Не е точно дека вакцините имаат „лоши состојки поради кои децата доживотно страдаат“

Вакцинација против детска парализа во засолништето на UNRWA во Газа Фото: Mohammed Hinnawi, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Фотографијата која се споделува како наводен доказ за „преоптоварување“ со вакцини за новороденчиња, во споредба со 1986 година манипулативно прикажува контроверзна илустрација насловена како „Распоред за вакцинација – од утробата до 12 месеци“. Таква илустрација не постои меѓу официјалните материјали на која било меѓународна здравствена институција.

Фотографијата која се споделува како наводен доказ за „преоптоварување“ со вакцини за новороденчиња, во споредба со 1986 година, манипулативно прикажува контроверзна илустрација насловена како „Распоред за вакцинација – од утробата до 12 месеци“. Таква илустрација не постои меѓу официјалните материјали на која било меѓународна здравствена институција

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

1984 / 2025, Broj na vakcini za DECA!

Во склоп на објавата се споделува фотографија од новороденче и се додава дека „децата страдаат од доживотни последици и многу починаа во колевките поради лошите состојки во вакцините“.

Фотографијата која се споделува како наводен доказ за „преоптоварување“ со вакцини за новороденчиња, во споредба со 1986 година, манипулативно прикажува контроверзна илустрација насловена како „Распоред за вакцинација – од утробата до 12 месеци“. Таква илустрација не постои меѓу официјалните материјали на која било меѓународна здравствена институција.

Илустрацијата не доаѓа од официјалните материјали на американскиот центар за контрола и превенција ан болести – ЦДЦ, на кој се повикува, ниту од друга здравствена институција како што се Светската здравствена организација, Европската медицинска агенција, ниту Обединетите нации или УНИЦЕФ.

Дополнително, споредбата помеѓу 1986 година и современиот календар за имунизација го игнорира фактот дека денешните вакцини се технолошки подобрени и комбинирани, така што тие комбинираат повеќе антигени во една доза – што во пракса значи помалку примени вакцини, а не повеќе како што е имплицирано во објавите, пишуваат проверувачите на факти на Истиномер.

Задолжителниот распоред за имунизација во Северна Македонија се базира на стручни проценки од педијатри и епидемиолози. Во првата година од животот, детето се имунизира со вакцини против болести кои се потврдени како многу ризични за новороденчињата. Пред воведувањето на имунизацијата, големата кашлица, дифтеријата и полиомиелитисот предизвикуваа сериозни компликации, инвалидитет и смрт кај бебињата. Хепатитисот Б беше исто така честа причина за хронични инфекции, а пневмококните и ротавирусните инфекции редовно доведуваа до хоспитализации кај новороденчињата. Денешните вакцини беа воведени дури откако децениски епидемиолошки истражувања и следење на безбедноста ја покажаа нивната безбедност и ефикасност, а секоја нова имунизација резултираше со мерливо намалување на компликациите.

Илустрацијата, исто така, погрешно сугерира дека бебињата во 1980-тите добивале „неспоредливо помалку“ вакцини. Историски гледано, според анализата на Стат 10 , распоредите за имунизација од тој период биле многу поедноставни, но не затоа што децата биле поздрави, туку затоа што многу современи вакцини сè уште не биле достапни.

Не е точно дека вакцините имаат „лоши состојки поради кои децата доживотно страдаат“.

Придобивките од вакцинацијата се многубројни и вакцините се најголемото достигнување на медицината. Таа обезбедува здраво поколение, придонесува за колективниот имунитет, го спречува ризикот од заболување, ги намалува трошоците за боледување и лекување, спречува инвалидитет и други последици, спречува смртност од заболувањето, создава отпорност на организмот кон заболувањето и спречува епидемии од заразни болести.

Согласно календарот за имунизација и годишната програма за имунизација, задолжителна имунизација се спроведува против следните болести: вирусна жолтица Б (Hepatitis B) туберкулоза (Tuberculosis), заболувања предизвикани од хемофилус инфлуенца тип Б (Хиб), дифтерија (Diphteria), тетанус (tetanus), голема кашлица (Pertusis), детска парализа (Poliomyelitis acuta), мали сипаници (Morbilli), заушки (Parotitis) и црвенка (Rubeolа) и заболувања предизвикани од хуман папилома вируси (ХПВ). Имунизацијата е бесплатна за сите лица од 0-18 години без разлика на здравственото осигурување.

Повеќе информации за името на производителот, производот и датумот на одобрување на вакцините може да се најдат во Регистарот на лекови.

На пример, конкретната вакцина што се дава кај децата на 2,4,6, 18 месеци и 7 години против пертусис, е од производителот „Санофи Пастер“ од Франција. Регистрирана е во МАЛМЕД.

Друг пример е МРП вакцината ММР Вакспро, произведена од „Мерк, Шарп и Доме“ Холандија (Merck Sharp & Dohme), со производствени капацитети во Германија и САД. Од истиот производител е и рота вакцината. Буквално сите вакцини од задолжителниот календар за имунизација имаат детални описи на тоа што содржат, дозирање, збирен извештај, упатство за употреба, претставништва преку кои се набавени во земјава и се разбира, сите имаат одобрение од МАЛМЕД, единствената овластена државна агенција која има право да им даде дозвола. Понатаму, сите вакцини како и сите лекови воопшто, подлежат на систем на фармаковигиланца. Тоа значи дека доколку се јави несакан ефект, тој се пријавува во МАЛМЕД каде има оддел што ги следи несаканите ефекти.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава во која се пропушта контекстот.

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција