Не е точно дека Зеленски останал без поддршка од лидерите на Г7
Објавата споделува и фотографија од лидерите на Г7 од самитот во францускиот град Евијан-ле-Бен на Женевското Езеро. На фотографијата го нема претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Но, тоа не значи дека Зеленски не бил присутен на самитот и уште помалку дека не добил никаква поддршка
Објавата споделува и фотографија од лидерите на Г7 од самитот во францускиот град Евијан-ле-Бен на Женевското Езеро. На фотографијата го нема претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Но, тоа не значи дека Зеленски не бил присутен на самитот и уште помалку дека не добил никаква поддршка
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
Без Зеленски,ни поддршка,ни помош од пари од Татко му,ни фотографија со Трамп
Објавата споделува и фотографија од лидерите на Г7 од самитот во францускиот град Евијан-ле-Бен на Женевското Езеро. На фотографијата го нема претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Но, тоа не значи дека Зеленски не бил присутен на самитот и уште помалку дека не добил никаква поддршка.
Имено, на други фотографии, објавени токму на официјалната Фејсбук-страница на Зеленски, може да се види како тој е фотографиран со лидерите на Г7.
Самитот на Г7 во Франција донесе важни резултати за Украина. Најважно од сè, се согласивме за дополнително зајакнување на воздушната одбрана на Украина. Ќе има нови чекори за вршење притисок врз Русија во врска со нејзината војна – притисок заради мирот. Нашите партнери ќе обезбедат поддршка за нашата одбрана и енергетска отпорност. Важно е да имаме заедничко разбирање за главните предизвици и конкретни чекори за да одговориме на нив. Нашето глобално единство навистина ја намалува способноста на Русија да продолжи со оваа луда и криминална агресија врз Украина. Им благодарам на сите што ни помагаат!, објави Зеленски.
Од неговата објава може да се види дека Украина добила поддршка од западните лидери, спротивно на тврдењето содржано во објавата.
Поддршката ја изразија и самите лидери на Г7 во заедничката изјава објавена по самитот.
Лидерите на Г7 се обединети во поддршката на Украина, вклучително и нејзиниот територијален интегритет, и се согласни да ги зајакнат санкциите против Русија. За да го поддржиме и забрзаме овој нов моментум, се согласивме да ги зголемиме испораките на капацитети за воздушна одбрана, дополнителни системи и пресретнувачи, како и капацитети за долг дострел. Исто така, подготвени сме да разгледаме проширување на лиценцните бенефиции за Украина за да овозможиме зголемено украинско воено производство. Ја нагласуваме важноста на отпорноста на енергетскиот систем, врз основа на потребите и приоритетите изразени од украинските власти. Се согласивме да обезбедиме дополнителна поддршка за да ѝ помогнеме на земјата да ја преброди претстојната зима. Се обврзуваме да го зголемиме притисокот врз воената економија на Русија. Во овој контекст, ќе ги зајакнеме санкциите, вклучително и врз нафтениот и гасниот сектор. Веруваме дека ова е поволно време за дополнителни мерки, со оглед на тоа што претседателот Трамп постигна договор, кој го поддржуваме, за повторно отворање на Ормускиот Теснец, стои во заедничката изјава.
Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е невистинита.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар