Не е точно дека ,,си овца” ако носиш маска
СЗО објави упатства за носење маски базирани на научни медицински сознанија дека вирусот се шири преку капките од носот и устата, за кои маската претставува бариера
Министерството за внатрешни работи во рамките на своите надлежности секојдневно изрекува прекршочни казни во висина од 20 евра за непочитување на оваа мерка.
Најреномираната медицинска публикација, списанието Лансет, објавуви студија во која се тврди дека носењето на маска заедно со физичката дистанца се ефектни во спречувањето на ширењето на коронавирусот.
Здравствените власти на чело со министерот за здравство, Венко Филипче, водат засилена кампања за подигнување на јавната свест во која што главниот збор го имаат токму здравствените работници кои носењето на заштитна маска го промовираат меѓу граѓаните како начин на кој што тие му помагаат на здравствениот систем, на самите себеси и на своите најблиски. Под хаштагот Носи Маска, Заштити се, Помогни ни, десетици здравствени работници, директори на здравствени установи, образложуваат дека оваа мерка е клучна иако можеби за некого непријатна.
Министерот за здравство Венко Филипче во видео материјал во кој е прикажана примената на заштитните мерки од 19 август годинава, на својата официјална Фејсбук страница порачува:
Медицинските лица секојдневно, без исклучок, работат со заштитни маски и опрема. Но и во многу други професии, вработените работниот ден го поминуваат под маска. Не можеме и не смееме да бараме оправдувања за да не носиме маски и да не ги почитуваме мерките.
Кон овој негов повик се приклучуваат десетици други медицински работници.
Носам маска за да се заштитам себе, семејството, колегите, пациентите и сите со кои сум во директен или индиректен контакт. Сметам дека сите треба да ги почитуваме мерките за заштита. Задолжително да носиме маски, да одржуваме дистанца и да ја подигнеме личната хигиена на највисоко ниво, но и да избегнуваме затворен простор и многубројни собири.
Како здравствен работник свесен сум дека сум во ризична категорија. Почитувајќи ги мерките не дозволувам да го доведам во ризик моето семејство. Носам заштитна маска за да се заштитам и да не дозволам потенцијално да ја пренесам болеста. Носете маска, одржувајте дистанца од 2 метри и одржувајте лична хигиена.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар