Не е точно дека водата во сите градови во земјава не е ни за пиење ни за миење

Фото: Skitterphoto, CC0, via Wikimedia Commons

Освен градовите каде што имаше проблеми со водата, на други локации таа е безбедна за пиење и миење (употреба како техничка вода) и поради тоа објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина. Како еден конкретен пример каде што квалитетот на водата секојдневно е на високо ниво, е скопската вода: скопски „Водовод“ секој ден споделува со јавноста резултати од испитувањата на мострите кои покажуваат дека таа е и за пиење и за миење.

Освен градовите каде што имаше проблеми со водата, на други локации таа е безбедна за пиење и миење (употреба како техничка вода) и поради тоа објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина. Како еден конкретен пример каде што квалитетот на водата секојдневно е на високо ниво, е скопската вода: скопски „Водовод“ секој ден споделува со јавноста резултати од испитувањата на мострите кои покажуваат дека таа е и за пиење и за миење

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Се известуваат граѓаните од сите градови во Република Македонија дека; ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ НЕ Е НИ ЗА МИЕЊЕ!!!!

Објавата е од 25 јули 2026 година и е невистинита. На овој датум беше на сила забраната што ја издаде Агенцијата за храна, а која важеше за Гостивар, каде водата не беше за пиење и беше забранета да се користи и како техничка вода, со оглед на тоа што во водоводниот систем во Гостивар беше регистрирано зголемено присуство на колиформни (фекални) бактерии. Водата во Гостивар беше прогласена за исправна и дозволена за техничка употреба на 27 јули 2026, но не и за пиење и за приготвување храна.

Јавното претпријатие за снабдување со вода на Крушево, на 23 јули – два дена пред објавата што ја рецензираме – информираше дека на жителите на град Крушево им се препорачува за пиење да користат пакувана вода, додека водата од Градскиот водовод, како вода за лична хигиена, приготвување на храна, перење и миење на садови можат да ја користат само после превривање од минимум 10 минути. Подоцна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов објасни дека до оваа ситуација дошло поради прекин на струја – најмногу еден час не работел хлорниот инструмент, односно немало хлорирање на водата. Според Ангелов оваа ситуација не треба да се поистоветува со таа во Гостивар зашто нема ниту луѓе што бараат лекарска помош, ниту пак некој со здравствени симптоми од водата.

На 24 јули 2026 година Агенцијата за храна и ветеринарство ја укина забраната за пиење на водата во Валандово каде што имаше зголемено присуство на арсен и водата повторно беше прогласена за безбедна за пиење. Претседателот на СДСМ Венко Филипче информираше дека во мај годинава, имало присуство на зголемен број на колиформни бактерии во водата во болницата во Лешок. Потоа министерот за здравство Сашо Клековски излезе на терен и информираше дека специјалната болница во Лешок има проблеми со водата за пиење со години и користи диспанзери, односно не ја користи водата од селскиот водовод.

Освен на овие места каде што имаше проблеми со водата, на други локации таа е безбедна за пиење и миење (употреба како техничка вода) и поради тоа објавата што ја рецензираме ја оценуваме како невистина. Како еден конкретен пример каде што квалитетот на водата секојдневно е на високо ниво, е скопската вода: скопски „Водовод“ секој ден споделува со јавноста резултати од испитувањата на мострите кои покажуваат дека таа е и за пиење и за миење.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција