Не е точно дека половина од полицајците во Отава дале оставки

Фото: Принт скрин

Ниту еден од две илјади полицајци во оваа служба не дал отказ поради протестите за вакциналните мандати, изјави претседателот на полициската академија на Отава, Мет Скоф за „Асошиејтед Прес“

Ниту еден од две илјади полицајци во оваа служба не дал отказ поради протестите за вакциналните мандати, изјави претседателот на полициската академија на Отава, Мет Скоф за „Асошиејтед Прес“

 

 

Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека половина од полициските службеници во главниот град на Канада, Отава, поднеле оставки од работните места.

БУМ! 7 февруари 2022 година. Педесет проценти од полициските сили во Отава денеска поднеле оставка, се вели во постот што го рецензираме.

Меѓутоа, ова тврдење не соодветствува со фактите. Во Отава има протести против барањето за вакцинација. Но, не е точно дека половината од полициските сили на главниот град на Канада поднеле оставки. Како што за „Асошиејтед Прес“ потврдиле и од полицијата на Отава и од полициската асоцијација на Отава, (синдикат што го претставува поголемиот дел од полицајци во агенцијата), вакво нешто не се случило. До денеска, ниту еден од 2 илјади полицајци во оваа служба не дал отказ поради протестите за вакциналните мандати, според претседателот на полициската академија на Отава, Мет Скоф.

Во постот што го рецензираме, споделено е видео, а во него на 6 минута и 30 секунда, еден од учесниците во протестот тврди дека половина од полицајците дале оставки.

Скоф го демантира ова тврдење и додава дека неговата организација ги претставува сите полициски службеници во Отава, со исклучок на 50 повозрасни полициски службеници.

До денеска, нема оставки поврзани со конвојот на возачите на камиони, изјавил Скоф за Асошиејтед Прес.

Ејми Гангнон, портпаролка на полициските сили на Отава, исто така потврдила дека ова тврдење не е вистина, додавајќи дека сите достапни полициски службеници работат и нема оставки поради демонстрациите.

Тврдењето едноставно не соодветствува со фактите, изјавил Петрик Шемпејн, секретар за односи со јавност на градоначалникот на Отава, Џим Ватсон додавајќи дека ниту една оставка на полицаец не е пријавена во канцеларијата на градоначалникот.

Поради сите горенаведени факти и деманти од релевантните полициски здруженија и станици во Отава, оценуваме дека не е вистина дека половина од полициските сили на Отава дале оставки.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција