Не е точно дека сода бикарбоната го убива дијабетесот за 24 часа
Не постои научен доказ дека сода бикарбона може да излекува дијабетес воопшто. Дијабетесот е комплексна состојба која бара соодветен медицински менаџмент, вклучително контрола на храната, вежбање и препишани лекови. Не постои „државна програма за бесплатни лекови за дијабетичари“ во која што е вклучен суплементот од рекламата во објавата што ја рецензираме. Државната програма е за набавка на инсулин, за ленти за мерење на шеќерот и за лекови регистрирани во Агенцијата за лекови и медицински средства, меѓу кои суплементот не е вклучен.
Не постои научен доказ дека сода бикарбона може да излекува дијабетес воопшто. Дијабетесот е комплексна состојба која бара соодветен медицински менаџмент, вклучително контрола на храната, вежбање и препишани лекови. Не постои „државна програма за бесплатни лекови за дијабетичари“ во која што е вклучен суплементот од рекламата во објавата што ја рецензираме. Државната програма е за набавка на инсулин, за ленти за мерење на шеќерот и за лекови регистрирани во Агенцијата за лекови и медицински средства, меѓу кои суплементот не е вклучен
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео и пишува:
Државната програма започна да обезбедува бесплатни лекови за дијабетичарите за лекување и превенција на компликации. Благодарение на доделените државни квоти, секој човек со дијабетес може да добие лекови кои ќе помогнат во контролирање на нивото на шеќер во крвта и ќе спречат развој на сериозни последици од болеста.
Едноставен десетсекунден метод со користење на сода бикарбона, се вели во видеото и се додава дека таа „уништува молекула причинител на дијабетесот“.
Третманот базиран на докази, вклучително и препишана терапија и мониторинг е есенцијален за контрола. Да се потпирате на недокажани работи како сода бикарбона, може да го одложи соодветниот третман и да води кон сериозни компликации, изјави тој.
Сода бикарбона не лекува дијабетес. Менаџирањето на дијабетесот вклучува медицинска супервизија, а не неверификувани работи. Нема научни докази дека сода бикарбона може да го регенерира панкреасот или да го нормализира нивото на шеќер, вели доктор Свати Дејв.
Не постои „државна програма за бесплатни лекови за дијабетичари“ во која што е вклучен суплементот од рекламата во објавата што ја рецензираме. Државната програма е за набавка на инсулин, за ленти за мерење на шеќерот и за лекови регистрирани во Агенцијата за лекови и медицински средства, меѓу кои суплементот не е вклучен.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар