Не е точно дека Шведска сериозно размислува за излез од ЕУ и НАТО

Фото: Tarjei Mo, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Иако во Шведска постојат политички партии и поединци кои изразуваат евроскептични ставови или ја критикуваат ЕУ и НАТО, тоа не претставува официјална државна политика, ниту пак укажува дека земјата „сериозно размислува“ за напуштање на овие организации.

Иако во Шведска постојат политички партии и поединци кои изразуваат евроскептични ставови или ја критикуваат ЕУ и НАТО, тоа не претставува официјална државна политика, ниту пак укажува дека земјата „сериозно размислува“ за напуштање на овие организации

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

Швеѓаните сериозно размислуваат да излезат од ЕУ и Нато….

Тврдењето не е поткрепено со факти и создава погрешен впечаток дека во Шведска постои официјална иницијатива или широка политичка согласност за напуштање на двете организации.

Шведска стана полноправна членка на НАТО на 7 март 2024 година, по завршувањето на процесот на ратификација од сите земји-членки. Ова претставуваше историска промена во безбедносната политика на земјата.

Оттогаш нема официјална одлука на шведската влада, иницијатива во парламентот или најавен референдум за напуштање на НАТО.

Не постојат ниту докази дека Шведска се подготвува да ја напушти Европската Унија. Земјата е членка на ЕУ од 1995 година, а најновите истражувања на јавното мислење на шведската државна статистичка агенција (Statistics Sweden – SCB) покажуваат дека мнозинството граѓани и понатаму имаат позитивен став кон членството во Унијата.

Според најновите анкети, околу две третини од Швеѓаните и понатаму имаат позитивен став кон ЕУ, а поддршката за НАТО е стабилна, без знаци на масовен пресврт кон излез.

Иако во Шведска постојат политички партии и поединци кои изразуваат евроскептични ставови или ја критикуваат ЕУ и НАТО, тоа не претставува официјална државна политика, ниту, пак, укажува дека земјата „сериозно размислува“ за напуштање на овие организации.

Во демократските држави е вообичаено да постојат различни политички ставови, но нивното претставување како став на целата држава или на мнозинството граѓани претставува манипулација.

Инаку, објавата споделува и принтскринови од постови од фејсбук-група на шведски јазик која се вика: Шведска НАДВОР од НАТО – Напуштете го договорот за DCA! Групата е создадена на 28 август 2014 година, но на 12 март 2024 година се преименувала со сегашното име. Групата која брои повеќе од 15 илјади членови, се залага за тоа Шведска да го напушти НАТО и промовира проруски ставови и пропаганда преку која НАТО се посочува како закана за нова војна, се промовира наративот дека НАТО е агресорот, а не Русија, како и дека Америка преку НАТО ја користи Унгарија за да војува со Русија. Путин се претставува како мирољубив која сака по дипломатски пат да постигне мир во Украина, а Украина, пак, се претставува како нацистичка и насилна држава.  

Поради сето погоре наведено, тврдењето дека „Швеѓаните сериозно размислуваат да излезат од ЕУ и НАТО“ го оценуваме како невистинито.

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција