Не е точно дека пејачката Тејлор Свифт е директен потомок на Антон Лавеј, основачот на сатанизмот

Фото: Принтскрин ФБ пост

Тејлор Свифт нема никаква врска со Антон Лавеј, основачот на сатанизмот. Причината зошто името на оваа популарна пејачка се поврзува со него, е сличноста меѓу неа и неговата ќерка Зина Шрек (родена Лавеј). На социјалните мрежи одамна кружи и една теорија на заговор дека Тејлор Свифт е клон на Зина Лавеј, па оттука и нејзината поврзаност со основачот на сатанизмот. Се чини дека целиот концепт се базира на фактот дека двете жени си личат

 

Тејлор Свифт нема никаква врска со Антон Лавеј, основачот на сатанизмот. Причината зошто името на оваа популарна пејачка се поврзува со него, е сличноста меѓу неа и неговата ќерка Зина Шрек (родена Лавеј). На социјалните мрежи одамна кружи и една теорија на заговор дека Тејлор Свифт е клон на Зина Лавеј, па оттука и нејзината поврзаност со основачот на сатанизмот. Се чини дека целиот концепт се базира на фактот дека двете жени си личат

 

Анализираме објава на Фејсбук, која, меѓу другото, тврди дека Тејлор Свифт е директен потомок на Антон Лавеј, основачот на сатанизмот.

Најнова информација поврзана со бруталното масакрирање со нож на девојчињата во Англија е дека досега починале три девојчиња, по нападот од 17 годишно момче. Ова предизвика невиден хаос и нереди во Англија во кои учествуваат противници на радикалниот  Ислам, Муслимани, но и полицијата.

Дозволете мала дигресија поврзана со настанот.

Девојчињата за време на нападот вежбале јога, на песна на Тејлор Свифт.

Ќе помислите – „Каква врска има тоа со крвавиот епилог?!  Па, јогата е за добро здравје, виткост, виталност и подмладување, нели?”

Веројатно така помисливте, но тоа не е точно. Јогата е опасна практика, која може да отвори врата за влошување, а не за подобрување на целокупното психо-физичко и духовно здравје на човекот, бидејќи отвора врата за нечисти духови.

Друг интересен податок е фактот што децата слушале музика од Тејлор Свифт.

За Тејлор Свифт дознаваме дека изведувала сатанистички ритуали за време на нејзините настапи во живо, според оценка на еден  Христијански уметник, кој уште додава: „Нејзината музиката е опасна“. 

Таа исто така е и директен потомок на Антон Леви, основачот на сатанизмот, пишува во објавата.

Тејлор Свифт (родена на 13 декември 1989 година во Вест Ридинг, Пенсилванија, САД) е популарна американска пејачка и текстописец. Позната по нејзиното автобиографско пишување песни и уметнички реинвенции, Свифт е влијателна личност во популарната култура и предмет на широк јавен интерес.

Нејзиниот татко, Скот Кингсли Свифт, бил берзански брокер за „Мерил Линч“, а нејзината мајка, Андреа Гарднер Свифт (моминско Финлеј), работела како директор за маркетинг на заеднички инвестициски фондови. Помладиот брат на Свифт, Остин, е актер. Нивната баба по мајка, Марџори Финлеј, била оперска пејачка, чие пеење во црква станало едно од најраните спомени на музиката на Свифт и ја обликувало нејзината кариера.

Тејлор Свифт нема никаква врска со Антон Лавеј, основачот на сатанизмот. Причината зошто името на оваа популарна пејачка се поврзува со него, е сличноста меѓу неа и неговата ќерка Зина Шрек (родена Лавеј).

На социјалните мрежи одамна кружи и една теорија на заговор дека Тејлор Свифт е клон на Зина Лавеј, па оттука и нејзината поврзаност со основачот на сатанизмот. Се чини дека целиот концепт се базира на фактот дека двете жени си личат.

 

Фотографии: Тејлор Свифт (Фото: Роберт Воен) CC BY 2.0 и Зина ЛеВеј (фото: скриншот)

 

Зина Лавеј, сега позната како Зина Шрек, беше портпаролка на црквата на Сатаната помеѓу 1985 и 1990 година, за кое време беше харизматична и прилично истакната медиумска фигура. Таа ја напушти црквата во 1990 година (една година по раѓањето на Тејлор) и стана тантричка будистка. Со оглед на тоа, таа нема причина да ги штити тајните на Црквата на сатаната и би можела или да излезе во јавност или да бара милион или нешто повеќе, ако најголемата поп-ѕвезда во светот ѝ го украла лицето (заради наводно клонирање – з.н.), пишува Нме.ком во 2016 година. Досега нема сучај на клониран човек.

Научниците во Америка првпат клонираа полноглавци во 1952 година. Потоа, дојде овцата Доли во 1996 година. Сепак, најблиску до човечки клон научниците беа во 1997 година, кога создадоа факсимил за мајмун од друг мајмун. Човештвото направи факсимил од мајмун, но никогаш човечки клон, пишува Нме.ком.

Клоновите не функционираат правилно. Околу еден од 100 клонови е успех – затоа Доли беше толку голема вест. Поради несовршености во процесот на клонирање, тие често имаат органи со чудна големина кои не функционираат целосно. Како резултат на тоа, тие обично треба да бидат еутаназирани за нивно добро, поради што клонирањето нашироко се смета за неетичко (тоа е целосно забрането од ОН и во неколку американски држави, другите го немаат законски регулирано тоа).

Нема никакви докази дека Тејлор Свифт е директен потомок на Антон Лавеј, па оттука објавата ја оценуваме како делумно невистинита.

Мора да напоменеме дека другите тврдења изнесени во објавата за влијанието на јогата врз одредени верски верувања и за толкувањето на (не)постоењето на религиозна/антирелигиозна позадина во некои сегменти од настапите на Тејлор Свифт, Вистиномер не ги рецензира/проверува зашто навлегуваат во религиозните убедувања на верниците. Вистиномер на проверува тврдења со религиозна содржина и позадина со оглед на уставно загарантираното право на слободата на вероисповеста. Со Уставот се гарантира слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, изразување на верата. И заради тоа оценката е делумно невистинито.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција