Не е точно дека „вакцинацијата на бебиња во САД сопрела“

Фото: U.S. Department of Defense, Lisa Ferdinando

Центарот за контрола и превенција на болести и понатаму препорачува сите деца во САД да се вакцинираат против дифтерија, тетанус, пертусис, инфлуенца тип Б, пневмокока, полио, МРП, ХПВ за што има интернационален консензус, како и за варичела. Би Би Си извести дека вакцините за хепатитис А и Б и ковид, се препорачуваат базирано на ризик и „клиничка одлука“ меѓу докторите и родителите. Но, ова не значи дека „вакцинацијата на бебиња во САД сопрела со наредба на Трамп“, како што тоа невистинито се тврди во објавата 

Центарот за контрола и превенција на болести и понатаму препорачува сите деца во САД да се вакцинираат против дифтерија, тетанус, пертусис, инфлуенца тип Б, пневмокока, полио, МРП, ХПВ за што има интернационален консензус, како и за варичела. Би Би Си извести дека вакцините за хепатитис А и Б и ковид, се препорачуваат базирано на ризик и „клиничка одлука“ меѓу докторите и родителите. Но, ова не значи дека „вакцинацијата на бебиња во САД сопрела со наредба на Трамп“, како што тоа невистинито се тврди во објавата

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Вакцинацијата на бебиња во САД сопре. Наредба на Трамп.

Не е точно дека „вакцинацијата на бебиња во САД сопрела“, ниту, пак, има таква наредба од претседателот Доналд Трамп.

Како што е наведено на страницата на Американската академија за педијатрија, објавен е новиот календар за препорачани детски и адолесцентни вакцини за САД 2026 година. Во календарот е продолжена препораката за рутинска имунизација за заштита против 18 болести меѓу кои хепатитис А и Б, ротавирус, инфлуенца, респираторен синцицијален вирус итн. Сите вакцини се објавени овде заедно со возраста на која се препорачува да се примат. Календарот за имунизација на начин на којшто може да го користат полесно родителите, исто така е објавен овде и поделен е до 6 годишна возраст и од 6 до 18 години во две посебни табели што може да се симнат.

Од нејзиното формирање во 1930 година Американската академија за педијатрија е водечки глас за препораките за вакцини, креирајќи совети базирани на докази за да се поддржат педијатрите во грижата за децата.

На барање на претседателот на САД Доналд Трамп, Центрите за контрола на болести во САД го ревидираа вакциналниот календар за деца и на 5 јануари 2026 го објавија следниот заклучок:

После научен преглед на основните научни податоци и споредувајќи го вакциналниот календар за деца и адолесценти во САД со календарот за имунизациjа на други развиени земји, вршителот на должноста директор на Центрите за контрола и превенција на болести, Џим О’Нил, го ажурираше вакциналниот календар. ЦДЦ ќе продолжи да препорачува сите деца да се вакцинираат против 10 болести за кои има меѓународен консензус, заедно со варичела. За другите болести ЦДЦ ќе препорача имунизација за високоризичните групи и популации или преку клиничка одлука онаму каде што не е можно здравствените институции да одредат јасно кој ќе има бенефит од имунизацијата.

Апдејтираниот детски календар за имунизација на Центарот за контрола и превенција на болести ги препорачува сите вакцини за кои има консензус кај повеќе држави, овозможува поголема флексибилност и избор, помалку притисок, како и неконсензуалните вакцини да се администрираат кај ризични групи или популации со клиничка одлука.

Се додава дека вакцините за покриените болести со претходниот календар за имунизација уште ќе бидат достапни за кој било што сака да ги прими.

Центарот за контрола и превенција на болести и понатаму препорачува сите деца во САД да се вакцинираат против дифтерија, тетанус, пертусис, инфлуенца тип Б, пневмокока, полио, МРП, ХПВ за што има интернационален консензус, како и за варичела.

Би Би Си извести дека вакцините за хепатитис А и Б и ковид, се препорачуваат базирано на ризик и „клиничка одлука“ меѓу докторите и родителите.

Но, ова не значи дека „вакцинацијата на бебиња во САД сопрела со наредба на Трамп“, како што тоа невистинито се тврди во објавата што ја рецензираме.

Кога се намали бројот на препорачани вакцини во САД, одлуката беше оправдана со тоа што САД беа споредени со вакциналниот календар во 20 држави вклучително Обединетото Кралство, Канада, Данска и Австралија и се утврди дека во САД бројот на вакцини е најголем. Одлуката, исто така, се темелеше на споредба со примерот Данска (каде има препорака за вакцинација против 10 болести). На ова се спротивставија бројни доктори како на пример доктор Ендру Д. Рацин, претседател на Американската академија на педијатри, пишува Би Би Си. 

САД не е Данска и нема причина да се претпоставува дека данскиот календар за имунизација треба да се спроведува врз американските семејства. Америка е уникатна земја, а Данска според нејзината популација, јавно-здравствената инфраструктура и ризикот од болести значително се разликува од САД. Популацијата во Данска е 6 милиони луѓе, а во САД е 340 милиони луѓе. Во време кога родителите, педијатрите и јавноста бараат јасни насоки и точни информации, ова е лошо конструирана одлука која ќе донесе понатамошен хаос и ќе ја намали довербата во имунизацијата. Ова не е начин да се направи нашата земја поздрава, изјави доктор Д.Рацин за Би Би Си.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција