Не е точно дека западните држави и ЕУ молчат за убивањето цивили во Газа

Разурнувањата во Појасот Газа Фото: Jaber Jehad Badwan, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Не е точно дека од „западната цивилизација“ вклучително и од ЕУ нема ниту глас во врска со секојдневното убивање цивили во Газа од страна на Израел. Досега во повеќе наврати лидери на европските држави го критикувале израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху обвинувајќи го дури и за геноцид и повикувајќи ги меѓународните институции и организации да преземат постапки против него.

Не е точно дека од „западната цивилизација“ вклучително и од ЕУ нема ниту глас во врска со секојдневното убивање цивили во Газа од страна на Израел. Досега во повеќе наврати лидери на европските држави го критикувале израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху обвинувајќи го дури и за геноцид и повикувајќи ги меѓународните институции и организации да преземат постапки против него

 

 

Анализираме објава на Фејсбук која вели:

Секојдневно во Газа се убиваат цивли а меѓу нив и деца… Од западната ,, цивилизација” во која спаѓа и урнисаната ЕУ , ни глас … ТАМУ ЛИ СЕ СТРЕМИМЕ? …. ЗА ТАМУ ЛИ ГО ШИРИМЕ ЗАДНИКОТ ?

Не е точно дека од „западната цивилизација“, вклучително и од ЕУ, нема ниту глас во врска со секојдневното убивање цивили во Газа од страна на Израел. Досега во повеќе наврати лидери на европските држави го критикувале израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху обвинувајќи го дури и за геноцид и повикувајќи ги меѓународните институции и организации да преземат постапки против него.

Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, на 28 мај 2025 го осуди Израел поради бројот на цивилни жртви во Газа и ограничувањата на хуманитарната помош, јави Араб њуз.

Воената операција на Израел во Газа, непропорционалната употреба на сила и смртта на цивили не можат да се толерираат. Постојаното таргетирање на цивилната инфраструктура е неприфатливо, рече Калас.

Шефот на шпанската дипломатија Хозе Мануел Албарес на 23 јуни 2025 изјави дека ќе побара од Советот на ЕУ да го одобри суспендирање на договорот што ги регулира односите меѓу ЕУ и Израел „во знак на протест против кршењето на човековите права во Газа“.

Тој, исто така, рече дека ќе побара од Советот на ЕУ да одобри ембарго за продажба на оружје на Израел и да усвои санкции против поединци кои го поткопуваат решението за две држави, објавија британските медиуми.

Шпанскиот премиер, Педро Санчез, на 26 јуни стана најистакнатиот европски лидер кој ја опиша ситуацијата во Газа како „геноцид“.

Санчез рече дека Газа е во „катастрофална ситуација на геноцид“ и ја повика Европската Унија веднаш да го суспендира договорот за соработка со Израел. Коментарите претставуваат најсилна осуда досега од страна на шпанскиот премиер, отворен критичар на израелската офанзива, кој е еден од првите европски лидери и највисоко рангиран, кој го употреби терминот „геноцид“ за да ја опише ситуацијата во Газа. Зборувајќи пред самитот на ЕУ во Брисел, Санчез спомена извештај на ЕУ во кој се пронајдени „индикации“ дека Израел ги крши своите обврски за човекови права според договорот за соработка, кој претставува основа за трговски врски, пишува Л’Монд.

Обединетото Кралство, Франција и Канада на 19 мај објавија заедничка изјава во која се заканија дека ќе преземат конкретни акции поради израелската инвазија на Газа и нејзината 11-неделна блокада на хуманитарна помош во палестинската енклава.

Нивото на човечко страдање во Газа е неподносливо. Ја повикуваме израелската влада да ги запре своите воени операции во Газа и веднаш да дозволи хуманитарна помош да влезе во Газа. Нивото на човечко страдање во Газа е неподносливо. Ја повикуваме израелската влада да ги запре своите воени операции во Газа и веднаш да дозволи хуманитарна помош да влезе во Газа, напишаа официјални лица во изјавата.

Тие предупредија дека Израел е во опасност да го прекрши меѓународното право со тоа што ќе ја ускрати „основната хуманитарна помош на цивилното население“ и ќе се закани дека ќе ги принуди Палестинците да ја напуштат Газа. Тие додадоа дека се „посветени на признавање на палестинска држава“.

Ирскиот министер за надворешни работи Мајкл Мартин, на  22 април 2024 година го нарече „колективното казнување“ на Палестинците од страна на Израел по нападот на 7 октомври 2023 година „неприфатливо“, велејќи дека одговорот на Израел не бил пропорционален.

Веруваме дека одговорот бил целосно непропорционален и, според нас, претставувал кршење на хуманитарното право во однос на уништувањето на Газа, а исто така и во однос на убивањето цивили, невини мажи, жени и деца“, рече Мајкл Мартин во говорот пред состанокот на Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Канцеларот Фридрих Мерц на 26 мај ја критикуваше израелската офанзива во Појасот Газа со невообичаено остри зборови за германски лидер, пишува Политико.

Искрено кажано, повеќе не разбирам која е целта на израелската армија во Појасот Газа. Да се ​​наштети на цивилното население до таков степен, како што се случува сè повеќе во последниве денови, повеќе не може да се оправда како борба против тероризмот на Хамас, рече Мерц во интервју емитувано на јавната телевизија.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата која ја анализираме е невистина.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција