Не е точно дека ултразвучните прегледи се штетни за мајката или за плодот кој се развива
Студија на Меѓународното здружение за ултразвук во акушерство и гинекологија – СЗО, која ги прегледала податоците од 61 публикација и утврди дека дијагностичкиот ултразвук за време на бременоста е безбеден. На веб-страницата на болницата за гинекологија и акушерство „Д-р Органџиски“, е наведено дека со ултразвучните прегледи се следи правилниот раст и развој на плодот, се утврдува точната старост на бременоста и навреме се откриваат аномалии на плодот. Оттаму посочуваат дека ултразвучните прегледи не се штетни ниту за бремената жена, ниту за плодот кој се развива
Студија на Меѓународното здружение за ултразвук во акушерство и гинекологија – СЗО, која ги прегледала податоците од 61 публикација и утврди дека дијагностичкиот ултразвук за време на бременоста е безбеден. На веб-страницата на болницата за гинекологија и акушерство „Д-р Органџиски“, е наведено дека со ултразвучните прегледи се следи правилниот раст и развој на плодот, се утврдува точната старост на бременоста и навреме се откриваат аномалии на плодот. Оттаму посочуваат дека ултразвучните прегледи не се штетни ниту за бремената жена, ниту за плодот кој се развива
Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографии од книга со наслов „Темната страна на пренаталниот ултразвук и опасностите од нејонизирачко зрачење “ од Џенис Барчело и вели:
Еве кој сака може да прочита тука е и книгата која е блокирана на амазон поради содржината.
Прво, не е точно дека книгата е блокирана на Амазон. Книгата ја има на Амазон, но во моментов не е достапна.
Нема докази што укажуваат дека ултразвучните прегледи за време на бременоста се опасни за фетусите, како што тоа сака да го прикаже објавата што ја анализираме. Ројтерс во својата анализа на фактите, пренесувајќи ставови од експерти, наведува дека нема знаци на зголемување на смртните случаи или стрес кај бебињата или мајките кои имале стандарден ултразвук или помоќен доплер ултразвук под медицински надзор.
Пјеро Милоро, виш истражувачки научник во групата за медицински ултразвук во Националната физичка лабораторија, националната институција за мерење на Обединетото Кралство, во изјава за Ројтерс рекол:
Воопшто нема докази дека ултразвукот е поврзан со несакани ефекти, вклучувајќи ограничувања на растот, малформации или рак, или каков било зголемен ризик од перинатална смрт.
Ана Мекормик, гинеколог во Медицинскиот центар на Универзитетот Раш во Чикаго, за Ројтерс изјавила дека ултразвукот, всушност може да придонесе за намалување на мајчината и неонаталната смртност со тоа што помага во идентификување на компликации во бременоста и следење на развојот на фетусот. Таа додала дека бројни студии со текот на годините покажале дека ултразвукот е безбеден.
Клиниката Мајо го опишува ултразвукот за време на бременоста како алатка што користи звучни бранови за да создаде слики од фетус. Доплеровиот ултразвук, исто така, користи звучни бранови, но може да го провери и протокот на крв.
Сеопфатен преглед на докази од библиотеката Кокрејн од 2015 година, кој анализира податоци од 14.185 жени, покажал дека употребата на доплер ултразвук кај нормални бремености нема ефект врз стапките на перинатална смрт, царски резови или приеми на неонатална интензивна нега.
Студија на Меѓународното здружение за ултразвук во акушерство и гинекологија – Светската здравствена организација, која ги прегледала податоците од 61 публикација и утврди дека дијагностичкиот ултразвук за време на бременоста е безбеден, може да се види тука.
Нортвеј клиник, пишува дека тврдењето оти ултразвукот е небезбеден во бременоста, е мит.
Факт: Бројни студии ја утврдија безбедноста на ултразвукот за дијагностички цели и за мајката и за фетусот во развој. Врз основа на препораките на Американскиот колеџ на акушери и гинеколози (ACOG) и други признати медицински здруженија, нема докази дека правилното користење на ултразвук може да му наштети на фетусот. Ултразвукот е нејонизирачка дијагностичка техника, бидејќи произведува визуелни слики користејќи звучни бранови, а не електромагнетно зрачење, посочува Нортвеј клиник.
И на веб-страницата на болницата за гинекологија и акушерство „Д-р Органџиски“, е наведено дека со ултразвучните прегледи се следи правилниот раст и развој на плодот, се утврдува точната старост на бременоста и навреме се откриваат аномалии на плодот.
Најсовремените ултразвучни апарати овозможуваат откривање на аномалии на плодот многу порано и посигурно од досега. Ултразвучните прегледи не се штетни ниту за бремената, ниту за плодот кој се развива. Ултразвучните бранови немаат јонизирачко дејство, кумулативен ефект и делуваат само во моментот на прегледот. Затоа поради едноставноста, безопасноста и високите дијагностички можности ултразвукот има голема примена во медицината, а особено во акушерството и гинекологијата, наведуваат од болницата.
Од сето погоре можеме да заклучиме дека нема докази оти ултразвукот е штетен за бремените жени и фетусите. Поради тоа, објавата ја оценуваме како невистина.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар