Не е точно дека пушачите се имуни на Ковид 19

 

Во април 2020 година, беше актуелна теорија во која се тврдеше дека пушачите се имуни на Ковид-19, или дури и ако се заразат, полесно ќе ја прележат болеста. Иако оваа теорија беше отфрлена од научната фела вонашата земја, истата и после толку време продолжува да се шири. Дури и лекарите ја отфрлаат оваа теорија, а СЗО ја обвини тутунската индустрија дека ја користи пандемијата за да го зголеми својот личен профит, пишува Порталб.мк.

Во јавноста кружи теоријата дека „пушачите се имуни на Ковид-19или дури и ако се заразат, полесно ќе ја прележат болеста. Теоријата за која станува збор се аргументира со објаснување на еден нелогичен процес, кој вели:

Пушачите не можат да се заразат со Ковид-19 бидејќи нивните бели дробови веќе се оштетени од пушењето. Во овој случај, вирусот тешко наоѓа здрави клетки во кои може да се развие болеста. 

Ова тврдење категорично го демантираат лекарите кои врз основа на научни факти истакнуваат дека пушачите не само што можат да се заразат со Ковид-19, исто како и сите други, туку имаат тенденција да развијат потешки симптоми на болеста.

Не постои научна студија што ги потврдува тврдењата дека пушачите полесно ја поминуваат инфекцијата со Ковид19 од непушачите. Две студии засновани на анкетирање на хоспитализирани лица кои покажаа дека само околу 10% од хоспитализираните се пушачи, ја алармираше СЗО. Пушењето го намалува капацитетот на белите дробови и ја зголемува можноста за развој на респираторни инфекции.

Разни научни студии ја докажале поврзаноста помеѓу пушењето и појавата на белодробни заболувања, а оваа ситуација ги комплицира симптомите и клиничката слика на инфекцијата со Ковид19 кај пушачите, рече лекарот Адурим Фазлиу.

Всушност, таквата теорија зема замав во април 2020 година кога беше објавена една  француска студија. Студијата тврдеше дека пушачите се позаштитени од Ковид-19. Сепак, оваа теорија беше побиена од страна на СЗО, еден збир на студии на експерти за јавно здравје собрани од СЗО покажа дека пушачите се позагрозени од инфекција со фаталната болест. Резултатите од студијата покажаа дека пушењето ја нарушува функцијата на белите дробови што го отежнува телото да се бори против коронавирусот и другите болести.

Во врска со тврдењата споделени во јавноста, СЗО ја обвини тутунската индустрија за ширење лажна пропаганда за зголемување на нивниот профит.

Тутунските лобисти се обидоа да манипулираат со креирањето политики со цел да ги рангираат продавниците за тутун како „суштински“, како и да понудат бесплатна дистрибуција на тутунски производи на лицата кои се ставени во карантин. Пушачите може да се соочат со потешки симптоми доколку се заразат, што ќе доведе до хоспитализација и прерана смрт, пишува во официјалното соопштение на СЗО.

 

Според  СЗО, пушачите се поранливи кон Ковид-19, бидејќи чинот на пушење вклучува контакт на прстите (и евентуално на контаминирани цигари) со усните, што ја зголемува можноста за пренесување на вирусот од раката во устата. Пушењето наргиле, вклучува често допирање на устата, што може да го олесни пренесувањето на вирусот на Ковид-19.

Сите знаеме дека пушењето е штетно по здравјето. Имајќи ги предвид здравствените ризици од пушењетоСЗО препорачува  откажување на употребата на тутунот.

Откажувањето од пушењето ќе им помогне на вашите бели дробови и срце да работат подобро уште од првиот ден, се вели во препораките на СЗО.

Доктор Фазлиу за Порталб.мк објаснува дека пушењето е еден од факторите што одредува како едно лице ќе може да го користи кислородот во неговиот организам. Во услови кога капацитетот за користење на кислородот е намален, лицето е поподложно на ризик од генерирање посериозна клиничка слика на болеста.

Условите кои ја зголемуваат потребата за кислород или ја намалуваат способноста на телото да го користи правилно, ќе ги изложат пациентите на поголем ризик од сериозни заболувања на белите дробови, како што е пневмонија. Најразвиените европски земји ја разгледуваат можноста за воведување рестриктивни мерки за продажба и откуп на тутун, дури и за воведување забрана за консумирање тутун на затворени јавни места, рече доктор Адурим Фазлиу.

 

Од почеток на пандемијата до 19 декември во светот се регистрирани повеќе од 270 милиони случаи со Ковид-19, од кои повќе од 5 милиони завршиле фатално. Што се однесува до Република Северна Македонија од почеток на пандемијата регистрирани се 221.285 случаи со Ковид-19, од кои 7.815 лица ја изгубиле битката со оваа болест. Во моментов во Северна Македонија има 5.522 активни случаи со Ковид-19.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција