Не е точно дека во Украина и Сирија се покосени православните христијани

Володимир Зеленски, Ахмед ал Шара Фото: https: president.gov.ua © European Union, 2025, CC BY 4.0, via Wikimedia Commons

Објавата невистинито тврди дека украинскиот и сирискиот лидер Зеленски и Ал-Шара покосувале христијани. Такво нешто нема. Наративот дека Зеленски го покосил својот православен народ не е нов, тој е про-руски и досега многупати е промовиран на социјалните мрежи од страна на поддржувачи на Русија. Тој особено се засили кога украинската влада донесе закон со кој во Украина се забранија црквите поврзани со Русија. Што се однесува до ситуацијата во Сирија и таму не е точно дека новиот лидер на земјата ги покосил христијаните. Повеќе од 1.000 луѓе, меѓу кои 745 цивили, загинаа во жестоките судири што избувнаа во првата недела од март меѓу сириските безбедносни сили и борците, лојални на соборениот режим на Башар ал Асад

Објавата невистинито тврди дека украинскиот и сирискиот лидер Зеленски и Ал-Шара покосувале христијани. Такво нешто нема. Наративот дека Зеленски го покосил својот православен народ не е нов, тој е про-руски и досега многупати е промовиран на социјалните мрежи од страна на поддржувачи на Русија. Тој особено се засили кога украинската влада донесе закон со кој во Украина се забранија црквите поврзани со Русија. Што се однесува до ситуацијата во Сирија и таму не е точно дека новиот лидер на земјата ги покосил христијаните. Повеќе од 1.000 луѓе, меѓу кои 745 цивили, загинаа во жестоките судири што избувнаа во првата недела од март меѓу сириските безбедносни сили и борците, лојални на соборениот режим на Башар ал Асад

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која споделува фотографии од украинскиот претседател Володимир Зеленски и сирискиот лидер Ахмед ал-Шара и притоа вели:

Од зделките на Западот.

Купи еден, друг земи гратис.

И двајцата евреи хазари, левиот си го покоси својот православен народ. Десниот христијаните во Сирија.

Наративот дека Зеленски го покосил својот православен народ не е нов, тој е проруски и досега многупати е промовиран на социјалните мрежи од страна на поддржувачи на Русија. Тој особено се засили кога украинската влада донесе закон со кој во Украина се забранија црквите поврзани со Русија.

Законот предвидува религиозните организации со „управувачки центри“ во Русија да ги сменат нивните имиња и експлицитно да ги идентификуваат нивните врски со Москва. Законот им забранува на овие организации да ги испраќаат своите припадници во украинската армија. Овој закон беше оспорен пред украинскиот уставен суд и во декември 2022 судот го прогласи за уставен. Тоа ја отвори вратата за присилно преименување.

Зеленски наложи законите да бидат донесени есента 2022 година, притиснат од неколку случаи каде свештеници од Украинската православна црква соработувале со руската армија.

Од октомври до декември 2022 година Тајната служба на Украина изведе неколку пребарувања на имот на Украинската православна црква и во домовите на свештенството низ земјата и нашла руска пропаганда, како и докази дека некои од свештениците имале руско државјанство.

Конечно, во декември 2022 година базирано на одлуката од Советот за национална безбедност, Зеленски побара кабинетот на министри да изработи закон кој ќе ги забрани религиозните организации поврзани со Москва, со напомена дека законот мора да е во согласност со обврските на Украина кон Советот на Европа.

Руската православна црква и нејзиното водство активно ја поддржуваат агресијата на Путин против Украина. Тајната служба на Украина има регистрирано случаи во кои свештенството на Украинската православна црква се вклучувало во оправдување на руската агресија против Украина и колаборација со руски трупи во окупираните територии.

Во декември 2022 година свештеникот од Украинската православна црква, Андреј Павленко беше осуден од украински суд зашто шпионирал за Русија.

Зеленски на крајот од 2022 години ги повика украинските членови на парламентот да видат како да биде превенирано православната црква под директна контрола на Москва да не може да оперира во Украина.

Зеленски рече дека е неопходен закон што ќе оневозможи религиозни организации поврзани со центри на влијание во Руската Федерација да оперираат во Украина, реферирајќи на Украинската православна црква поврзана со Москва.

После ова, Димитриј Медведев го нарече Зеленски непријател на Христос и на православната вера. Но, ова не е логично, затоа што според Pew Research Center од Вашингтон, 78 проценти од Украинците се идентификуваат како православни.

Значи, Зеленски не го „покоси својот православен народ“ како што тоа го тврди објавата, туку ги забрани црквите кои се поврзани со Русија и кои работат против интересите на Украина.

Што се однесува до ситуацијата во Сирија и таму не е точно дека новиот лидер на земјата Ахмед ал-Шара ги покосил христијаните. Повеќе од 1.000 луѓе, меѓу кои 745 цивили, загинаа во жестоките судири што избувнаа во првата недела од март меѓу сириските безбедносни сили и борците, лојални на соборениот режим на Башар ал Асад, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR), објави британски Гардијан.

Според податоците на оваа британска организација, 125 припадници на безбедносните сили и 148 борци, верни на Асад, се убиени во конфликтот, но бројот на жртвите би можел да биде и повисок. Најмалку 30 масакри биле извршени врз Алавитите, малцинска верска заедница од која потекнува поранешниот претседател. Судирите започнале кога про-Асадовите борци ги нападнале безбедносните сили во Џаблех, крајбрежен град во провинцијата Латакија.

Сирискиот лидер Ахмед ал-Шара повика на мир и на национално единство.

Мораме да ги зачуваме националното единство и граѓанскиот мир колку што е можно повеќе и, ако даде Бог, ќе можеме да живееме заедно во оваа земја, рече Шара во говор, одржан од џамија во Дамаск.

Никој во Сирија не убивал намерно христијани, уште помалку Сирискиот лидер Ахмед ал-Шара ги покосил. По судирот со Алавитите, христијаните сега стравуваат за себе, пишува сајтот Сhristianitytoday.com.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме  е невистинита.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција