Не е точно дека Трамп го помилувал Сноуден и дека тој се враќа во САД

Едвард Сноуден Фото: Edward Snowden, CC BY 3.0, via Wikimedia Commons

Наспроти изнесеното во објавата, дека „Сноуден се враќа дома и Трамп безусловно го помилува“, до 17 февруари 2025 ниту имаше таква најава официјално од Трамп, ниту пак таква одлука. Последен пат кога Трамп пред околу 2 недели беше прашан дали ќе го помилува Сноуден, тој даде неодреден одговор од кој не произлезе дека е на повидок помилување.

Наспроти изнесеното во објавата, дека „Сноуден се враќа дома и Трамп безусловно го помилува“, до 17 февруари 2025 ниту имаше таква најава официјално од Трамп, ниту пак таква одлука. Последен пат кога Трамп пред околу 2 недели беше прашан дали ќе го помилува Сноуден, тој даде неодреден одговор од кој не произлезе дека е на повидок помилување

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Сноуден се враќа дома. Трамп безусловно го помилува. Уште ли не ви е јасно што се случува?! Нова светла ера! Ќе потрае оти Републиканците, Трамп и негов евентуален наследник, ќе владеат барем три мандати. Трамп ги спроведе идеите на Путин и како кула од карти ја урниса ‘длабоката држава’ во САД. Следи демонтажа на ткн. светска влада.

 

Во склоп на објавата се споделува објава од социјалната мрежа „Икс“ каде бизнисменот Џим Фергусон шпекулира дека „Трамп се подготвува да го помилува целосно и безусловно Едвард Сноуден“.

Но, наспроти изнесеното во објавата, дека „Сноуден се враќа дома и Трамп безусловно го помилува“, до 17 февруари 2025 ниту имаше таква најава официјално од Трамп, ниту пак таква одлука.

Сноуден избега од САД во 2013 година и заврши во Русија каде доби азил и оттогаш таму живее. Во 2022 година доби руско државјанство од претседателот на Русија, Владимир Путин. Некои од блиските кругови на претседателот на САД, Доналд Трамп, имаат изразено позитивно мислење за помилување на Сноуден, а највпечатлив меѓу нив е директорката на Националното разузнавање Тулси Габард. Последен пат кога Трамп пред околу 2 недели беше прашан дали ќе го помилува Сноуден, тој даде неодреден одговор од кој не произлезе дека е на повидок помилување.

На видеото објавено на Јутјуб каналот на Форбс, кога Трамп е запрашан за Сноуден и негово помилување, тој одговара:

Не зборувам за Сноуден сега за сега. Луѓето размислуваат многу различно за него (Сноуден н.з). Некои луѓе мислат дека треба да биде помилуван, а други дека тоа би бил ужасен потег. Но, јас не се мешам во тоа, рече Трамп.

Во 2020 година Тулси Габард како дел од конгресот, предложи законски измени и побара федералната влада да ги отфрли сите обвинувања против Едвард Сноуден, поранешниот службеник на Националната безбедносна агенција.

Но, во јануари 2025 година, иако под голем притисок за одговори и став на темата во сенатот, таа одби да го потврди тоа за кое се залагаше во минатото, односно одбиваше да даде конкретен одговор дали смета дека акциите на Сноуден се акции на предавство.

Департментот за правда на САД го обвини Сноуден за шпионажа во 2013 година откако тој објави илјадници снимки со статус на државна тајна, во кои се откриваше глобално следење на приватни информации на граѓаните.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција