Не е точно дека послeдната порака од Трамп до Бајден била ,,Џо, знаеш дека победив”

Со оглед на тоа што содржината на писмото сè уште е тајна, пост или твит не може да знае што има во писмото кое Трамп, наводно, му ги напишал на Бајден пред да замине од Белата Куќа. Тоа особено не може да биде точно ако се тврди дека во писмото се вели „Џо, ти знаеш дека јас победив!“, ако знаеме дека новиот претседател на САД, Џо Бајден има сосема поинаков впечаток, велејќи дека писмото било „многу срдечна“

 

Со оглед на тоа што содржината на писмото сè уште е тајна, твит не може да знае што има во писмото кое Трамп, наводно, му ги напишал на Бајден пред да замине од Белата Куќа. Тоа особено не може да биде точно ако се тврди дека во писмото се вели „Џо, ти знаеш дека јас победив!“, додека, од друга страна, новиот претседател на САД, Џо Бајден, вели нешто сосема друго, односно дека писмото било „многу срдечно“

 

Претседателот на САД, Џо Бајден, изјави дека неговиот претходник, Доналд Трамп, му оставил порака на заминување, која што ја опиша како „многу срдечна“. Тој, зборувајќи од овалната канцеларија, рече дека нема да ја открие содржината на писмото поради почит кон Трамп.

Претседателот напиша многу срдечно писмо, но бидејќи беше лично и приватно, нема да зборувам за тоа, додека најнапред не зборувам со него, изјави Бајден за репортерите. 

Во Фејсбук постот што го рецензираме се тврди дека последната порака на Трамп до Бајден е ,,Џо, ти знаеш дека победив”. Меѓутоа, ова не е потврдено, зашто писмото сè уште се држи во тајност. Уште повеќе, Бајден додаде дека „со оглед на тоа што писмото е приватно, јас нема да зборувам за тоа, пред да зборувам со него (се мисли на Трамп – н.з.).“

Така што, ако Бајден ова писмо не го објавува, тогаш тоа сè уште останува тајна. А, ако пак, тоа истекло од страната на Трамп, тогаш Бајден не би имал причина да не го коментира и да не го покаже на новинарите. Зошто Бајден би ја криел содржината на писмото, ако од страна на Трамп тоа истекло на социјалните мрежи? Напротив, во таква ситуација, Бајден не би имал причина да ја крие неговата содржина и да изјавува дека за тоа треба да зборува со Трамп претходно. Зошто Бајден би требало претходно да зборува со Трамп за објавување на содржината на писмото, ако таа е веќе објавена на социјалните мрежи? И зошто Бајден би рекол дека писмото било „многу срдечно“, ако неговата содржина е „Џо, знаеш дека победив!“? Тоа нема никаква врска со срдечност.

Понатаму, советник на Трамп за Си-Ен-Ен изјави дека писмото е „лична белешка“ која содржи „молитва за успехот на земјата и новата админситрација да се грижи за земјата“. Ова, исто така, нема врска со „Џо, ти знаеш дека јас победив!“

Инаку, современа традиција за претседателите е да им напишат на нивните наследници писмо и да го остават за нив на масата во овалната канцеларија.

Но, со оглед на тоа што содржината на писмото на Трамп, засега, не е во јавниот домен, односно не е обзнанета, писмото објавено во постот што го рецензираме, фактички не е вистинито и покрај тоа што личи дека го има потписот на Трамп, со печат од претседателот на САД на почетокот од страницата.

Сервисот за проверка на факти „Квинт“ го спореди ова писмо со писмо кое Трамп навистина го напишал во минатото и кое е јавно достапно. Сајтот доаѓа до заклучок дека постојат суштински разлики во начинот на којшто изгледа печатот, но и меморандумот на веродостојното и неверодостојното писмо.

На пример, тие тврдат дека писмото со содржина „Џо, ти знаеш дека победив“, е датирано во форматот ден-месец-година, а веродостојното писмо од Трамп е датирано во форматот најпрво месец, потоа ден и на крајот година. Ова е уште еден показател дека станува збор за писмо кое е лажно претставено дека е од Трамп.

Исто така, уште два сервиси за проверка на факти од САД, Политифакт и оној на Ју-Ес-Еј Тудеј, писмото веќе го оценија како невистина.

Со оглед на тоа што содржината на писмото е тајна, со оглед на фактите, кои покажуваат дека објавеното писмо е невистинито, како и со оглед на консензусот на проверувачите на факти, кои, исто така, сметаат дека писмото е невистинито, и Вистиномер се приклучува кон таквиот став и смета дека не е вистстина оти последните зборови кои Трамп, наводно, му ги напишал на Бајден пред да замине од Белата Куќа, се дека тој победил.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција