Не е точно дека во подземјето бил пронајден генетски модифициран човек-волк

Фото: Принтскрин видео

Не постојат никакви докази или индиции дека организмот прикажан на фотографиите е генетски модифициран, како што се тврди во постот, туку станува збор за изобличеност настаната поради долготраен престој во вода. Во постот е споделено и видео од наводен генетски модифициран волк, но наспроти ваквото тврдење станува збор за уметничка скулптура која била претставена на  натпревар за филмска креација. Скулптурата потоа е анимирана со специјални ефекти и така е настанато видеото

Не постојат никакви докази или индиции дека организмот прикажан на фотографиите е генетски модифициран, како што се тврди во постот, туку станува збор за изобличеност настаната поради долготраен престој во вода. Во постот е споделено и видео од наводен генетски модифициран волк, но наспроти ваквото тврдење станува збор за уметничка скулптура која била претставена на натпревар за филмска креација. Скулптурата потоа е анимирана со специјални ефекти и така е настанато видеото

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се вели дека „некаде во подземјето, пронајден е генетски модифициран организам човек волк”.

Во склоп на постот има три елементи, едно видео и две фотографии. Ќе започнеме од суштеството претставено на двете фотографии. Според очевидец, тоа е забележано на плажа во Австралија, а очевидецот го има видео документирано настанот во март годинава.

 

Според „Ју Ес Еј Тудеј“, шпекулациите на социјалните мрежи се однесуваат на две теории, дека се работи за кенгур или за вонземско тело. Меѓутоа, локалните медиуми, како што известува весникот, посочиле дека станува збор за посум кој е надуен поради долгото присуство во водата.

Друг медиум известува дека австралиската легенда Стив Ирвин, познат конзерватор и зоолог, кажал дека распаѓањето, солената вода и чистачите на океаните, честопати можат да дадат чуден изглед на телата кои испливуваат од морето после подолг престој во вода, што прави телото да биде тешко да се идентификува, бидејќи овие ефекти може да ги изобличат труповите до непрепознатливост.

Така што, не постојат никакви докази или индиции дека организмот е генетски модифициран, како што се тврди во постот што го рецензираме, туку станува збор за изобличеност настаната поради долготрајниот престој во вода.

Во склоп на постот што го рецензираме, објавено е и видео од наводен генетски модифициран волк, за кој, пак, постојат докази дека претставува дел од натпревар за филмска креација. Во 2021 година, објавен е конкурс за креирање на ваков волк, а еден од креаторите кои влегле во потесниот круг е Џозеф Роб Кобаски со креацијата на волкот што го гледаме на видеото во постот. Што значи, не станува збор за вистински волк, ниту за некаков генетски модифициран човек волк, туку за креација на уметник!  Скулптурата потоа  е анимирана со специјални ефекти и така е настанато видеото.

Со оглед на тоа што станува збор за исклучителна уметничка креација, таа успеала на интеренет да залаже доволен број на луѓе кои поверувале дека станува збор за вистинит волк. Скулптурата доби голем број пофалби од корисниците на социјалните мрежи за нејзиниот изглед кој лесно може да залаже дека е веродостоен.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е точно тврдењето дека „некаде во подземјето, бил пронајден  генетски модифициран организам човек волк“. Станува збор за уметнички производ со специјални ефекти, благодарение на кои е настанато видеото направено за потребите на конкурс за филмска креација.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција