Не е точно дека Полска испраќа свои трупи во Украина

Варшава, 16.09.2025 г. | Фото: Мета.мк

Полските власти повеќепати нагласиле дека не планираат директно воено учество во конфликтот. Премиерот Доналд Туск и министерот за одбрана изјавија дека Полска ќе продолжи со силна поддршка за Украина, но тоа ќе биде во форма на оружје, логистичка помош и обука, а не преку испраќање на полски војници

Полските власти повеќепати нагласиле дека не планираат директно воено учество во конфликтот. Премиерот Доналд Туск и министерот за одбрана изјавија дека Полска ќе продолжи со силна поддршка за Украина, но тоа ќе биде во форма на оружје, логистичка помош и обука, а не преку испраќање на полски војници

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Полска влегува со свои трупи во Украина, а со тоа и во војна со Русија.

Ваквото тврдење не е поддржано со ниту еден факт, ниту пак, со некаква официјална изјава.

Досега не е потврдено дека Полска влегува со свои вооружени трупи на територија на Украина.

Полската влада (министерот за одбрана и премиерот) повеќепати јавно изјавиле дека не планираат да испратат полски војници во Украина.

Полска нуди голема поддршка на други начини: логистика, инфраструктурна поддршка, тренинг, оружје и материјална помош. Видот на учество како „миротворна мисија“ или „стабилизациска мисија“ е дискутиран, но не со јасен план или решение за да Полска навистина испрати свои трупи.

Полските власти повеќепати нагласиле дека не планираат директно воено учество во конфликтот. Премиерот Доналд Туск и министерот за одбрана изјавија дека Полска ќе продолжи со силна поддршка за Украина, но тоа ќе биде во форма на оружје, логистичка помош и обука, а не преку испраќање на полски војници.

Сепак, во политичките и безбедносните кругови се дискутира за можноста за меѓународна стабилизациска или мировна мисија во иднина. Некои полски официјални претставници не ја исклучуваат таа опција, но додаваат дека засега нема конкретна одлука.

Во моментов, Полска останува еден од најголемите партнери на Украина – обезбедувајќи оружје, обука за украинските војници и инфраструктурна поддршка, но нејзини трупи не се присутни на теренот во Украина.

Манипулации и шпекулации дека Полска ќе испраќа војници во Украина имаше и во мај 2022 година.

Врз база на шпекулации не може категорично да се тврди дека членка на НАТО (Полска) директно и официјално влегува во војната во Украина, особено кога и самата Полска и НАТО алијансата во неколку наврати потенцираа дека нема да се вклучат во војната преку испраќање трупи.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е невистинита.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција