Не е точно дека починал ракометниот селектор Илија Темелковски
Набрзо откако беше објавена дезинформацијата дека починал Илија Темелковски, 71-годишниот поранешен селектор на повеќе ракометни тимови и на македонската репрезентација, тоа експресно беше демантирано, вклучително и од самиот Темелковски кој се појави во видео за да порача дека е жив и здрав
Набрзо откако беше објавена дезинформацијата дека починал Илија Темелковски, 71-годишниот поранешен селектор на повеќе ракометни тимови и на македонската репрезентација, тоа експресно беше демантирано, вклучително и од самиот Темелковски кој се појави во видео за да порача дека е жив и здрав
Во повеќе Фејсбук објави од медиумите во земјава ( овде овде, овде, овде, овде, овде, овде, овде, овде, овде, овде) се појави дезинформација дека починал Илија Темелковски, поранешен ракометен селектор.
Македонскиот ракомет повторно е завиен во црно откако денеска почина Илија Темелковски, легендарен ракометар и тренер чие име воедно ќе остане запишано и како еден од најуспешните селектори на македонската репрезентација, пишува во оваа објава.

Некои од медиумите, пак, ги отстранија објавите, коишто веќе беа споделени со јавноста.
Набрзо откако беше објавена дезинформацијата дека Илија Темелковски 71-годишниот поранешен селектор на повеќе ракометни тимови и на македонската репрезентација, тоа експресно беше демантирано, вклучително и од самиот Темелковски кој се појави во видео за да порача дека е жив и здрав.
Видеото со демантот го објави сајтот 24 инфо, а во видеоматеријалот Темелковски вели дека е жив и покрај тоа што некој се осмелил да ја сподели дезинформацијата.
Поздрав до сите, јас, Илија Темелковски го демантирам она што некој го измислил, ова не е за измислување или некоја шега, јас сум жив и здрав и ги демантирам сите информации во врска со тоа што некој зел за право да пласира дека сум починат. Поздрав до сите, вели тој во изјавата за 24 Инфо.
Покрај Темелковски, исто така и ракометната федерација на Фејсбук ја демантираше дезинформацијата.
Почитувани, во врска со информацијата која беше проследена во јавноста преку медиумите дека ракометниот спортски работник господин Иле Темелковски е починат, податокот не е точен. Ве известуваме дека канцеларијата на РФМ стапи во контакт со семејството на Темелковски и господин Иле Темелковски и ги замолуваме медиумите да ги коригираат своите објави. Со почит, Ракометна Федерација на Македонија, напишаа оттаму.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар