Не е точно дека светските банки се „еврејски“
Тврдењата за наводна еврејска контрола врз банките се дел од антисемитски митови кои циркулираат со векови. Тие биле користени за ширење омраза кон Евреите и често се поврзуваат со теории на заговор за „тајна светска власт“.
Не постојат докази дека светскиот банкарски систем е контролиран од една етничка или верска група. Ваквите тврдења се базираат на стереотипи и генерализации, а не на проверливи податоци. Тврдењата за наводна еврејска контрола врз банките се дел од антисемитски митови кои циркулираат со векови. Тие биле користени за ширење омраза кон Евреите и често се поврзуваат со теории на заговор за „тајна светска власт“
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:
Светските банки се еврејски и дигиталните пари се еврејска превара.
Финансискиот успех на Ротшилдови, истакнато еврејско банкарско семејство во Европа во 18-ти и 19-ти век, стана фокусна точка за многу од овие антисемитски теории на заговор. Имено, финансискиот успех на Ротшилдови предизвика неосновани тврдења дека тие тајно ги контролирале глобалните банкарски системи со оглед на тоа што „Едмонд де Ротшилд груп“ се присутни во Швајцарија, Франција, Луксембург, Монако, Белгија и Италија.
Овие наративи беа засилени со фалсификувани пропагандни документи, како што се „Протоколите на Сионските мудреци“, озлогласена антисемитска книга првпат објавена во 1903 година, која опишува замислен еврејски план за светска доминација.
Денес, овие митови опстојуваат во различни форми, вклучително и лажни тврдења дека еврејски поединци или семејства контролираат институции како што е Федералните резерви на САД. Ваквите тврдења немаат никаква фактичка основа и ги пропагираат екстремистички групи за да промовираат антисемитски агенди, широко распространети на интернет. Овие теории на заговор не само што погрешно го претставуваат еврејскиот народ и поттикнуваат непријателство кон Евреите, туку и го нарушуваат легитимното разбирање и дискусија за трговијата и глобалната економија.
Светските банки не се во сопственост на Евреи. Банкарскиот сектор во светот е составен од илјадници приватни и државни институции во различни земји. Меѓу најголемите банки во светот се банки од САД, Кина, Јапонија, Франција, Велика Британија, Канада и други држави. Нивната сопственичка структура е јавна и најчесто се состои од акционери, инвестициски фондови, пензиски фондови, држави или приватни инвеститори.
Не постојат докази дека светскиот банкарски систем е контролиран од една етничка или верска група. Ваквите тврдења се базираат на стереотипи и генерализации, а не на проверливи податоци.
Тврдењата за наводна еврејска контрола врз банките се дел од антисемитски митови кои циркулираат со векови. Тие биле користени за ширење омраза кон Евреите и често се поврзуваат со теории на заговор за „тајна светска власт“.
Историчарите и истражувачите на екстремизам ги идентификуваат ваквите наративи како форма на антисемитска пропаганда која колективно ги обвинува Евреите за економски или политички процеси без фактичка основа.
Дигиталните плаќања и дигиталните валути пак (дигитални пари), се развиваат од централни банки, влади, технолошки компании и финансиски институции ширум светот. На пример, дигитални валути на централни банки развиваат или тестираат држави како Кина, Шведска, Обединетото Кралство, Бразил…
Станува збор за технолошка и финансиска политика која ја спроведуваат различни држави и институции, а не за проект на одредена етничка или верска група.
Тврдењето дека „светските банки се еврејски“ и дека „дигиталните пари се еврејска превара“ е непоткрепено со докази и се темели на антисемитски теории на заговор. На пример, големите банки како JPMorgan Chase, Bank of America или HSBC немаат еден сопственик – тие се во сопственост на огромен број институционални и индивидуални акционери.
Не може да се каже дека дигиталните пари се „еврејски“. Под поимот „дигитални пари“ спаѓаат различни работи: електронски плаќања преку банки, платежни системи како Visa и Mastercard, криптовалути како Bitcoin и дигитални валути на централни банки. Овие технологии се развиваат од различни компании, програмери, банки и влади од многу земји. На пример, Биткоин е создаден од лице или група под псевдонимот Сатоши Накамото, чиј вистински идентитет и етничка припадност не се познати.
Нема веродостојни факти што покажуваат дека глобалниот банкарски систем или развојот на дигитални валути се контролирани од Евреите како група. Банкарскиот сектор и дигиталните финансиски технологии се резултат на активности на бројни држави, компании и финансиски институции од различни делови на светот.
Вистиномер и претходно има дебанкирано невистинити тврдења дека централните банки се под контрола на семејството Ротшилд. Истото го дебанкираа и проверувачите на факти на Франс Прес.
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар