Не е точно дека топлата вода лекува повеќе од 20 болести
Иако има некои бенефити од тоа да се биде адекватно хидриран, не е научно докажано дека пиењето топла вода ќе излекува каква било болест, како ни сериозни здравствени состојби наведени во постот што го рецензираме. Кога тоа би било така, а не е, тогаш немаше да постојат тие дијагнози, ќе беа излечени, вели за Вистиномер доктор Лидија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружението на приватни матични лекари. Таа укажува пациентите да не веруваат на сè што ќе прочитаат на социјалните мрежи, бидејќи тоа може да се покаже како опасно по нивното здравје
Иако има некои бенефити од тоа да се биде адекватно хидриран, не е научно докажано дека пиењето топла вода ќе излекува каква било болест, како ни сериозни здравствени состојби наведени во постот што го рецензираме. Кога тоа би било така, а не е, тогаш немаше да постојат тие дијагнози, ќе беа излечени, вели за Вистиномер доктор Лидија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружението на приватни матични лекари. Таа укажува пациентите да не веруваат на сè што ќе прочитаат на социјалните мрежи, бидејќи тоа може да се покаже како опасно по нивното здравје
Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се тврди дека „топлата вода лечи повеќе од 20 болести, само треба да знаете како да ја користите“ и се споделува напис со идентичен наслов.
Во текстот пишува дека „топлата вода помага против повеќе од 20 болести“, а „јапонските научници успеале да го докажат тоа со користење на научни методи“. Според написот, тие научници откриле дека:
Една чаша топла вода, земена наутро по будењето помага при главоболка, епилепсија, астма, бронхитис, артритис. Многу добри резултати се забележуваат и кај пациенти кои боледуваат од менингитис, проблеми со бубрезите, гастритис и дијабетес.
Вистиномер побара мислење од лекар за да ги провери ваквите тврдења. Според доктор Лидија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружението на приватни матични лекари е вистина дека ако се пие топла вода наутро, тоа помага против 20 болести и дека е медицински докажано.
Кога тоа би било така, а не е, тогаш немаше да постојат тие дијагнози, ќе беа излечени. Пациентите не треба да веруваат на сè што ќе прочитаат на социјалните мрежи, особено кога се работи за здравјето. Секогаш да се консултираат со своите матични доктори за своите здравствени проблеми. Никогаш да не си ги прекинуваат своите терапии кои се препорачани од доктор општ или специјалист, бидејќи може да дојде до влошување на здравствената состојба, изјави доктор Чолакова Дервишова за Вистиномер.
Проверувачите на факти на Фактли, пишуваат дека пиењето топла вода не ги лекува сите овие наведени дијагнози во постот.
Иако хидратацијата е добра за општото здравје, нема директен научен доказ кој докажува дека топлата вода може да излекува какви било здравствени проблеми, Затоа таквите тврдења се невистинити, пишуваат проверувачите на факти на Фактли.
Има неколку бенефити од тоа да се пие топла вода вклучително поздраво варење на храната, намалување на назалната конгестија, мускулна релаксација и намалување на нивото на стрес во организмот. Но, нема научно истражување за да ја потврди директната корелација меѓу пиењето топла вода и лекувањето на која било од споменатите дијагнози. Иако здравствените состојби како мигрена, астма се чести во услови на дехидратација, тоа не значи дека хидратацијата или дека пиењето топла вода ќе ги излекува.
И на сајтот Хелтлајн, се заклучува дека иако оваа наводна терапија со пиење топла вода е форсирана како да е лек за мноштво здравствени состојби, нема докази за да се докаже дека лекува. Исто така, пишува Хелтлајн, има само неколку негативни работи во тоа да се избегнува ладната вода, а тоа е што само кај мал број луѓе може да го покачи крвниот притисок. Оттаму советуваат пред да се почне со било каква промена во животниот стил да се консултирате со лекар.
Исто така е важно да се напомене дека пиењето вода не треба да биде замена за медицинска грижа од лиценциран доктор, пишува Хелтлајн.
Иако има некои бенефити од тоа да се биде адекватно хидриран, не е научно докажано дека пиењето топла вода ќе излекува каква било болест, како ни сериозни здравствени состојби наведени во постот што го рецензираме
Поради сите горенаведени факти, постот го оценуваме како невистинит.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар