Не е точно дека се размислува за воведување двонеделен 24-часовен карантин

Иако вестите дека земјата се подготвува воведување двонеделен 24-часовен (24/14) карантин, последниве денови беа неколкупати дебанкирани, тие повторно се пласираат на порталите

Иако вестите дека земјата се подготвува воведување двонеделен 24-часовен (24/14) карантин, последниве денови беа неколкупати дебанкирани, тие повторно се пласираат на порталите

 

На социјалнтие мрежи се појави текст во чиј наслов се пласира прашањето дали се размислува за воведување „14 дневен 24 часа карантин??“, а потоа истиот напис е споделен на Фејсбук.

Веднаш под тој наслов текстот се повикува на неофицијални извори:

Од неофицијални извори се дознава дека Министертвото за здравство и Владата веќе размислуваат да воведат 24 часовен карантин во РСМ во траење од 14 дена Едната опција било да се воведе на целата територија на државата, додека другата опција била, карантин да се воведува по региони каде има најповеќе инфицирани лица и каде трансмисијата на вирусот е најголема.

Оваа објава на Фејсбук е прилично вирална, во моментот кога е рецензиран текстот има има 615 интеракции – допаѓања, 188 коментари и 18 спподелувања.

„Вистиномер“ веќе го оцени како невистина постот на јавен функционер кој пласираше дезинформација дека ќе се воведува „карантин од 19 до 5, 2 недели“.

Измените на Законот за заштита на населението од заразни болести беа донесени на 28 октомври годинава, објавени и на профилот на Фејсбук на министерот за здравство, д-р Венко Филипче. Тие измени стапија на сила и иако се работи за построги мерки, со кои од 3 ноември се скратува работното време на угостителските објекти до 21 часот и се забранува групирање на повеќе од четири лица на јавен простор после 21 часот, никаде не се споменува воведување  24 часовен карантин во траење од 14 дена.

Текстот понатаму, по принципот „што ќе биде ако биде“, се обидува и да направи „економска анализа“:

Владата на РСМ добро знае дека доколку воведе карантин, ќе се соочи со голем пад на економијата и владата ќе мора да изнајде начин да ги обештети економските оператори од една страна, но се соочува и со реален проблем на достава на неопходни прехрамбени прозиводи на населението, во услови кога сите граѓани немаат можност за он-лајн нарачка на прехрамбени и други потребни намирници на населението, а ниту трговците се спремни на ваков голем диливери исчекор.

„Вистиномер’ веќе дебанкираше слична вест дека скратеното време на угостителските објекти нема цел да го ограничи слободното движење, туку групирањето како главен извор на трансмисија на коронавирусот.

Инаку, Владата на РСМ од почетокот на пандемијата презема конкретни чекори во ублажување на економската криза, односно пакети економски мерки. Последниот, четврт пакет економски мерки предвидува обезбедување одржливост на домашните економски дејности и на работните места, закрепнување на одредени дејности, стабилност на социјалните трансфери и поттик на јавната потрошувачка.

На крајот на текстот се наведува дека е преземен од друг портал, но без да се посочи линк до него.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција