Не е точно дека сите кои се вакцинирани треба да земаат глутатион

Фото: U.S. Department of Defense, Lisa Ferdinando

Нема таква препорака од медицинските тела ширум светот, медицинските агенции, ниту пак, некоја здравствена организација дека „баш сите“ кои се вакцинирани треба да земаат глутатион, а доколку некој зема, тоа го прави по препорака на лекар и неврзано со вакциналниот статус

Глутатионот е важен за здравјето на клетките, имуниот систем, црниот дроб и општата детоксикација на телото. Но, нема таква препорака од медицинските тела ширум светот, медицинските агенции, ниту пак, некоја здравствена организација дека „баш сите“ кои се вакцинирани треба да земаат глутатион, а доколку некој зема, тоа го прави по препорака на лекар и неврзано со вакциналниот статус

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Сите кои се вакцинирани, ама баш сите, треба да земате Глутатион бар 1 дневно!

Глутатионот е моќен природен антиоксиданс кој се наоѓа во секоја клетка во телото. Се создава од три аминокиселини: глутамин, цистеин и глицин. Но, не е точно дека „луѓето кои се вакцинирани треба да земаат глутатион“ во смисла дека не е тоа така „баш за сите“, како што се наведува во објавата. Нема таква препорака од медицинските тела ширум светот, медицинските агенции, ниту пак, некоја здравствена организација промовира употреба на антиоксиданс после вакцинација „за сите“. Дополнително, објавата не потекнува од лиценциран лекар. Вакцините делуваат независно од суплементите со глутатион и повеќето здрави луѓе природно создаваат доволно глутатион. Суплементи се потребни само во одредени медицински случаи, и тоа може да го одреди само лекар.

Вакцините функционираат така што го учат имунолошкиот систем како да препознае и спречи вирус. За тоа не е потребен глутатион или каков било додаток. Телото природно произведува доволно глутатион за да го одржува имунитетот и клеточната заштита. Тој помага да заздрават клетките оштетени од загадување, стрес и други штетни влијанија и е важен.

Некои луѓе земаат глутатион поради општ антиоксидативен ефект, состојби со стрес, воспаление или хронични болести, желба за подобрување на кожата, но тоа не е потребно по вакцинација, освен ако лекар посебно не го препорача.

Вакцината не ја „троши” резервата на глутатион во телото. Нема докази дека додатен глутатион ја подобрува ефикасноста или безбедноста на вакцината.

Глутатионот ги заштитува клетките од оштетување предизвикано од слободни радикали и оксидативен стрес, нуди поддршка на имуниот систем, помагајќи на телото да се бори против инфекции, помага при детоксикација на црниот дроб, помагајќи во отстранување на токсини и штетни супстанции, поддршка е на кожата и косата. Со други зборови, глутатионот е важен за здравјето на клетките, имуниот систем, црниот дроб и општата детоксикација на телото.

Но, нема препорака дека „баш сите“ кои се вакцинирани треба да земаат глутатион, а доколку некој зема, тоа го прави по препорака на лекар и неврзано со вакциналниот статус.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција