена на сатиричната веб-страница There Is News (ТИН) во април 2018 година, каде јасно е наведено дека се работи за хумористична содржина
Анализираме објава на Фејсбук која вели дека папата Франциск ќе ја поништел Библијата и предложил да се создаде нова, најверојатно „Библија 2000“.
ДЕТОНАЦИЈА БОМБА!! НИЕ СМЕ НА КРАЈОТ НА ВРЕМЕТО
! Папата Франциско ја поништува Библијата и предлага да се создаде нова. Папата Франциско денеска го изненади светот објавувајќи дека Библијата е целосно застарена и има потреба од радикални промени; на тој начин Библијата била официјално укината.
На средба со високи луѓе ќе се утврди книга која ќе ја замени Библијата, чие име и содржина ќе ги одреди црквата. Некои наслови веќе се изучуваат, а најверојатно е „Библија 2000“, стои во објавата.
Вистиномер не можеше да најде веродостојна вест за папата кој најавил замена на Библијата со нова книга. Ако тој најавил такво нешто, тоа сигурно ќе беше вест во светските и домашните медиуми. Веб-страницата на Канцеларијата за печат на Светата столица која ги објавува официјалните вести за активностите на папата и различните оддели на Римската курија, исто така не содржи информации за такви најави.
Пребарувајќи на Гугл со клучни зборови од приказната на англиски јазик, Вистиномер најде дека ваквата информација првично била објавена на сатиричната веб-страница There Is News (ТИН) во април 2018 година.
На веб-страницата има јасно видлива ознака: „Не е реално, но е многу смешно“.
Веб-страницата, исто така, има дисклејмер во кој се наведува дека сајтот е хумористичен и дека содржината на ТИН е фикција и не одговара на реалноста. Сите референци, имиња, брендови или институции што се појавуваат на страницата се користат како контекстуални елементи, како во секој роман или фикција, се додава во описот на веб страницата.
Дека папата Франциск не најавил смена на Библијата со нова книга, утврдиле и проверувачите на факти на АФП (2020 год) и на Индија тудеј (2021 год).
Значи, тврдењето дека папата најавил смена на Библијата со нова книга „Библија 2000“ е лажно. Станува збор за напис од 2018 година објавен на сатирична веб-страница. Нема веродостојна вест за таква изјава на папата Франциск. Поради тоа, објавата која ја анализираме ја оценуваме како неточна.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар