Не е точно дека „властите во Романија ќе цензурираат сè што не им се допаѓа“ на претстојните избори

Букурешт, Романија | Фото: Madalin Pentelie, CC0, Викимедија комонс

Ширењето на дезинформации за кандидатите, партиите, изборните резултати и процеси, користењето на вештачка интелигенција за манипулирање на јавното мислење, поддршка од инфлуенсери што не кажуваат како се финансирани, ширење лаги за тоа дека некое избирачко место е префрлено, закана кон гласачи базирано на нивниот избор за кандидат, купување гласови преку платформи онлајн, користење бот фарми за подигнување на рејтингот на некој кандидат на лажен начин, објавување реклами без да се каже кој ги финансирал и од кои пари се дејствија што ќе бидат се само дел од практиките што не се толерираат во Романија. Тоа не е цензура зашто на сите им е и понатаму дозволено да коментираат во рамките на законите, но не е дозволено координирано странско малигно влијание и влијаење врз гласачите на нетранспарентен начин

Ширењето на дезинформации за кандидатите, партиите, изборните резултати и процеси, користењето на вештачка интелигенција за манипулирање на јавното мислење, поддршка од инфлуенсери што не кажуваат како се финансирани, ширење лаги за тоа дека некое избирачко место е префрлено, закана кон гласачи базирано на нивниот избор за кандидат, купување гласови преку платформи онлајн, користење бот фарми за подигнување на рејтингот на некој кандидат на лажен начин, објавување реклами без да се каже кој ги финансирал и од кои пари се дејствија што ќе бидат се само дел од практиките што не се толерираат во Романија. Тоа не е цензура зашто на сите им е и понатаму дозволено да коментираат во рамките на законите, но не е дозволено координирано странско малигно влијание и влијаење врз гласачите на нетранспарентен начин

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

07.03.2025.

Почнувајќи од следната недела, романската влада ќе наметнува казни од 10.000 до 20.000 евра и ќе ги цензурира содржините на интернет за кои смета дека се „теории на заговор“, „манипулативни“ итн.

Во суштина, властите ќе имаат можност да цензурираат сè што не им се допаѓа.

Не е точно дека „властите во Романија ќе имаат можност да цензурираат сè што не им се допаѓа“, но новата регулатива во Романија, длабински, суштински, детално и систематски го регулира поведението што може да придонесе за изборна измама. Веќе еднаш изборите во Романија беа поништени од страна на Уставниот суд поради сомнежи за надворешно мешање. Кандидатот што го искористи ова и победи во првиот круг Калин Георгеску (изборите беа поништени), се жалеше до Европскиот суд за човекови права, ама му беше одбиена тужбата.

Новите избори во Романија ќе се одржат на 4 и 18 мај 2025 година. Со новата регулатива во Романија се штитат демократските процеси и се осигурува одржување на фер и транспарентни избори, се штитат избирачите од дезинформации, манипулации со вештачка интелигенција и странско влијание. За таа цел воведени се построги правила.

Новите правила за транспарентност, бараат за време на изборната кампања, политичките актери да мораат да осигураат секој изборен рекламен материјал што е објавен да има на себе јасна одредница дека се работи за платено политичко рекламирање, да се напише и спонзорот на тој материјал (име, мејл адреса, адрса). Таму каде што е апликативно, мора да се напише и дека материјалот за политичко рекламирање бил користен со техники за тергитирано дистрибуирање. Се бара и изјава дека парите потрошени на подготовка, пласман, промоција, објавување и дистрибуција на политичкиот маркетинг доаѓа од законски извори. Овие правила за транспарентност се однесуваат и се апликативни и на социјалните мрежи за секоја промоција, дистрибуција, пост на социјалните мрежи, на многу големите онлајн платформи или други социјални мрежи. Според Ројтерс, социјалните мрежи мора да отстрануваат содржини што не ги следат правилата најдоцна 5 часа откако ќе биде побарано од романските власти за спроведување на изборниот процес или да ризикуваат казни од 1 до 5 проценти од приходот.

Деталите за тоа како да се промовира, дистрибуира, да се постира или изменува политички рекламен материјал, понатаму се развиени во неодамна објавената одлука PEA Draft Decision која воспоставува строги правила за транспарентност за претседателската кампања во Романија.

Според драфт одлуката, политичките актери мора да осигураат дека сите рекламни материјали, независно од медиумот, се јасно обележани, јасно е откриено финансирањето и информациите за техниките за таргетирање. Специјални барања се однесуваат на различни формати како аудио, онлајн текстови, или преноси во живо. Одлуката наредува редистрибуираните или едитирани материјали да ги имаат сите обележја на нив и воведува процес на жалба за манипулативни рекламни практики како лажни профили. Злоупотребите на овие правила се казнуваат од 3 до 10 илјади евра за политичка партија, политички сојуз, независен кандидат или донатор како и за индивидуалец, пишуваат три адвокатки што ги коментираат промените.

Тие додаваат дека регулативата оцртува и разлики за да се заштити слободата на изразување и уредувачката политика.

Специфично, политичките мислења кои се лично изразени, или пак, преку медиумите, се експлицитно исклучени, освен ако не се платени од трета страна. Личните објави на социјалните мрежи или политичките ставови изразени во медиумите под уредничка одговорност, не спаѓаат во регулативата, освен ако не се платени, пишуваат тие.

Многу големите онлајн платформи и многу големите онлајн сервиси за пребарување се задолжени да ги пресретнат системските ризици за да се спречи нелегален говор на омраза онлајн, закани од странски манипулации со информации и мешање (ФИМИ) како и поширокиот феномен на дезинформациите, вклучително и тие што се создадени со вештачка интелигенција.

Но, ова не е цензура на сè што ќе се посака, туку само на содржините што одат против стандардите што ги имаат воспоставено сите социјални мрежи.

На пример МЕТА во своите правила за користење веќе има наведено дека може да отстрани содржини што веројатно директно ќе влијаат на функционирањето на политичките процеси.

На корисниците исто така им се дозволува да ја евалуираат вистинитоста на содржините преку специјални алатки, меѓу кои обележувања од факт-чекови, што ги охрабрува корисниците да верифицираат содржини и извори пред да ги споделат тие содржини. Исто така, МЕТА се бори против неавтентичното однесување кое е координирано и е посветена да превенира неавтентично однесување во контекст на изборите.

На 4 март 2025 година, беше одржан состанок меѓу претставници на социјалните мрежи, европските и романските власти и граѓанскиот сектор за превенирање на дезинформации во пресрет на претседателските избори во Романија што ќе се одржат во мај. Состанокот се одржа во насока на почитувањето на Законот за дигитални услуги (Digital Services Act) во контекст на претстојните претседателски избори.

Како што може да се заклучи од соопштението за јавност по одржувањето на овој состанок, се дискутирало за мерките што треба да се спроведат а кои се наведени во препораките на Европската Комисија (European Commission’s Guidelines) за намалување на системските ризици во изборниот процес. Од соопштението се заклучува и дека има и човечки ресурси и технолошки ресурси за модерирање што платформите ги назначиле, како и нивни начини што ги презентирале за да се идентификува неавтентично однесување, програми во Романија за проверка на факти, систем за брз одговор, начини да се идентификуваат и да се спречат координирани дезинформациски кампањи итн.

Digital Services Act, има цел да обезбеди безбедна онлајн средина. Има правила за справување со нелегални содржини, а во исто време да се заштити слободата на изразување и информациите онлајн. Ги обврзува онлајн платформите и многу големите пребарувачи, да анализираат, и каде што е можно да ги отстранат системските ризици од нивните сервиси. Ова може да вклучи, на пример, ризик за основните права, кој произлегува од ширење на нелегални содржини ризични за изборниот процес, пишува во соопштението.

На 27 март 2025 година ќе биде организирано пробно тестирање на капацитетите на сите чинители инволвирани во изборниот процес во Романија, а особено на платформите што треба да ги адресираат манипулативните однесувања кои може да се случат за време на изборниот период.

Така што, ширењето на дезинформации за кандидатите, партиите, изборните резултати и процеси, користењето на вештачка интелигенција за манипулирање на јавното мислење, поддршка од инфлуенсери што не кажуваат како се финансирани, ширење лаги за тоа дека некое избирачко место е префрлено, закана кон гласачи базирано на нивниот избор за кандидат, купување гласови преку платформи онлајн, користење бот фарми за подигнување на рејтингот на некој кандидат на лажен начин, објавување реклами без да се каже кој ги финансирал и од кои пари се дејствија што ќе бидат се само дел од практиките што не се толерираат во Романија. Тоа не е цензура зашто на сите им е и понатаму дозволено да коментираат во рамките на законите, но не е дозволено координирано странско малигно влијание.

Социјалните мрежи мора или да ги означуваат содржините што се создадени со вештачка интелигенција или да ги отстранат, ако се работи за содржини што може да влијаат на гласачката одлука.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција