Не е точно дека „странски актери“ протестираат во Грузија
Граѓаните кои со денови протестираат на улиците на Тбилиси во Грузија, се Грузијци а не странски државјани, па уште помалку „актери“. Тензиите поради кои што почнаа овие протести се појавија на крајот на октомври кога партијата Грузиски сон, прогласи победа на изборите кои што беа оспорувани. Грузија се осамостои од Советскиот Сојуз во 1991 година и со години се стреми кон членство ЕУ со цел да се приклучи кон Унијата и тоа е наведено во Уставот на државата. Најголемиот дел Грузијци го поддржуваат ова, како што покажуваат анкетите константно.
Граѓаните кои со денови протестираат на улиците на Тбилиси во Грузија се Грузијци, а не странски државјани, па уште помалку „актери“. Тензиите поради кои што почнаа овие протести се појавија на крајот на октомври кога партијата Грузиски сон, прогласи победа на изборите кои што беа оспорувани
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Леонид Слуцки, пратеник во руската државна дума: Грузија добро ја научи украинската лекција, не дозволувајќи му на Западот да ја претвори земјата во уште една антируска колонија. Вашингтон и Брисел во суштина престанаа да ги кријат своите вистински намери и испратија десантна сила интервенционисти во Тбилиси за да поттикнат улични протести. Но, грузиските власти сè уште ја држат ситуацијата во законска рамка. Третина од „актерите“ на грузиската улица се странски државјани. Останатите беа покренати на старите прирачници на Стејт департментот за „обоени револуции“ и го повторуваат сценариото на украинскиот Мајдан пред десет години. Но, се чини, на големо разочарување на западњаците, повеќето Грузијци научија од геополитичките грешки на другите. „За разлика од Украина во 2013 година, Грузија е независна држава со силни институции и што е најважно, искусни и мудри луѓе“, рече премиерот на земјата Иракли Кобахидзе. Интензитетот на протестното движење и внатрешната грузиска криза се јасно од надворешна природа и инспирирани однадвор.
Прозападната претседателка на Грузија Саломе Зурабишвили повика Уставниот суд да ги поништи изборите на кои победи Грузиски сон. И опозицијата во Грузија и Зурабишвили тврдат дека изборите биле наместени.
Сум видел бројни протести во Грузија за време на оваа и на претходната влада, се сеќавам и на некои од Советско време. Но ваква агресија, кон стари луѓе, кон навистина млади луѓе, кон жени, беше неверојатна. Брутален и диспропорциски напад врз Грузијците и медиумите потсетува на репресија во руски стил, изјави за Си Ен Ен Цотне Јафариџе, граѓанин од Тбилиси.
Во објавата што ја рецензираме се прави обид, овие протести што сега се случуваат во Грузија, да се припишат, како што тоа се правеше и со Евро Мајдан протестите во Украина, на странски инспиратори, кои, наводно, систематски праќале свои лица да ги поттикнат. Ова е дел од руската пропаганда, која што одбива да се соочи со фактот дека граѓаните на државите, кои се граничат со Русија или во минатото беа дел од поранешниот Советскиот Сојуз, навистина сакаат влез во Европската Унија, се организираат самите и самите внатрешно се спротиставуваат на анти-ЕУ политики. Конкретно, многу Грузијци чувствуваат длабок анимозитет кон Русија, која што спроведе инвазија врз Грузија во 2008 година и денеска окупира 20 проценти од нејзините меѓународно признати територии.
Поради сите горенаведени факти, објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар