Не е точно тврдењето дека ниедна телевизија не објавила за протестот против ковид мерките

Видео прилози со дел од говорите и инсерти од протестот објавија речсиси сите телевизии, вклучувајќи ги и националните ТВ Сител, ТВ Канал 5, ТВ Алсат, ТВ Телма, ТВ Алфа, како и ТВ 24, ТВ 21, како и триесетина дигитални медиуми. Покрај ТВ Алфа, видео прилози со дел од говорите и инсерти објавија речсиси сите телевизии, вклучувајќи ги и националните ТВ Сител, ТВ Канал 5, ТВ Алсат, ТВ Телма, како и ТВ 24, ТВ 21, како и триесетина дигитални медиуми.

Фејсбук пост тврди дека ниедна телевизија не известила за протестот што во недела (15. август 2021) се одржа во центарот на Скопје, како и во неколку други градови. „Срам за нивната (на медиумите н.з.) објективност“, пишува во постот кој има педесетина коментари и 11 споделувања. Во коментарите продолжуваат нападите, а еден од коментарите гласи: „Тие се платени ковид портали за перење на мозокот на луѓето…работат за сатаната “.

Понатаму се предлага да се бојкотираат и да се блокираат ТВ станиците, а се споделува и новосоздадена Фејсбук група насловена како „Бојкот на медиуми“ во која медиумите се нарачени „предавници“ и „лажачи“ бидејќи, како што се тврди, не информираат за ковид – протестите по светгтот и ги повикуваат граѓаните на „заеднички да ги поразат“.  

Фејсбук постстот дека медиумите не информирале од вчерашниот протест е неточен и манипулативен.

Видео прилози со дел од говорите и инсерти од протестот објавија речсиси сите телевизии, вклучувајќи ги и националните ТВ Сител, ТВ Канал 5, ТВ Алсат, ТВ Телма, ТВ Алфа, како и ТВ 24, ТВ 21, како и триесетина дигитални медиуми.  

Покрај ТВ Алфа, видео прилози со дел од говорите и инсерти објавија речсиси сите телевизии, вклучувајќи ги и националните ТВ Сител, ТВ Канал 5, ТВ Алсат, ТВ Телма, како и ТВ 24, ТВ 21, како и триесетина дигитални медиуми.  

Ова го потврдува и новинарот на ТВ Алфа, Борис Грујовски, кој заедно со колегите известувал од местото на настанот.

Сите медиуми беа на протестот, само што луѓето не беа расположени да зборуваат со нас. Секој од присутните можеше да види дека сме таму, рече новинарот Грујовски.

Некои од говорниците на протест ги нарекоа новинарите „платеници“, прашаа каде се медиумите да информираат за протестите, а присутните одговорија со скандирање „ уа“ и „платеници“ и „платени новинари“.

Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро реагираше на овој однос и ги повика заеднички да ги посетат Ковид центрите, каде, како што пишува во реакцијата, животите ги завршија и неколкумина новинари, а десетици се заразија.

Во оваа “екскурзија”, која од денешнот протест се забележа дека Ви недостасува, ќе ги запознаете новинарите, снимателите и фоторепортерите кои без оглед на опасноста од заразата секојдневно Ви сервира и се уште Ви презентираат свежи и најнови инфомации, вклучително и од и во Ковид центрите, со цел да можете од конфорната зона, односно од Вашиот дом т.е. кауч, да носите правилни одлуки по однос на иднината на нашето општество, стои во рекцијата на ССНМ.

Во исто време, Синдикатот потесетува дека ширењето на лажни вести за Ковид – 19 е недозволиво, неморално и казнивно по закон.

 

 

 

 

 

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Тој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција