Не е точно дека вадењето умници има некакво влијание врз пинаелната жлезда

Фото: Thedentalguy, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Умниците се катници лоцирани на задниот дел од устата и немаат директна врска со епифизата или другите споменати органи. Нивното отстранување не прекинува никакви значајни нервни патишта што би влијаеле на овие системи

Умниците се катници лоцирани на задниот дел од устата и немаат директна врска со епифизата или другите споменати органи. Нивното отстранување не прекинува никакви значајни нервни патишта што би влијаеле на овие системи

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Умниците заби не треба да се вадат поврзани се со пинеалната жлезда која е клучна за освестувањето.

Тврдењето изнесено во објавата е неточно. Имено, умниците се обични заби и тие немаат никаква анатомска, нервна или функционална врска со пинеалната жлезда.

Пинеалната жлезда е сместена длабоко во мозокот и ги регулира циклусите на спиење преку хормонот мелатонин. Никакви структури од забите не ја „поврзуваат“ со неа.

Тврдењата дека умниците влијаат на „освестување“, „духовно будење“ или „енергетски канали“ се митови, без медицински или биолошки докази.

Не постои анатомска или физиолошка основа за ова тврдење. Умниците се катници лоцирани на задниот дел од устата и немаат директна врска со епифизата или другите споменати органи. Нивното отстранување не прекинува никакви значајни нервни патишта што би влијаеле на овие системи.

Во фактчек-статија на Medical Dialogues, д-р Акаш Кумар Сварнкар (стоматолог) објаснува дека кога се вади умникот, нервот што го снабдува тој заб се одвојува,  но тоа „има врска само со тој заб“ и нема широка поврзаност со мозокот.

Д-р Снигда, стоматолог од стоматолошкиот колеџ и болница Вананчал, Гарва, Џарканд, вели дека тврдењето оти вадењето на умниците влијае на централниот нервен систем или мозокот е неточно.

Вадењето може да предизвика привремена непријатност, но сериозните компликации се ретки. Вештите орални хирурзи преземаат мерки на претпазливост за да избегнат оштетување на нервите за време на постапката. Нема докази што ги поддржуваат тврдењата дека тоа ги нарушува нервните функции или му штети на мозокот, додава таа.

На прашањето, дали умниците се поврзани со пинеалната жлезда, централниот нервен систем, срцето и цревата,  Д-р Санџив Банкур, доктор по медицина, магистер по јавно здравје, AIIMS, Њу Делхи, вели:

Не, нема научни докази што го поддржуваат ова. Умниците се наоѓаат во устата и немаат директна врска со органи како што се епифизата, срцето или цревата. Иако тригеминалниот нерв обезбедува чувство за забите, не постои посебна врска помеѓу умниците и овие органи. Епифизата го регулира сонот и нема докази што ја поврзуваат со умниците.

Препораката за вадење на умници зависи од индивидуалните околности. Иако некои луѓе може да ги задржат своите умници ако тие не предизвикуваат проблеми, многу стоматолози се залагаат за отстранување ако забите се зафатени или претставуваат ризик од компликации како што се инфекција или натрупување на други заби. Американското здружение на орални и максилофацијални хирурзи го поддржува следењето и отстранувањето на умниците што би можеле да доведат до болести.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е невистина.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција