Не е точно дека Сонцето и Месечината се во Земјата

Фото: The International Astronomical Union/Martin Kornmesser, CC BY 4.0, via Wikimedia Commons

Тврдењето дека Сонцето и Месечината се во нашата планета и дека тие ротираат во неа, не е поткрепено со никакви научни докази и факти, туку е дадено произволно. Научните факти говорат дека Сонцето не е во нашата планета, туку тоа е оддалечено 150 милиони километри од Земјата.

Тврдењето дека Сонцето и Месечината се во нашата планета и дека тие ротираат во неа, не е поткрепено со никакви научни докази и факти, туку е дадено произволно. Научните факти говорат дека Сонцето не е во нашата планета, туку тоа е оддалечено 150 милиони километри од Земјата

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:

Ако сонцето беше во свемирот ,аглите на зраците немаше да бидат овакви.

Сонцето е неколку илјади км над облаците . Кое ротира во нашата рамна планета …со огромна прецизност. Само се одржува со помош на кислород . Тоа е наредба од Бог . Знаете зошто е создадено …да ни биде светилка.Звездите се за ориентација ,ноќе. Звездата која паѓа …е демон кој ги шпионира моќните ангели чувари над сводот .Кои го гаѓаат и он паѓа .Нема шанси да го промашат .Деновиве имаме ,,Артемис 2 ,, посета на месечината .Мислам дека е можно да дојдат до неа …будејки и месечината ротира во нашата планета .Прашајте ги пилотите .

Тврдењето дека Сонцето и Месечината се во нашата планета и дека тие ротираат во неа, не е поткрепено со никакви научни докази и факти, туку е дадено произволно. Научните факти говорат дека Сонцето не е во нашата планета, туку тоа е оддалечено 150 милиони километри од Земјата.

Нашето Сонце е жолта џуџеста ѕвезда стара 4,5 милијарди години – жешка блескава топка од водород и хелиум – во центарот на нашиот Сончев систем. Таа е оддалечена околу 93 милиони милји (150 милиони километри) од Земјата и е единствената ѕвезда на нашиот Сончев систем. Без енергијата на Сонцето, животот каков што го знаеме не би можел да постои на нашата матична планета, пишува на официјалната веб страница на НАСА.

Сонцето е центарот на системот во кој се орбитира Планетата Земја и неговата гравитација го држи системот заедно. Сè што се наоѓа во нашиот Сончев систем се движи околу Сонцето – планетите, астероидите, кометите и ситните парчиња вселенски отпад, пишува НАСА.

Сонцето е масивна, речиси совршена сфера од топла плазма, загреана до вжареност со реакции на нуклеарна фузија во неговото јадро, зрачејќи ја енергијата од неговата површина главно како видлива светлина и инфрацрвено зрачење со 10 % при ултравиолетови енергии (форма на невидливо електромагнетно зрачење со бранови должини од 100–400 nm, пократко од видливата светлина, но подолго од рендгенските зраци). Тоа е убедливо најважниот извор на енергија за животот на Земјата.

Сонцето се врти побрзо на својот екватор отколку на неговите полови. Ова диференцијално вртење е предизвикано од конвективното движење поради пренос на топлина и Кориолисовата сила поради вртење на Сонцето. Во референтната рамка дефинирана од ѕвездите, периодот на вртење е приближно 25,6 дена на екваторот и 33,5 дена на половите. Гледано од Земјата додека орбитира околу Сонцето, очигледниот период на вртење на Сонцето на неговиот екватор е околу 28 дена. Од гледна точка над неговиот северен пол, Сонцето се врти спротивно од стрелките на часовникот околу својата оска на вртење.

Но тоа не значи дека Сонцето е во нашата планета, дека нашата планета е статична и дека тоа се врти околу неа. Познат факт е дека Земјата орбитира околу Сонцето. Додека Земјата орбитира околу Сонцето, таа завршува една ротација на секои 23,9 часа. Потребни се 365,25 дена за да се заврши едно патување околу Сонцето. Таа дополнителна четвртина од денот претставува предизвик за нашиот календарски систем, кој една година брои како 365 дена. За да ги одржуваме нашите годишни календари конзистентни со нашата орбита околу Сонцето, на секои четири години додаваме еден ден. Тој ден се нарекува престапен, а годината на која е додадена се нарекува престапна.

За тоа кога првпат било утврдено дека Земјата орбитира околу Сонцето може повеќе да се прочита на веб-страницата на скопското астрономско друштво.

Што се однесува до Месечината, таа е единствениот природен сателит на планетата Земја и најблиското небесно тело до неа. Месечината е најголемиот природен сателит во Сончевиот систем во однос на големината на планетата, петти по големина сателит во Сончевиот Систем, и е поголема од која било позната џуџеста планета.

Месечината кружи околу Земјата на просечно растојание од 384.400 км, или околу 30 пати повеќе од пречникот на Земјата. Нејзиното гравитациско влијание за малку го продолжува денот на Земјата и е главен двигател на Земјината плима и осека. Орбитата на Месечината околу Земјата има орбитален период од 27,3 денови.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистинита.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција