Не е точно дека српскиот пејач Аца Лукас бил уапсен поради секс со малолетничка

Во ниеден регионален или македонски медиум нема вест или информација за апсење на пејачот Аца Лукас поради кривично дело поврзано со малолетнички. Се работи за дезинформација и кликбејт објава.

Во ниеден регионален или македонски медиум нема вест или информација за апсење на пејачот Аца Лукас поради кривично дело поврзано со малолетнички. Доколку тоа беше вистина, ќе привлечеше внимание на медиумите и соодветното Министерство за внатрешни работи ќе ја информираше јавноста. Но, се работи за дезинформација и кликбејт објава

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

ШОК-Уапсен Познатиот Пејач Аца Лукас на лице место водел љубов со Малолетничка ќерката на (ФОТО+ВИДЕО) – Погледни во коментар..#dankailic #vesti #srbija #pinktv #novosti#mkd

Во склоп на објавата има фотографија од пејачот Аца Лукас, а во долниот дел на фотографијата има фотографија од апсење.

Објавата е невистинита и претставува кликбејт. Поточно, во склоп на првиот коментар поставен е линк кој наводно треба да води кон „вест“ во која ќе се споделат информации од насловот, но кога ќе се пристапи до линкот тој води кон надворешна страница на продавница на големо од Кина за секаква стока. Секој пат кога ќе се пристапи на линкот одново и одново, се отвора поинаков линк.

„Вистиномер“ ја пребара фотографијата во долниот дел, со принципот на обратно пребарување на Гугл, и добивме резултат дека таа е барем 3 години стара и се појавува на различни вести од областа на црната хроника во регионот, кога се работи за апсење.

Дополнително, во ниеден регионален или македонски медиум нема вест или информација за апсење на пејачот Аца Лукас поради кривично дело поврзано со малолетнички. Доколку тоа беше вистина, ќе привлечеше внимание на медиумите и соодветното Министерство за внатрешни работи ќе ја информираше јавноста. Но, се работи за дезинформација и кликбејт објава.

Кликбејт е тип на сензационалистичка објава чија главна цел е да привлече што повеќе кликови, а не да информира точно и искрено. Кликбејт објавите ги манипулираат корисниците, може да водат до финансиска измама и преку ваквите објави се шират лажни информации. Начинот на кој функционираат овие објави секогаш вклучува наслов кој предизвикува шок или љубопитност како што е и во случајот. Луѓето кликнуваат од љубопитност, а наместо вест се отвора страница за продажба на производи.

Ако насловот звучи премногу драматично најчесто се работи за кликбејт – измамите живеат од импулсивни реакции.

Корисниците на социјалните мрежи може да проверат дали веста ја има на познати медиуми. Ако навистина се случило некој настан значаен за медиумите (на пример ако има апсење на некој познат пејач) тогаш тоа би било објавено од реномирани медиуми што во случајов не е така.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција