Не е точно дека на ЕМОФ се промовирала педофилија преку спортот
Никој не промовира педофилија во спортот, како што тоа сака да го прикаже објавата ѓто ја анализираме. Учесничката на ЕМОФ, како дел од полската одбојкарска репрезентација е физиотерапевтка и таа го делела креветот со тренерот, женско лице, не машко, и била целосно свесна за условите во кои ќе претстојува и истите ги прифатила
Никој не промовира педофилија во спортот, како што тоа сака да го прикаже објавата што ја анализираме. Учесничката на ЕМОФ, како дел од полската одбојкарска репрезентација е физиотерапевтка и таа го делела креветот со тренерот, женско лице, не машко, и била целосно свесна за условите во кои ќе претстојува и истите ги прифатила
Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели:
Ја пратиле ќерката да се такмичи, а таа ќе спие со трењерот и ќе се врати трудна… Од рубриката “Промовираме педофилија преку спортот”…
Објавата споделува и изјава на спортистка учесничка на ЕМОФ која се жали на лошите услови за спиење во сместувачките капацитети во Скопје.
Мораме да спиеме во еден кревет, односно во брачен кревет со тренерот, значи двајца спиеме во таков кревет. Нема тоалети во собите, па мора да делите со другите. Имаме проблем и со водата, немаме вода во блоковите, само во кујната. Ограничено е на две шишиња за еден човек. Имаме проблем и со жештината во собата, нема клима, вели одбојкарката Агата, објави Телма.
Ваквата нејзина изјава, во случајот со објавата што ја анализираме, е злоупотребена, за да се шират лаги дека преку спортот некој промовира педофилија. Притоа, ваквото тврдење е базирано на произволно толкување на зборовите на една млада учесничка на ЕМОФ.
Ваквите и слични злоупотреби за ширење лажни наративи, беа повод младата девојка да се огласи на социјалните мрежи и да даде појаснување на својата изјава.
Физиотерапевтката на тимот на Полска на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) изјави дека во јавноста се добил поинаков впечатокот и објасни дека креветот го делела со женски тренер, не со машки, но и дека целосно била свесна и се согласила на условите во кои ќе биде сместена.
Пред да се случи уште едно недоразбирање, би сакала да истакнам дека не сум атлетичарка туку сум дел од тимот на Полска како физиотерапевтка. Исто така сакам да бидам јасна дека дека зборот „тренер“ може да биде машки, но и женски тренер и јас тоа не го потенцирав во интервјуто, така што беше извадено од контекст. Јас спијам во кревет со женски тренер и целосно се согласив и целосно сум свесна за условите. Ние се фокусираме на спортот и спортскиот дух и сме полни со емоции затоа што го освоивме бронзениот медал, така што ајде да се фокусираме на тоа, порачува Агата во изјавата.
Од сето погоре може да се заклучи дека никој не промовира педофилија во спортот, како што тоа сака да го прикаже објавата што ја анализираме. Учесничката на ЕМОФ, како дел од полската одбојкарска репрезентација, е физиотерапевтка и таа го делела креветот со тренерот, женско лице, не машко, и била целосно свесна за условите во кои ќе претстојува и истите ги прифатила.
Поради тоа, објавата ја оценуваме како неточна.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар