Не е точно дека синдромот на ненадејна смрт на доенчињата е предизвикан од вакцини
Во објавата се споделува анонимно интервју со наводно анонимна полицајка во кое се кажува дека „50 проценти од 250 случаи што полицајката ги имала во својата кариера“ биле со СИДС кој се случил 48 часа по вакцинацијата. Ваквото тврдење не е фактички издржано, бидејќи прво, не може да се верификуваат податоците дали се вистинити, а второ – не е направено официјално истражување според верифицирана методологија, за да се утврди од што се тие смртни случаи. Не е точно изнесеното во објавата дека вакцините администрирани кај децата, биле причина за настапување на синдромот на ненадејна смрт кај новороденче, ниту пак, дека најдобар начин да ги заштитите децата е да не ги вакцинирате. Има други препораки за да се спречи или намали стапката на СИДС
Во објавата се споделува анонимно интервју со наводно анонимна полицајка во кое се кажува дека „50 проценти од 250 случаи што полицајката ги имала во својата кариера“ биле со СИДС, кој се случил 48 часа по вакцинацијата. Ваквото тврдење не е фактички издржано, бидејќи прво, не може да се верификуваат податоците дали се вистинити, а второ – не е направено официјално истражување според верифицирана методологија за да се утврди од што се тие смртни случаи. Не е точно изнесеното во објавата дека вакцините, администрирани кај децата, биле причина за настапување на синдромот на ненадејна смрт кај новороденче, ниту пак, дека најдобар начин да ги заштитите децата е да не ги вакцинирате. Има други препораки за да се спречи или намали стапката на СИДС
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Првично објавено на билтенот на Стив Кирш.Извршно резиме.СИНДРОМОТ НА НЕНАДЕЈНА ДОЕНАЧКА СМРТ (SIDS) се јавува кај бебиња, на возраст од 1 месец до 1 година, но најчесто помеѓу 2 и 4 месеци.Најдобар начин да се спречи SIDS е ДА ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГИ ВАКЦИНИРАТЕ ДЕЦАТА. Во секоја студија објавена во медицинската литература рецензирана од колеги, споредувајќи ги целосно вакцинираните со целосно невакцинираните деца во САД, целосно невакцинираните деца беа драматично поздрави со многу помалку хронични болести, вклучително и аутизмот.Статистиката за SIDS на Џенифер е потврдена во рецензирана медицинска литература!Дури и нејзиниот педијатар го призна ова, но не им е дозволено да зборуваат за тоа. Таа рече дека Американската академија за педијатрија ги обучува педијатрите како да ги смират родителите кои сакаат да ја обвинат вакцината.Ова е прв пат оваа статистика да се открие јавно.Сите информации се независно проверливи во полициската евиденција за секој здравствен орган кој има некакви сомнежи.Исто така, соработувам со полицискиот оддел за да ги објавам овие статистички податоци директно од самото полициско одделение (не можам да го принудам производството на овие записи бидејќи законите за PDI во државата ги изземаат овие записи).Моето 16-минутно интервјуКлучните точки.Од 3 до 4 случаи месечно, значи вкупно над 250 случаи за време на нејзиниот мандат 50% од случаите на SIDS се случиле во рок од 48 часа од администрацијата на вакцината. Под претпоставка дека децата се вакцинираат секој месец (што е најконзервативната претпоставка), шансата тоа да се случи случајно е 1,23e-64. Ова значи дека случаите биле предизвикани од вакцината бидејќи не постои друга одржлива хипотеза што може да ги објасни доказите. 70% од случаите на СИДС се случиле во рок од 1 недела од вакцинацијата. Нејзиниот педијатар го призна ова и не се расправаше со податоците.Џенифер одби јавно да го открие своето име или полицискиот оддел за кој работела, но ми го откри ова за да можам да проверам сè користејќи независни извори.Полицискиот оддел одби да одговори на моето барање за броење досиеја бидејќи тоа е надвор од опсегот на државните закони за PDI, бидејќи не може да се постигне со едноставно барање и ќе биде потребно „истражување“. Се согласувам со нивното толкување, но сепак побарав да се усогласат како прашање од јавна корист. Ќе ја ажурирам оваа статија кога ќе слушнам одговор од нив.Полициската политика е „да не се остава камен на камен“. Но, дури и откако ја направија врската со вакцината, судскиот вештак СЕКОГАШ игнорираше дури и да ја спомене вакцината во извештајот од обдукцијата.Џенифер ми напиша:Стандардна полициска политика беше, да се прашуваа за СЕКОЈ фармацевтски производ. Така, иако на ниту еден детектив не му е дадено сценарио сам по себе, тие се обучени за СЕКОЈА истрага за смрт, од било која возраст, да прашуваат за фармацевтски производи, па претпоставувам дека би рекле непишана политика само затоа што официјалната обука е „не ставајте камен на камен“ и прашајте за секоја работа што таа личност ја правела во миговите, часови и недели пред нивната смрт (иако тоа не била очигледна причина за смртта)…Иронијата е во тоа, дека иако му ги дадовме сите информации, вакцините никогаш не биле „причина за смрт“ или дури споменати во конечните извештаи за смртта.
Бројни истражувања и студии како и оценки за безбедноста, покажаа дека вакцините не предизвикуваат и не се поврзани со СИДС, пишува на сајтот на Центарот за контрола и превенција на болести.
Тајмингот „од 2 до 4 месеци“ и тоа што во овој временски период се администрираат вакцини, доведе до тоа некои луѓе да се прашуваат дали вакцинацијата и СИДС се поврзани. Но, студиите докажаа дека вакцините не предизвикуваат и не се поврзани со СИДС. Во повеќе истражувања разгледана е хипотезата за потенцијална поврзаност меѓу вакцините и СИДС. Доказите акумулирани низ многу години не покажуваат никаква врска меѓу детската имунизација и СИДС, наведува Центарот за контрола и превенција на болести на својата страница.
Фактичката состојба налага дека кога здравите бебиња ќе се постават да спијат на грб, со тоа се намалува ризикот од СИДС. Во 1992 година Американската академија за педијатрија препорача здравите бебиња да спијат на грб. Оваа препорака, заедно со онаа на Националниот институт за детско здравје и развој (позната како кампања Safe to Sleep® ), ги охрабруваат негувателите да ги поставуваат бебињата да спијат на грб и тоа предизвика драматично намалување на стапката на СИДС во САД. Најновите препораки од Американската академија за педијатрија може да се прочитаат овде.
Исто така, истражувањата, како што наведува Центарот за контрола и превенција на болести на САД, покажале дека стапката на СИДС драматично опаднала после кампањата во 1994 година и потоа се стабилизирала во 2000 година во време кога детската имунизација се зголемувала.
Наодите нудат силни докази дека имунизацијата не е поврзана со СИДС, пишува Центарот за контрола и превенција на болести.
Во колекцијата истражувања за детската вакцинација од Центарот за контрола на болести, има и документ во кој се наоѓа преглед на пријави за несакани ефекти од период од 26 години и во него нема нова или неочекувана безбедносна пречка, или пак, каузална причина меѓу СИДС и вакцините, пишуваат проверувачите на факти на „Ју Ес Еј Тудеј“. Исто така, посочуваат дека ризик фактори за СИДС се поставување на бебето да спие на стомак, широка постелнина, како и пушење цигари околу бебето.
Друга студија, пак, ги разгледа стапките на смрт што настапила од СИДС после ДТП вакцина во популација од над 120 илјади деца во период од 11 години и не најде зголемен ризик од СИДС. Мета анализа која детално го разгледува ризикот од СИДС и неколку студии за рутинска детска имунизација го покажаа спротивното од тоа што се тврди во објавата што ја рецензираме. Вакцинираните бебиња имаат помал ризик од СИДС.
Во објавата што ја рецензираме се споделува анонимно интервју со наводно анонимна полицајка (не се кажува од каде е, ниту пак, податоците кои се споделуваат во нејзино име може да се верификуваат). Во наводното интервју се кажува дека „50 проценти од 250 случаи што полицајката ги имала во својата кариера“ биле со СИДС кој се случил 48 часа по вакцинацијата. Ваквото тврдење не е фактички издржано, бидејќи прво, не може да се верификуваат податоците дали се вистинити, а второ – не е направено официјално истражување според верифицирана методологија, за да се утврди од што се тие смртни случаи. Не може да се потврди ни дека децата што наводно починале – биле вакцинирани. Исто така, самата статија е целата обвиена во недозволива мистерија во врска со изворот, односно воопшто не е можно да се верификува изјавата. Во постот пишува дека полицискиот оддел кој наводно бил контактиран не можел да ги потврди бројките дека децата умирале од СИДС непосредно по вакцинацијата, но се заборава и тоа дека – полициските оддели немаат методологија за медицински истражувања за кои е потребен репрезентативен примерок. Дури и детективите навистина да прашувале за „секој фармацевтски производ“ пред смртта на бебето, сепак, тоа не покажува корелација меѓу вакцинацијата и смртта.
Бројни студии се направени за споредба на процентот на деца со аутизам помеѓу тие кои се вакцинирани и невакцинираните, а резултатите покажуваат дека нема разлики во процентот. Во Јапонија, МРП вакцината започнала помалку да се администрира помеѓу 1988 и 1992 година, а од 1993 година целосно била укината. И покрај тоа, истражувањата покажуваат дека бројот на деца кои развиле аутизам значително се зголемил помеѓу децата родени од 1988 до 1996 година, а најзабележително е дека бројките се зголемиле со генерацијата родени во 1993 година.
Друго истражување, спроведено во САД, открива дека децата со аутизам и нивните браќа и сестри примиле помалку вакцини во споредба со остатокот од земјата или воопшто не биле вакцинирани. Сите вакцини од распоредот за имунизација на ЦДЦ се подложени на ригорозен процес на тестирање и одобрување пред да бидат додадени. Испитувањето од 2013 година на препорачаните вакцини од детството (архивирано овде) не открило докази за големи безбедносни грижи, пишува АФП.
Но, постојат деца со аутизам кои не се вакцинирани. Вистиномер и претходно има дебанкирано невистини за детските вакцини.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар