Не е точно дека западните медиуми им посветиле малку внимание на провладините протести во Иран
Постојат бројни медиумски известувања кои го демантираат тоа дека провладините протести се малку медиумски покриени. На пример, реномираниот „Гардијан“ на 12 јануари објави голема анализа во која влезот е со токму таа информација, исто како и насловот.
Постојат бројни медиумски известувања кои го демантираат тоа дека провладините протести се малку медиумски покриени. На пример, реномираниот „Гардијан“ на 12 јануари објави голема анализа во која воведот е со токму таа информација, исто како и насловот
Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео и пишува:
Низ цел Иран се одржуваат големи провладини собири. Тие добија малку медиумско внимание во западните медиуми, кои се фокусираат само на антивладините протести што би можеле да доведат до американски воени напади.
Не е точно дека западните медиуми „малку внимание им посветиле на провладините протести кои се одвиваат во Иран“. Но, својствено на западните демократски вредности, западните медиуми исто така ја пренесуваат и „другата страна од приказната“ која говори за антивладините протести кои се одвиваат во земјата.
Имено, конкретните провладини протести посочени во објавата што ја рецензираме, се покриени во голем број на западни медиуми кои имаат огромен кредибилитет, проверка односно верификација на видеоматеријалите, и кои во држави каде што е тоа дозволено, секогаш имаат свои дописници или репортери испратени на терен специјално за одредена задача – известување од настан кој се одвива во конкретната држава.
Секако, медиумски се покриени и антивладините демонстрации во Иран. Но, откако почнаа да се емитуваат информациите за антивладините протести, регистриран беше и прекин на интернетот во Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го нападне Иран доколку неговите безбедносни сили одговорат со сила против демонстрантите, додека групите за човекови права известуваат дека стотици демонстранти се убиени, а илјадници се уапсени. Протестите започнаа пред околу две недели на пазарите во Техеран поради зголемената инфлација, но се проширија во повеќе од 180 градови и места низ целата земја, претворувајќи се во општи протести против режимот, наведува Си-Ен-Ен.
Постојат бројни медиумски известувања кои го демантираат тоа дека провладините протести се малку медиумски покриени. На пример, реномираниот „Гардијан“ на 12 јануари објави голема анализа во која воведот е со токму таа информација, исто како и насловот.
Десетици илјади провладини демонстранти се собраа во Техеран, додека иранскиот режим се обидува да го минимизира континуираното национално протестно движење. Државната телевизија прикажа толпи луѓе како се движат низ улиците на Техеран пред да се соберат на плоштадот Енкелаб за митингот „Иранско востание против американско-ционистичкиот тероризам“, се вели во текстот на „Гардијан“.
Не само што е пренесена информацијата за провладиниот протест во „Гардијан“ туку има и фотографии од тој настан. Ова е само еден од познатите западни медиуми со меѓународно присуство и широк досег на публика кој известуваше за провладините протести во Иран. Но, има и други. Француски „Ле Монд“ исто така има објава, „Ројтерс“ објави фотографии од провладините протести во Иран, а „Асошиејтед Прес“ исто така известува за тоа дека провладините поддржувачи излегоа на улиците на Иран.
Иранската државна телевизија прикажа снимки од демонстранти кои се туркаат во Техеран кон плоштадот Енкелаб, или плоштадот „Исламска револуција“ во главниот град. Известувачите не се осврнаа на основниот гнев поради слабата економија на земјата што предизвика протести пред повеќе од две недели, а демонстрациите ги нарекоа „востание против американско-ционистичкиот тероризам“, извести „Асошиејтед прес“.
Агенцијата „Анадолу“ исто така има текст на оваа тема во изданието на англиски јазик. „Франс 24“ има објавен текст со наслов Иранскиот ајатолах Хамнеи вели дека силната излезност на провладините митинзи е „предупредување“ за САД.
Не е точно дека „антивладините протести би можеле да доведат до американски воени напади, туку според зборовите на Доналд Трамп – убивањето цивили во тие протести може да го предизвика тој „да ги удри многу силно“ (според „Њујорк Тајмс“).
Поради сите горенаведени факти објавата што ја рецензираме ја оценуваме како објава во која се пропушта контекстот.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар