Не е точно дека територијата северно од Дунав била ненаселена

Европско говедо Фото: Jose Miguel Pintor Ortego, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Во објавата произволно се поврзуваат флората, фауната, земјоделството и расните категории за да се изведе заклучок кој не е поддржан од археологијата, генетиката, биологијата или историјата. Современата наука не ги користи ваквите аргументи.

Наведеното во објавата што ја рецензираме претставува тврдење кое е спој на повеќе неточни, непоткрепени и псевдонаучни тврдења. Во него произволно се поврзуваат флората, фауната, земјоделството и расните категории за да се изведе заклучок кој не е поддржан од археологијата, генетиката, биологијата или историјата. Современата наука не ги користи ваквите аргументи

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

БИДЕЈЌИ ФЛОРАТА И ФАУНАТА СЕВЕРНО ОД РЕКАТА ДУНАВ СО ЦРНО МОРЕ НЕМАЛЕ НИШТО ЗАЕДНИЧКА СО БЕЛАТА РАСА ТУКУ СО ТЕМНАТА РАСА, ПОДУНАВЈЕТО БИЛО ПОГРАНИЧНО ПОДРАЧЈЕ НА НАСЕЛЕН БАЛКАН И НЕНАСЕЛЕН ПРОСТОР СЕВЕРНО ОД РЕКАТА ДУНАВ СО ЦРНА МОРЕ.И ЕВЕ ГИ ДОКАЗИТЕ: СЕВЕРНО ИМАЛО ПУСТИ, ТЕМЕН ЧАЈ, КОНОП…КАКО ВО ИНДИЈА.ПА СЛЕДИ ТАМУ НЕМАЛО ДОМАШНИ ЖИВОТНИ- ГОВЕДОТО ОД ЕВРОПА БИЛО ДИВО ЧИЈ НАСЛЕДНИК ПРЕМИНАЛ ВО 19 ВЕК. ЈУЖНО БИЛЕ ЖИТАРИЦИ, МЕШУНКАСТИ ХРАНИ, ОВОШЈА И ТН. НА ЈУГОТ БИЛА СВЕТЛАТА ПЧЕЛА, А НА СЕВЕР ТЕМНАТА ПЧЕЛА КАКО ТЕМНИТЕ МОНГОЛИ…!

Наведеното во објавата што ја рецензираме претставува тврдење кое е спој на повеќе неточни, непоткрепени и псевдонаучни тврдења. Во него произволно се поврзуваат флората, фауната, земјоделството и расните категории за да се изведе заклучок кој не е поддржан од археологијата, генетиката, биологијата или историјата. Современата наука не ги користи ваквите аргументи.

Наспроти она што се тврди во објавата што ја рецензираме, на север од реката Дунав имало припадници на белата раса, а не на црната раса. Не постои научна врска меѓу флората, фауната и „расата“ на луѓето. Видовите растенија и животни зависат од климата, надморската височина, почвата, количината на врнежи и географската положба.

Северно од Дунав не се наоѓал „ненаселен простор“. Археолошките наоди покажуваат дека Централна и Источна Европа биле населени десетици илјади години пред нашата ера. Во денешна Романија, Унгарија, Србија, Украина, Полска и Германија постојат илјадници праисториски локалитети. Особено добро е документирана неолитската култура Старчево-Криш-Кереш, како и Винчанската култура, кои се развивале во регионот на Дунав. Археологијата, значи, директно го побива тврдењето дека северниот дел бил ненаселен.

Подрачјата на север од Дунав биле населени одамна и не е точно дека просторот северно од Дунав до Црното Море бил ненаселен. На север од Дунав имало исти култури како и во Индија, која пак е населена со векови. Не е точно дека на север од Дунав немало домашни животни, а домашни животни имало и во Индија, каде дури и слоновите биле третирани како домашни животни.

Домашните говеда, овци, кози, свињи се прошириле низ цела Европа уште во неолитот, кога земјоделството од Блискиот Исток постепено се ширело кон Балканот и понатаму кон Централна Европа. Истражувањата покажуваат дека земјоделците ги донеле домашните животни и во Панонската Низина и во Централна Европа пред околу 7.500 години.

Во објавата се споменува дивото говедо. Навистина постоело дивото европско говедо (Bos primigenius), познато како аурохс. Но тоа живеело низ речиси цела Европа, живеело и во Азија, а исчезнало во 17 век (последниот примерок е забележан во Полска во 1627 година). Тоа нема никаква врска со бојата на кожата или потеклото на луѓето.

Северно од Дунав секако дека се одгледувале житарици – Украина е „кошница за леб“ на Европа, и тоа е само еден пример.

Во објавата се наведува дека „јужно била светлата пчела, а север темната пчела како темните Монголи.“ Ова претставува лажна аналогија. Во Европа постојат повеќе подвидови на медоносната пчела. Разликите меѓу нив се резултат на природна адаптација кон различни климатски услови.

Во објавата се наведува дека северот имал темен чај и коноп, како  Индија, но конопот растел во различни делови од Европа со илјадници години и се користел за масло и семе. Исто така, чајот (Camellia sinensis) потекнува од Кина, а не од европското Подунавје.

Не постои научен модел кој Европа ја дели на „темен север“ и „бел југ“, како што тврди објавата.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција