Не е точно дека сатанисти предизвикале хаос во Украина и го донеле Зеленски за претседател
Целта на ваквиот наратив е да се претстави Украина како држава која не може самата да одлучува за себе. Како да се работи за држава без територијален интегритет и суверенитет, како да не е самостојна, па мора да биде во нечии раце и контролирана.
Целта на ваквиот наратив е да се претстави Украина како држава која не може самата да одлучува за себе. Како да се работи за држава без територијален интегритет и суверенитет, како да не е самостојна, па мора да биде во нечии раце и контролирана. Но, вистината е дека Украина се брани, веднаш по првиот напад на 24 февруари 2022 година одговори на руската воена агресија и продолжува тоа да го прави подолго од три години
Анализираме објава на социјалната мрежа Тредс која вели:
САКААТ ДА ГО ПОВТОРАТ УКРАИНСКОТО СЦЕНАРИО КОГА НА ВЛАСТ БЕШЕ ЛЕГАЛНО ИЗБРАНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЈАНУКОВИЧ КОГА САТАНИСТИТЕ УБИЈА ЕДЕН ОД ПРОТЕСТАНТИТЕ ЗА ДА НАСТАНЕ ХАОС ВО ТОГАШНА УКРАИНА И КОГА ГО НАМЕСТИЈА ЗЕЛЕНСКИОТ. МИСЛАТ ДЕКА ТОА И СЕГА ЌЕ ИМ УСПЕЕ.
Објавата изнесува манипулативни тврдења кои произлегуваат од кујната на Кремљ, со цел да се обвини Западот (сатанистите) за војната во Украина.
Не е првпат проруски канали и поддржувачи на социјалните мрежи да ја шират оваа манипулација, дека Владимир Зеленски бил поставен насила од страна на западните држави кои претходно го организирале Евромајдан.
Протестите од 2013 година познати како Евромајдан во Украина беа спонтани протести кои ги започна украинскиот народ откако тогашната украинска влада ги суспендираше подготовките за потпишувањето на Договорот за асоцијација и Договорот за слободна трговија со Европската Унија.
На протестите Евромајдан потоа се приклучија студентите, а демонстрациите се засилија поради насилството што беше применето за нивно задушување.
За време на тие протести навистина имаше насилство и загинати – и демонстранти, и припадници на безбедносните сили. До денес нема целосно расчистена слика кој точно бил одговорен за некои од пукањата; постојат повеќе теории, но ниту една не е недвосмислено докажана.
Бројни невладини организации, светски медиуми и организации ги претставуваат настаните на Евромајдан како најголемиот проевропски бунт во историјата на Украина. EU vs Disinfo пишува дека протестите Евромајдан не се оркестрирани, ниту, пак, организирани од Западот, но дека ова е проруска дезинформација.
Во објавата што ја рецензираме се прави обид тој протест и тие демонстрации да се претстават како организирани од некакви сатанисти, пред сè алудирајќи на западните држави.
Владимир Зеленски стана претседател на Украина дури во 2019 година – пет години подоцна, преку демократски избори на кои освои над 70% од гласовите. Значи, тој не беше „наместен“ во времето на Евромајдан, како што тоа сака да го прикаже објавата која ја анализираме.
Целта на ваквиот наратив е да се претстави Украина како држава која не може самата да одлучува за себе. Како да се работи за држава без територијален интегритет и суверенитет, како да не е самостојна, па мора да биде во нечии раце и контролирана. Но, вистината е дека Украина се брани, веднаш по првиот напад на 24 февруари 2022 година одговори на руската воена агресија и продолжува тоа да го прави подолго од три години.
Поради сето погоре, оценуваме дека објавата што ја анализираме е невистина.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар