Не е точно дека во ковид болниците се убиваат здрави луѓе

Фото: zdravstvo.gov.mk

Според анализите на Министерството за здрваство, починатите од ковид-19 имале повеќе комбинирани хронични заболувања, така што не биле ,,здрави” како што лажно се тврди во овој пост. Медицинските белешки, историјата на лекувањето на пациентите во здравствениот систем, со години наназад се следи во досие кое е електронско. Секојпат кога лекарот ќе го испише матичниот број на пациентот, во компјутерскиот систем може да пристапи до неговите поранешни состојби, коморбидитети, причините поради кои во минатото барал лекарска интервенција. Исто така, самата хоспитализација бара пациентот да има индикација за да биде примен на болничко лекување. Не може само да се отиде во болница, без никаква причина и да се заврши во болнички кревет. Никој здрав не оди да биде хоспитализиран во болница!

Според анализите на Министерството за здрваство, починатите од ковид-19 имале повеќе комбинирани хронични заболувања, така што не биле ,,здрави” како што лажно се тврди во овој пост. Медицинските белешки, историјата на лекувањето на пациентите во здравствениот систем, со години наназад се следи во досие кое е електронско. Секојпат кога лекарот ќе го испише матичниот број на пациентот, во компјутерскиот систем може да пристапи до неговите поранешни состојби, коморбидитети, причините поради кои во минатото барал лекарска интервенција. Исто така, самата хоспитализација бара пациентот да има индикација за да биде примен на болничко лекување. Не може само да се отиде во болница, без никаква причина и да се заврши во болнички кревет. Никој здрав не оди да биде хоспитализиран во болница!

 

Рецензираме пост на Фејсбук, во којшто е изнесено обвинување на сметка на здравствените работници и вработените во болниците каде се лекуваат ковид позитивни пациенти. Иако во постот не се споменува конкретно РС Македонија, сепак, авторот на постот честопати и во минатото ги има обвинувано и клеветено лекарите во земјава дека убивале пациенти, секогаш не поткрепувајќи го тоа со никаков факт или материјален доказ.

Во објавата овојпат се тврди:

23.10.2021

 Во ковид болниците убиваат здрави луѓе.

Првата невистина е дека пациентите ,,се убивани”, а втората дека се ,,здрави”. Последната анализа на Министерството за здравство за периодот од 6 август до 21 октомври покажува дека смртноста кај невакцинираните е драстичко поголема. Во овој временски период на територијата на државата починале 1.506 лица со ковид-19. Од нив, 1.246 пациенти односно 83 проценти од починатите не биле вакцинирани, а само 260, односно 17 проценти примиле вакцина.

Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, се вели во информацијата од Министерството за здравство 

Медицинските белешки, историјата на лекувањето на пациентите во здравствениот систем, со години наназад се следи во досие кое е електронско. Секојпат кога лекарот ќе го испише матичниот број на пациентот, во компјутерскиот систем може да пристапи до неговите поранешни состојби, коморбидитети, причините поради кои во минатото барал лекарска интервенција. Матичните лекари, пак, исто така, водат евиденција за своите пациенти и администрираат терапија за хроничните болести.  Базирано на овие медицински истории, Министерството за здравство заклучило дека починатите пациенти навистина имале повеќе хронични заболувања и не биле ,,здрави”, како што лажно се тврди во постот што го рецензираме.

Понатаму, самата хоспитализација бара пациентот да има индикација за да биде примен на болничко лекување. Не може само да се отиде во болница, без никаква причина и да се заврши во болнички кревет. Конкретно, за ковид дијагнозата, има одредени параметри коишто индицираат хоспитализација. На пример, ниска сатурација, друга симптоматологија која сугерира дека пациентот има потреба од хоспитализација. Никој здрав не оди да биде хоспитализиран во болница!

Во врска со смртноста на ковид позитивните пациенти, има одредени статистики и на некои клиники во земјава. На пример, во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, на интерните клиники. Таму, од 2 илјади пациенти коишто се лекувале, починале 381 пациент, а дури една петтина од починатите, починале првиот ден од хоспитализацијата. Ова го обелодени координаторот на сите ковид центри и директор на Клиниката за пулмологија, доктор Дејан Докиќ, базирано на статистика од сите интерни клиники во државната болница. Значи, барем за една петтина од пациентите кои починале таму, причината не е тоа што биле несоодветно третирани, туку задоцнетото доаѓање и доцната хоспитализација.

Понатаму, во болниците се третираат пациентите или со позитивен ПЦР тест, или со симтоматологија која укажува на ковид-19. Јасно е дека тие со позитивен ПЦР тест имаат вирус во организмот (непредвидливо е како тој ќе се однесува и какви последици ќе предизвика на пациентот). Ова е уште еден аргумент кој оди против лажното тврдење дека луѓето што доаѓаат во болница се ,,здрави”.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ во Скопје, пак, од почетокот на пандемијата, спасени од респиратор се 130 пациенти, што претставува многу комплексна процедура. Повеќепати од страна на здравствените власти е напоменувано дека ковид-19 е непредвидлива болест, којашто ги напаѓа и младите и возрасните, има непредвидлив тек на развојот на симптомите. Точно е дека се случува некогаш и луѓе без коморбидитети да починат. За причините за ова повеќе медицински професионалци ги имаат изложено своите гледишта.

Поради сите горенаведени аргументи, оценуваме дека не е вистина дека во ковид болниците се убиваат здрави луѓе.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција