Не е точно дека вакцините против ковид-19 содржат графен оксид

Фото: Pixabay

Постот шири дезинформации поврзани со составот и квалитетот на вакцините.  Нема докази дека вакцините содржат графен оксид. Посочениот документ во текстот што е линкуван во постот, не е студија објавена во престижно научно списание од својата област, која обезбедува „печат на квалитетот“ на научната работа. Исто така, нема докази дека текстот е потврден од научната заедница во процесот познат како рецензија, во кој се проверуваат методологијата, толкувањето, резултатите и заклучоците

Постот шири дезинформации поврзани со составот и квалитетот на вакцините. Нема докази дека вакцините содржат графен оксид. Посочениот документ во текстот, што е линкуван во постот, не е студија објавена во престижно научно списание од својата област, која обезбедува „печат на квалитетот“ на научната работа. Исто така, нема докази дека текстот е потврден од научната заедница во процесот познат како рецензија, во кој се проверуваат методологијата, толкувањето, резултатите и заклучоците

 

 

Објава на Фејсбук ја манипулира јавноста дека „нема сомнежи повеќе“ дека вакцините против ковид-19 се штетни. Постот споделува напис во кој се наведува дека шпански тим научници ја откриле тајната на магнетизмот кај вакцинираните лица, односно дека тие содржат графен оксид. Не е точно дека вакцините предизвикуваат магнетизирачко дејство, ниту, пак, има докази дека тие содржат графен оксид.

Тим на шпански истражувачи и професори предводен од биостатистичарот Рикардо Делгадо и др. Хозе Севилано внимателно ја погледнаа вакцината против корона. Резултатите се загрижувачки. Вакцините се чини дека содржат графен оксид, се вели во написот.

Текстот посочува дека истражувачите ја ставиле вакцината под електронски микроскоп за пренос (ТЕМ) и откриле дека таа во најголем дел е изработена од графен оксид, кој може да ги направи луѓето магнетни и да предизвикаат згрутчување на крвта и смрт. Под текстот има и видео во кое Рикардо Делгадо и Хозе Севилано споредуваат фотографии од некој материјал и графен оксид.

Извештајот го подготвил професорот Пабло Кампра Мадрид од Универзитетот во Алмерија во Шпанија.

Во текстот, најпрвин, не се наведува конкретно на која вакцина се мисли, односно која вакцина содржи графен оксид. Оттука, веднаш станува сомнително напишаното. Понатаму, зад истражувањето од кое е понудено и линк, стојат професори од универзитетот во Алмерија, Шпанија. И тоа е така наведено за да добие на тежина.

Но, она што е факт е дека овој универзитет не објавил истражување кое покажува дека вакцините содржат графен оксид. Документот со печат од универзитетот во Алмерија не е ниту научно одобрена студија, ниту е одобрена од овој универзитет, пишува шпанскиот портал Њутрал.ес.

Академската институција се дистанцирала од оваа претпоставена студија и нејзините заклучоци.

Овој универзитет ниту ги поддржува ниту ги „споделува“ заклучоците од студијата, бидејќи станува збор за „неофицијален извештај на универзитетски професор за анализа на примерок од непознато потекло со тотален недостаток на следливост“, се истакнува во соопштението од универзитетот објавено на 2 јули.

 

Документот, односно истражувањето, не дава убедливи научни докази дека овластените вакцини против ковид-19 не содржат ниту графен, ниту графен оксид, како што е наведено во текстот кој го анализираме. Авторот на извештајот споредува фотографии добиени од електронска микроскопија. Едната од нив е од примерок од графен оксид, а другата од течност што, според документот, може да биде вакцината на Фајзер-Бионтек, иако потеклото и фактот од каде доаѓа производот не се познати.

Како што пишува Њутрал.ес, авторот признава дека епруветата со течноста која ја анализирал пристигнала со достава, но дека не знае од каде доаѓа, односно не можел да го следи патот на пратката. Исто така, појаснува дека лицето кое му го испратило овој наводен пакет е Рикардо Делгадо Мартин, познат по ширењето антиваксерски содржини.

Посочениот документ во текстот не е студија објавена во престижно научно списание од својата област, која обезбедува „печат на квалитетот“ на научната работа. Исто така, нема докази дека текстот е потврден од научната заедница во процесот познат како рецензија, во кој се проверуваат методологијата, толкувањето, резултатите и заклучоците.

Како што може да се прочита на неговите страници, станува збор за „привремен извештај“ чија цел е „микроскопска идентификација на деривати на графен“ во наводен примерок од вакцината Фајзер-Бионтек. За да го направите ова, сликите на примерокот, добиени преку техниката на електронска микроскопија, се споредуваат со сликите на „намален графен оксид“ земени од научната литература.

Како што е наведено во публикацијата, фотографиите претставуваат „голема сличност“ едни со други. Затоа, од оваа споредба, се заклучува дека „микроскопската студија на примерокот обезбедува солиден доказ за веројатно присуство на деривати на графен“.

Сепак, авторот признава дека „микроскопијата не дава убедливи докази“ и дека „анализите во овој извештај се за еден ограничен примерок“.

На крајот, публикацијата не дава убедливи докази дека вакцината „Фајзер-Бионетк“ содржи графен оксид.

Целосниот состав и сите компоненти на вакцините може да се пронајде на следниот линк на македонската официјална страница за вакцинација. Од документите приложени, може да се види дека во составот на вакцината на „Фајзер-Бионтек“ нема графен оксид.

Од сето ова може да се заклучи дека постот шири дезинформации поврзани со составот и квалитетот на вакцините. „Вистиномер“ досега неколкупати ја дебанкираше дезинформацијата дека вакцините имаат магнетизирачко дејство. Што се однесува до графитниот оксид, нема докази дека вакцините ја содржат оваа компонента.


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Тој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.

 

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција