Не е точно дека Техномаркет продава телефони за 125 денари

„Техномаркет“, преку нивната официјална страница ги информираше корисниците дека информацијата за наводната продажба на телефони за 125 денари е лажна. Оттаму известија дека „се појави лажна Фејсбук страница која го злоупотребува името на нашата компанија и шири лажни информации за продажба на телефони“

„Техномаркет“, преку нивната официјална страница ги информираше корисниците дека информацијата за наводната продажба на телефони за 125 денари е лажна. Оттаму известија дека „се појави лажна Фејсбук страница која го злоупотребува името на нашата компанија и шири лажни информации за продажба на телефони“

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук (во меѓувреме постот е избришан) во кој се вели:

Teхномаркет е казнет за шверц на Samsung S22 и принуден да ги продава сите телефони за само 125 ден! Побрзајте бидејќи понудата во Македонија е ограничена!

Во склоп на постот објавена е фотографија од мобилните телефони, меѓутоа нема инструкции како да пристапите до наводната „нарачка“. Целта е во приватен разговор корисниците да му се обратат на оној кој ја шири лажната наградна игра односно измамата, за потоа со него да споделат лични податоци од кредитната картичка, по што истите може да бидат злоупотребени. Од лажни профили под постот, оставени се лажни коментари, во коишто тие се фалат дека навистина го добиле телефонот за 125 денари, а пред тоа чинел 45 илјади денари.

Ова се користи како трик, за корисниците на Фејсбук да поверуваат во невистинитата информација и самите да ги остават своите податоци, можеби и податоци од кредитната картичка (преку приватна порака) со оглед на тоа што лажно се вели дека наградната игра е „валидна само онлајн и 125 денари се вредни за да се ризикува”.

За да се постигне целта – најверојатно финансиска измама, злоупотребен е брендот на „Техномаркет“, и тоа со негово лажно инволвирање во кривичноправен настан наводен шверц, кој никогаш не се случил. Дополнително, дури и кога би се случил шверц, стоките би биле запленети.

Вистиномер веќе пишуваше за слична измама во која е злоупотребен друг бренд кој наводно продава правосмукалка за 120 денари. Слично како и во постот што го рецензираме, и во овој пост, имаше спам-ботови кои „сведочат“ дека наводно ја добиле правосмукалката за само 120 денари. Споделуваат и фотографии со цел да ги убедат корисниците на социјалните мрежи да наседнат на измамата.

„Техномаркет“, преку нивната официјална страница ги извести корисниците дека информацијата за наводната продажба на телефони за 125 денари е лажна:

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ!!!
Почитувани потрошувачи,
ТЕХНОМАРКЕТ МАКЕДОНИЈА Ве известува дека се појави лажна Фејсбук страница која го злоупотребува името на нашата компанија и шири лажни информации за продажба на телефони.
Името на оваа страна е Акции електроника, доколку веќе сте споделиле Ваши податоци со оваа страна веднаш избришете ги и страната пријавете ја кај администраторите на Фејсбук, а доколку се сомневате дека оставените податоци се веќе злоупотребени известете го одделот за компјутерски криминал при МВР. ТЕХНОМАРКЕТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје се оградува од сите дејствија настанати преку лажната Фејсбук страница. Ве предупредуваме да не наседнувате, да не оставате Ваши податоци и да не учествувате во наградната игра зад која не стои официјалната страница на Техномаркет.
Единствена Фејсбук страница на Техномаркет Македонија е оваа ,а лажната страница е пријавена кај надлежните органи.
Со почит,
Техномаркет Македонија ДООЕЛ Скопје.

Оттука, јасно е дека не е вистина дека „Техномаркет“ продава телефони за 125 денари.

Поради сите горенаведени факти, постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција