Не е вистина дека Амазон продава е-велосипеди за 123 денари

Нема логика „Амазон“ да му се обраќа на мал и сиромашен пазар како нашиов, кој нема ни своја филијала на „Амазон“, како што имаат: САД (amazon.com), Канада (amazon.ca), Британија (amazon.co.uk), Германија (amazon.de)…. Веб-адреса amazon.mk постои, но таа пренасочува кон германскиот „Амазон“. Фејсбук-страницата, на која е објавена лажната реклама делува крајно непрофесионално и има само околу деведесет следбеници, што е малку за една светски позната компанија. „Амазон“ си имаат своја официјална Фејсбук-страница, која делува многу посериозно и која има милиони следбеници

Нема логика „Амазон“ да му се обраќа на мал и сиромашен пазар како нашиов, кој нема ни своја филијала на „Амазон“, како што имаат: САД (amazon.com), Канада (amazon.ca), Британија (amazon.co.uk), Германија (amazon.de)…. Веб-адреса amazon.mk постои, но таа пренасочува кон германскиот „Амазон“. Фејсбук-страницата, на која е објавена лажната реклама делува крајно непрофесионално и има само околу деведесет следбеници, што е малку за една светски позната компанија. „Амазон“ си имаат своја официјална Фејсбук-страница, која делува многу посериозно и која има милиони следбеници

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук вели:

Еле⁠ктр⁠иче⁠н в⁠ело⁠сип⁠ед ⁠од ⁠Ама⁠зон⁠ за⁠ 12⁠3 д⁠ена⁠ри!⁠ Ов⁠ие ⁠еле⁠ктр⁠ичн⁠и в⁠ело⁠сип⁠еди⁠ би⁠ле ⁠кор⁠ист⁠ени⁠ на⁠ са⁠еми⁠ и ⁠изл⁠ожб⁠и, ⁠но ⁠се ⁠во ⁠сов⁠рше⁠на ⁠сос⁠тој⁠ба!⁠

А⁠маз⁠он ⁠нуд⁠и н⁠а с⁠еко⁠го ⁠мож⁠нос⁠т д⁠а д⁠оби⁠е е⁠лек⁠три⁠чен⁠ ве⁠лос⁠ипе⁠д, ⁠бид⁠ејќ⁠и о⁠вој⁠ пр⁠оиз⁠вод⁠ не⁠ е ⁠нам⁠ене⁠т з⁠а п⁠род⁠ажб⁠а. ⁠За ⁠да ⁠го ⁠доб⁠иет⁠е в⁠аши⁠от ⁠вел⁠оси⁠пед⁠, е⁠дно⁠ста⁠вно⁠ од⁠гов⁠оре⁠те ⁠на ⁠3 п⁠раш⁠ања⁠ на⁠ на⁠шат⁠а в⁠еб-⁠стр⁠ани⁠ца!

Ова е чест вид на измама, а за тоа функционира има сликовитиот опис во оваа рецензија на Вистиномер. Во случајот што таму го опишавме, не се нудеа е-велосипеди, туку пијалаци, но принципот на измамата беше ист.

Доста нешта се повторуваат низ овие измами, па во објавата што сега ја рецензираме, има многу сличности со  случаjот кога беше злоупотребено името на продавницата за компјутери „Анхоч“. Меѓутоа, измамниците напреднале, па сега го злоупотребуваат името на светски познатата онлајн-продавница „Амазон“.

Арно ама, нема логика „Амазон“ да му се обраќа на мал и сиромашен пазар како нашиов, кој нема ни своја филијала на „Амазон“ како што имаат: САД (amazon.com), Канада (amazon.ca), Британија (amazon.co.uk), Франција (amazon.fr), Германија (amazon.de), Јапонија (amazon.co.jp) и др. (патем, веб-адреса amazon.mk постои, но таа пренасочува кон германскиот Амазон). Зависно од случајот, нарачувањето на такви производи од Амазон би барало од нашиот купувач да плаќа и скап транспорт и/или шпедиција, царина и ДДВ, па една таква реклама нема никаква пазарна логика. И, како што е наведено на сајтот на Амазон, некои од таквите производи не се ни доставуваат кај нас.

Фејсбук-страницата, на која е објавена лажната реклама од „Амазон“, делува крајно непрофесионално и има само околу деведесет следбеници, што е малку за една светски позната компанија. „Амазон“ си имаат своја официјална Фејсбук-страница, која делува многу посериозно и која има милиони следбеници.

На лажната Фејсбук-страница го нема ни логото на „Амазон“, но тоа е вметнато во клиповите споделени на неа, а тие се со скромна резолуција, што е исто така непрофесионално. Таков клип има и во објавата што ја рецензираме.

Во секој од тие клипови го гледаме логото на „Амазон“, кон што е придодаден натпис на грчки јазик, кој вели: „ΗΛΕΚΤΡΙΚΌ ΠΟΔΉΛΑΤΟ “ („ЕЛЕКТРИЧЕН ВЕЛОСИПЕД“), но зошто тоа е на грчки ако е за нашиот пазар? Тука е споменат и називот на моделот – V8.

Во клиповите, роботски глас со бугарски акцент објаснува за: „полненџе“ (полнење) на батеријата на велосипедот и за „маневриранџе“ (маневрирање) со истиот. Во тој роботски наратор можеби бил внесен текст на латиница („polnenje“, „manevriranje“), а тој ја изговара буквата „ј“ на англиски како „џ“ или на француски како „ж“, па на пример зборот „овој“ звучи како „овож“. Сето тоа е изведено крајно неспретно.

Објавата што ја рецензираме нè кани на една веб-страница, кај што можеме да го нарачаме е-велосипедот, а таа е исто така лажна. Во објавата, линкот до таа веб-страница е во форма на копче со натпис на англиски „Apply now“ („Аплицирај сега“).

Таквите копчиња сами по себе не се ништо лошо, но во случајов, копчето води кон сомнителна веб-страница, која не треба да ја посетувате: https://winnersparadise.store. Таму нема е-велосипеди, туку реклама за некаков спа-центар на полски јазик. На овој (безбеден) линк ќе видите скриншот од тоа. Искуството ни вели дека на таа веб-страница имало формулар за нарачка на тие е-велосипеди, а смислата на тоа била купувачот да го внесе бројот на својата платежна картичка, кого измамниците потоа би го злоупотребиле. Но таму имало и анкета со три прашања која купувачите најпрвин требало да ја минат. Токму затоа објавата што ја рецензираме вели дека купувачот најпрвин треба да одговори на три прашања.

Таа анкета и тој формулар потоа биле отстранети и заменети со таа реклама за спа-центар на полски јазик, веројатно затоа што измамата била откриена.

Под објавата што ја рецензираме има коментари во кои тие е-велосипеди за 123 денари се опсипувани со пофалби, а сите профили од кои тие доаѓаат се штури и лажни.

Тие коментатори се наводно на наши сограѓани, но тие прават крупни јазички грешки. Еден од нив вели дека го добил е-велосипедот и дека тој е во добро „состояние“ (што значи „состојба“), а друг вели дека „ја примил електричната точак“.

Земајќи го предвид сето досега наведено, објавата ја оценуваме како невистинита.

 

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција