Не е точно дека се убиваат деца за адренохром за подмладување на елитите ширум светот

Фото: Принтскрин видео

Наспроти овие недокажани измислици, кои се споделени во постот, вистината е дека  адренохромот е хемиско соединение со молекуларна формула C9H9NO3, кое се добива со оксидација на адреналин (епинефрин). Се користи како лек во форма на негов дериват за лекување на загубата на крв како хемостатик. Тврдењата дека има својства против стареење немаат никаква основа во реалноста и фактите. Ниту една научна студија, клиничко испитување или официјална здравствена агенција не го поврзува адренохромот со подмладувањето. Единствениот извор за тврдењата на теоретичарите на заговор кои ја поддржуваат идејата на Кју Анон, може да се само филмовите и книгите и тоа базирани на фантазијата на авторот

Наспроти овие недокажани измислици, кои се споделени во постот, вистината е дека  адренохромот е хемиско соединение со молекуларна формула C9H9NO3, кое се добива со оксидација на адреналин (епинефрин). Се користи како лек во форма на негов дериват за лекување на загубата на крв како хемостатик. Тврдењата дека има својства против стареење немаат никаква основа во реалноста и фактите. Ниту една научна студија, клиничко испитување или официјална здравствена агенција не го поврзува адренохромот со подмладувањето. Единствениот извор за тврдењата на теоретичарите на заговор кои ја поддржуваат идејата на Кју Анон, може да се само филмовите и книгите и тоа базирани на фантазијата на авторот

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели дека за да се добие адренохром, се убиваат деца.

Во постот се вели дека турска национална телевизија потврдила дека турските елити користеле адренохром и се поставува прашањето што останува за другите во светот.

Во склоп на широкиот спектар на лајтмотиви со кои се занимава теоријата на заговор Кју Анон, е и оваа, за адренохромот. Иако никогаш со докази не е потврдено дека постои некаква пракса да се екстрахира адренохром од деца, сепак наративот не престанува да циркулира на социјалните мрежи. Според Кју Анон теоријата на заговор, адренохромот е супстанца која претставува еликсир на младоста и мора да се извлече од жив организам, а потоа жртвата да умре. Така, без докази, а со години, слично како и во видеото од постот што го рецензираме, се тврди дека богати луѓе и елитисти ширум светот, дел од нив и политичари, актери од Холивуд итн, користат адренохром од телото на деца кои претходно биле киднапирани и мачени, за потоа да го конзумираат и да останат млади.

Потоа ова се надополнува и со продолжението од Кју Анон приказната, дека елитите ширум светот, од кои најчесто се споменуваат либерални политичари, се апсени за злосторства против човештвото меѓу кои и наводниот адренохром екстрахиран од кутри деца жртви на киднапирање и измачување.

Наспроти овие недокажани измислици, кои се споделени во постот, вистината е дека  адренохромот е хемиско соединение со молекуларна формула C9H9NO3, кое се добива со оксидација на адреналин (епинефрин). Се користи како лек во форма на негов дериват за лекување на загубата на крв како хемостатик. Тврдењата дека има својства против стареење немаат никаква основа во реалноста и фактите. 

Како што потенцираат проверувачи на факти од Грција, адренохромот е достапен за истражувачите во синтетичка форма. Според нив, идејата дека супстанцата мора да се извлече од жив организам за да има својства против стареење, освен што нема научна основа, се базира на филмот  „Страв и омраза во Лас Вегас”, во кој еден од протагонистите продава адренохром и вели дека за да има ефект адренохромот мора да се извади од жив човек.

Единствениот извор за тврдењата на теоретичарите на заговор кои ја поддржуваат идејата на Кју Анон, може да се само филмовите и книгите и тоа базирани на фантазијата на авторот. Ниту една научна студија, клиничко испитување или официјална здравствена агенција не го поврзува адренохромот со подмладувањето. Според теоријата, владин агент таканаречен Кју, е извор на нови и нови информации за длабоката држава и нејзините тајни, како наводното постоење на мрежа која пие крв од деца.

Кју теоретичарите на заговор, одат дотаму што велат дека либералната елита и холивудските ѕвезди конзумираат адренохром за да останат млади, повторно пласирајќи дезинформација без основа. Во видеото што го рецензираме, се споменуваат повеќе холивудски актери, кои според личното согледување на водителот на емисијата, изгледаат помладо од годините што ги имаат, па базирано исклучиво на неговата лична претпоставка, авторот на емисијата тврди дека тајната на нивното подмладување е адренохромот. Односно, тоа што се претставува како истражен факт во постот што го рецензираме, не е ништо повеќе од непоткрепена претпоставка на водителот без докази.

Адренохромот е состојка којашто се добива со оксидација на адреналин и не е точно дека деца се киднапирани за да се добие оваа состојка од нивната крв. Адренохром нашироко се употребува за да се намали загубата на крв кај отворени рани и повеќето продавачи потенцираат дека е синтетички.

Може да се нарача на интернет од повеќе добавувачи, но само за истражувачки цели, на пример овде.

Американската агенција за патенти, одобри патент на Дерик Ф Бут од Минесота Мајнинг компанијата, за процесот на синтетизирање адренохром. Тоа е друг пример за фирма што се занимава со оваа работа, иако во теориите на заговор кои циркулираат за адренохромот на интернет се тврди лажно дека состојката е толку ретка и таинствена и единствениот начин да се добие е од деца кои починале. Проверката на информациите покажува дека ова воопшто не е така.

Санта Круз Биотехнолоџи, фирма во Калифорнија, продава синтетички адренохром за 55 долари за 25 милиграми.

Сите продажби се за лаборатории кои имаат сертификати да ја купуваат оваа хемиска состојка. Како што пишуваат странски проверувачи на факти, да се извлече адренохром од живо човечко битие, би претставувало многу комплицирана процедура, со многу чекори за прочистување и операции.

Наспроти таквиот начин на добивање, адренохромот е едноставна молекула која може да се синтетизира во лабораторија.

Да се зема од живи луѓе не е логично, бидејќи жлездата на детето би можела да даде само половина милиграм, дури и кога би постоел процес за прочистување, вели доктор Мителман од УКЛА за „Лид сторис“.

Во своите обиди да ја изманипулираат јавноста, поддржувачите на Кју Анон додаваат и одземаат од веќе објавени медиумски содржини, односно прикриваат информации, ги фабрикуваат за да соодветствуваат на она што тие замислиле дека треба да ѝ биде презентирано на јавноста. На пример, за кралицата Елизабета лажно се тврдеше дека пиела адренохром, базирано на вообичаен текст за тоа што бил нејзиниот омилен пијалак, а кој дефинитивно не е адренохром.

Поради сите горенаведени податоци, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Според најголемата медицинска библиотека во светот, Националната библиотека за медицина во САД, адренохромот е хемиско соединение добиено со оксидација на адреналин којшто е хормон на стрес, а неговата главна примена во медицината е да го запре крварењето со предизвикување згрутчување на крвта во отворените рани. Во лабораториите се синтетизира со помош на сребрен оксид кој се користи како оксидирачки агенс. Нема докази дека оваа супстанца се користи за подмладување, ниту пак дека се добива со злоставување на деца со цел да се задоволат апетитите на елитите. Сите овие фактички невтемелени тврдења, се дел од една поширока теорија на заговор наречена Кју Анон. Во постот што го рецензираме се тврди дека турска национална телевизија потврдила дека турски елити користеле адренохром, иако никакви турски елити не се споменуваат во видеото.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција