Не е точно дека во времето на Александар не постоеле Грци

Фото: fszalaiPixabay

Грција е дом на првите напредни цивилизации во Европа и се смета за родно место на западната цивилизација, почнувајќи од Кикладската цивилизација на островите на Егејско Море околу 3200 година п.н.е., минојската цивилизација на Крит (2700-1500 п.н.е.), како и микенската цивилизација (1600-1100 п.н.е.). Овие цивилизации имале рана форма на грчки јазик

 

Грците се нарекувале Хелени и нивната земја била Хелада. Името „Грци“ било дадено на народот во Грција подоцна од Римјаните. Живееле во континентална Грција и грчките острови, но и во колонии расфрлани околу Средоземното Море. Грција е дом на првите напредни цивилизации во Европа и се смета за родно место на западната цивилизација, почнувајќи од Кикладската цивилизација на островите на Егејско Море околу 3200 година п.н.е., минојската цивилизација на Крит (2700-1500 п.н.е.), како и микенската цивилизација (1600-1100 п.н.е.). Овие цивилизации имале рана форма на грчки јазик

 

 

Анализираме објава на социјалната мрежа Тредс која споделува некаква мапа со владетели за која тврди дека го разбранувала македонскиот интернет.

Мапата која го разбранува македонскиот интернет: Како е можно Филип да е Македонец, а Александар Грк?, стои во објавата.

Објавата споделува и напис во кој се посочува:

Чекај, чекај, поимот Грција и Грци не постоеле во тоа време. Тогаш целата таа територија била расцепкана на градови-држави. Може ли некој да објасни зошто цела светска историја го игнорира овој факт?

Прво, објавата не објаснува на кој начин мапата која ја споделува го разбранувала македонскиот интернет, ниту пак, има пренесено некакви разбранувани реакции. Наместо тоа, изнесува наводни историски факти кои немаат никаква врска со вистинските факти.

Не е точно дека Грција и Грци не постоеле во времето на Александар Велики. Грците се нарекувале Хелени и нивната земја била Хелада. Името „Грци“ било дадено на народот во Грција подоцна од Римјаните. Живееле во континентална Грција и грчките острови, но и во колонии расфрлани околу Средоземното Море.

Точно е дека во тоа време не постоела една земја наречена „античка Грција“. Овој „аргумент“ не значи ништо, зашто во тој тој период не постоела ниедна од денешните држави, па не е јасно зошто од Грција такво нешто би се очекувало. Она што денес го нарекуваме „држава“ како начин на општествено уредување настанало многу подоцна, но тоа не значи дека не постоел народ со иста или слична култура, кои говореле ист или сличен јазик, каков што е старогрчкиот, па дури и посебна религија, при што со сите овие карактеристики се издвојувале и разликувале од сите други во нивното соседство. Наместо како една држава, Грција била поделена на мали градови-држави, како Атина, Спарта, Коринт и Олимпија.

Грчките градови-држави биле доминантна структура на населби во античкиот грчки свет и помогнале да се дефинира начинот на кој различните региони комуницирале едни со други.

Град-држава, или полис, била структурата на заедницата на античка Грција. Секој град-држава бил организиран со урбан центар и околните села. Карактеристики на градот во полисот биле надворешните ѕидини за заштита, како и јавниот простор кој вклучувал храмови и владини згради.

Грција е дом на првите напредни цивилизации во Европа и се смета за родно место на западната цивилизација, почнувајќи од Кикладската цивилизација на островите на Егејско Море околу 3200 година п.н.е., минојската цивилизација на Крит (2700-1500 п.н.е.), како и микенската цивилизација (1600-1100 п.н.е.). Овие цивилизации имале рана форма на грчки јазик.

Илијада, пoемата за Илион (Троја) е една од двете главни антички грчки епски песни што му се припишуваат на Хомер. Таа е едно од најстарите постоечки литературни дела што сè уште широко се читаат од модерната публика. Како и Одисеја, песната е поделена на 24 книги и е напишана во дактилен хексаметар , веројатно околу крајот на 8 или почетокот на 7 век п.н.е. Илијада и Одисеја веројатно се запишани на Хомерски грчки, литературен дијалект на старогрчкиот јазик кој се состои главно од архаична форма на јонски, со некои ајолски форми, неколку од аркадо-кипарскиот и пишана форма под влијание на атичкиот.

Според Британика, грчкиот јазик е индоевропски јазик што се зборува првенствено во Грција. Има долга и добро документирана историја – најдолга од кој било индоевропски јазик, која опфаќа 34 века. Постои античка фаза, поделена на микенски период (текстови со слоговно писмо посведочени од 14 до 13 век п.н.е.), архаичен и класичен период (почнувајќи со усвојувањето на азбуката, од 8 до 4 век п.н.е.); хеленистичка и римска фаза (IV век п.н.е. до 4 век н.е.); византиска фаза (од 5 до 15 век н.е.); и модерна фаза.

Од горенаведената аргументација можеме да заклучиме дека Грција и Грци, како и грчки јазик имало во периодот на Филип II Македонски и на Александар Велики. Ова се добро познати историски факти и историјата нив не ги игнорира. Па, имајќи го предвид сето ова, објавата што ја анализираме ја оценуваме како неточна.

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција