Не е точно дека во Турција не се истакнувале знамињата на ЕУ и НАТО

Средба Мицкоски-Ердоган во Труција, 28.02.2025 Фото: vlada.mk

Во Турција во бројни прилики се истакнувало знамето на ЕУ или знамето на НАТО, меѓутоа кога тоа е прикладно на протоколот. На фотографијата прикажана во објавата, позади Мицкоски и Ердоган нема знамиња на ЕУ и на НАТО затоа што не се дел од протоколот, бидејќи станува збор за билатерална средба

Во Турција во бројни прилики се истакнувало знамето на ЕУ или знамето на НАТО, меѓутоа кога тоа е прикладно на протоколот. На фотографијата прикажана во објавата, позади Мицкоски и Ердоган нема знамиња на ЕУ и на НАТО затоа што не се дел од протоколот, бидејќи станува збор за билатерална средба

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија од последната посета на премиерот Христијан Мицкоски на Турција, каде беше примен од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Во склоп на објавата пишува:

Е нема туѓи (ЕУ/НАТО) знамиња кај Турците. Само резервати се обележуваат со знамињата на газдите.

На фотографијата позади Мицкоски и Ердоган има знамиња на Северна Македонија и на Турција. Знамињата на ЕУ и на НАТО ги нема затоа што не се дел од протоколот, бидејќи станува збор за билатерална средба – што е наведено и во самата најава од владината прес-служба:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска патува во посета на Република Турција. Премиерот Мицкоски ќе има средба со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, при што ќе биде потпишана заедничка политичка декларација за основање Совет за соработка на високо ниво помеѓу Владата на Република Турција и Владата на Република Северна Македонија. Овој Совет се основа со цел продлабочување и интензивирање на соработката во сите области од заеднички интерес на билатерално, регионално и глобално ниво, се наведува во известувањето за посетата од владината прес-служба.

После средбата беше истакнато дека двете земји ќе направат Совет за соработка на високо ниво меѓу двете земји, за што двајцата лидери потпишаа декларација.

Изјавата на Ердоган после средбата, не промовира негативни пораки кон НАТО. Напротив, турскиот претседател рече дека Турција и Северна Македонија, двете држави сојузници на НАТО развија силни односи во изминатите 30 години, силни како Камениот мост во Скопје.

Доказ дека при посетата на Мицкоски во Турција, ништо не е згрешено со протоколот претставува праксата и на минатите претседатели на Македонија. На пример, на оваа фотографија може да се види како поранешниот претседател Стево Пендаровски е во билатерална посета на Полска и изложени се 2 знамиња, тоа на Македонија и тоа на Полска и покрај тоа што Полска е членка на ЕУ од 2004 година.

Во Турција нема никаков проблем да се истакнува знамето на Европската Унија, тогаш кога протоколот го налага тоа. Како на пример кога посетата е на претседателката на Европската комисија како што е прикажано на оваа фотографија.

И Хрватска е членка на ЕУ, па кога Ердоган оди во билатерална посета на Хрватска, истакнати се само двете знамиња на државата домаќин и на државата што доаѓа во посета, како што може да се види на следната фотографија.

Кога во декември 2024 година федералниот канцелар Олаф Шолц ја посети Турција, беше истакнат истиот сетап на знамиња како во случајот со посетата на Мицкоски. Примерот може да се види овде.  

И Италија е членка на НАТО и на ЕУ, па кога премиерката на Италија Џорџа Мелони ја посети Турција, истакнати беа само италијанското и турското знаме.

Но, кога средбата меѓу Ердоган и странски лидер се случува на пример на НАТО самит, тогаш е истакнато и знамето на НАТО.

Дополнително и кога претседателот Ердоган се состана со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и со претседателот на ЕК Фон дер Лајен во Анкара, беа истакнати знамињата на ЕУ и на Турција.

Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава во која се пропушта контекстот. Во Турција во бројни прилики се истакнувало знамето на ЕУ или знамето на НАТО, меѓутоа кога тоа е прикладно на протоколот.

 

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција