Не е точно дека секој втор е отруен со сарин

Фото: Txemi LópezPixabay

Саринот кој се споменува во објавата е исклучително токсично, органофосфорно соединение без мирис. Се користи како хемиско оружје поради неговата екстремна моќ како нервен агенс. Доколку авионите навистина прскаат со сарин, огромен дел од населението ќе беше затруено и ќе имаше голем број смртни случаи. Вистинската причина поради која на небото се појавуваат бели траги од авиони е многу побенигна, настануваат од кондензација. Невистинито е и тврдењето дека НАТО е поврзан со оваа наводна операција за прскање отрови од небото. НАТО има децениска програма за превенција и заштита од боеви отрови во случај кога тие би паднале во рацете на терористички организации

Саринот кој се споменува во објавата е исклучително токсично, органофосфорно соединение без мирис. Се користи како хемиско оружје поради неговата екстремна моќ како нервен агенс. Доколку авионите навистина прскаат со сарин, огромен дел од населението ќе беше затруено и ќе имаше голем број смртни случаи. Вистинската причина поради која на небото се појавуваат бели траги од авиони е многу побенигна, настануваат од кондензација. Невистинито е и тврдењето дека НАТО е поврзан со оваа наводна операција за прскање отрови од небото. НАТО има децениска програма за превенција и заштита од боеви отрови во случај кога тие би паднале во рацете на терористички организации

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Владата ќе го сопре ли ова зло, не отруја. Ете точно во бондстил од таму доаѓаат и таму се враќаат. НАТО терористи нашите партнери. Мицковски се шета за профит. Ве замајува со глупости, ај ќе осетите за 2-3 години слепци за профит. И докторите знаат дека секој втор е отруен од сарин.

На фотографијата е претставено небото со вообичаени траги од авиони. Саринот кој се споменува во објавата е исклучително токсично, органофосфорно соединение без мирис. Се користи како хемиско оружје поради неговата екстремна моќ како нервен агенс. Изложеноста може да биде смртоносна дури и при многу ниски концентрации каде што смртта може да се случи во рок од 1 до 10 минути по директното вдишување на смртоносната доза, поради задушување од респираторна парализа, освен ако брзо не се администрираат противотрови. Луѓето кои апсорбираат несмртоносна доза и не добиваат итен медицински третман, може да претрпат трајно невролошко оштетување.

Меѓутоа, импликацијата дека од авиони граѓаните се прскани со сарин, презентирана во објавата што ја рецензираме, е одамна дебанкирана теорија на заговор. За така голема сложена комплицирана операција, потребни би биле голем број на луѓе при што не би можело таква операција да се задржи како тајна.

Доколку авионите навистина прскаат со сарин, огромен дел од населението ќе беше затруено, со голем број на симптоми и ќе имаше голем број на смртни случаи со оглед на тоа дека овој нервен гас е многу смртоносен. Таков исход не се случува.

Вистинската причина поради која на небото се појавуваат траги од авиони е многу побенигна и се работи за патека која настанува од кондензација.

Линијата позади авионите е производ на издувните гасови на моторот на авионот и настануваат поради промена на притисокот на воздухот, обично на авиони кои летаат на височина неколку километри над површината на Земјата. Патеките се составени од вода, во форма на кристали од мраз. Во зависност од температурата и влажноста на воздухот, тие можат да бидат видливи само неколку секунди или минути, или може да опстојуваат со часови и да се шират на неколку километри.

На социјалните мрежи со години се споделуваат гледиштата, како и во објавата што ја рецензираме, на оние кои веруваат во оваа теорија на заговор и сметаат дека штом патеката е подолго време видлива мора да содржи некакви опасни дополнителни супстанции. Според ваквите верувања нормалната трага од авионот треба брзо да се распрсне, така што облаците кои не исчезнуваат веднаш мора да бидат полни со дополнителни, неоткриени супстанции, во случајов боеви отрови како сарин.

Ваквите тврдења се категорично отфрлени од научната заедница. Нема никакви докази дека наводните хемиски патеки се нешто различно од нормалните, вообичаени траги од кондензација кои ги оставаат авионите кои летаат на голема височина под одредени атмосферски услови и се особено видливи на ведро и сончево небо како што беше во изминатите неколку денови.

Група од 77 научници објавија извештај и целосно го деконструираа тврдењето дека граѓаните се прскани од небото, откако ги прегледаа наводните докази за тоа дека некои авиони нè прскаат со хемиски супстанци.  Од тие 77 научници, 76 изјавија дека не нашле докази за „тајна атмосферска програма од големи размери“. Со други зборови, доказите укажуваат на тоа дека патеките се очекуваниот резултат на авионите што летаат во воздухот.

Во врска со тврдењето во објавата дека НАТО е поврзан со оваа наводна операција за прскање отрови од небото, и тоа е невистинито. Како еден доказ е тоа што НАТО има децениска програма за превенција и заштита од боеви отрови во случај кога тие би паднале во рацете на терористички организации. Слични тврдења Вистиномер дебанкираше и во минатото.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција