Не е вистина дека Делта сојот „опасно“ се шири во Грција

Иако се очекува Делта сојот да стане доминантен затоа што оваа варијанта е позаразна, сепак тоа сè уште не е се случува и нема никаква потреба предвреме и со неточни податоци да се прави паника и да се подгрева страв како во медиумите, така и на социјалните мрежи. Вистината е дека делта сојот, односно варијантата на вирусот којашто првпат е откриена во Индија, ниту опасно се шири, ниту бројките на заболени се високи за да се извлече таков заклучок во насловот на текстот што се споделува на Фејсбук

Иако се очекува Делта сојот да стане доминантен, затоа што оваа варијанта е позаразна, сепак тоа сè уште не се случува и нема никаква потреба предвреме и со неточни податоци да се прави паника и да се подгрева страв како во медиумите, така и на социјалните мрежи. Вистината е дека Делта сојот, односно варијантата на вирусот којашто првпат е откриена во Индија, ниту опасно се шири, ниту бројките на заболени се високи за да се извлече таков заклучок во насловот на текстот што се споделува на Фејсбук

 

На Фејсбук споделен е текст со наслов во кој се тврди дека Делта сојот на коронавирусот опасно се шири во Грција. Притоа, само зборот „опасно“ е напишан, односно сензационалистички и тенденциозно потенциран, со големи букви.

Делта сојот ОПАСНО се шири во Грција!

Овој наслов е невистинит и воопшто не соодветствува со реалноста, односно ги манипулира и наведува читателите да донесат одреден заклучок кој е неточен. Вистината е дека делта сојот, односно варијантата на вирусот којашто првпат е откриена во Индија, ниту опасно се шири, ниту бројките на заболени се високи за да се извлече таков заклучок во насловот.

Во самиот текст коректно и целосно е објаснета актуелната состојба со коронавирусот во Грција. Притоа, вистината е дека потврдени се 25 нови случаи заразени со Делта сојот за една недела. Вкупната бројка на Делта случаи во Грција е 54, далеку од „опасно ширење“. Всушност, другите варијанти на коронавирусот многу повеќе се шират отколку Делта сојот, што е поткрепено со статистички бројки во објавениот напис. Споредбено со Алфа сојот, ширењето на Делта сојот е минимално и никако не може да се опише како „опасно“.

Во Грција, преовладува Алфа варијантата со 13.560 потврдени случаи (81,7 отсто од вкупниот број мутации), потоа е Бета со 101 случај, Делта со вкупно 54, Ета со десет (од кои два нови), Гама со два случаи и еден случај на Капа.

Дека ситуацијата во регионот и во Грција не е алармантна потврди и министерот за здравство Венко Филипче.

Во целокупниот овој период епидемиолошките криви, без разлика на тоа која земја какви рестриктивни мерки имаше, беа прилично слични. И во таа смисла насекаде е мирно во регионот, и во Србија и во Албанија. Ги гледаме и оние земји каде што наши граѓани заминуваат на летни одмори. Има некое лесно зголемување на бројката на позитивни во Грција, но сметам дека тоа не е алармантно.

Бидејќи Грција е нашиот јужен сосед и голем број на наши граѓани одат таму на летување или викенди,  ваквите објави предизвикуваат големо внимание. Особено, затоа што секој сака да се чувствува што е можно побезбеден додека користи денови за одмор.

Па, така, некој  што планира да оди во Грција или веќе има уплатено туристички аранжман во следниот период, кога ќе прочита ваква вест нормално е да почувствува паника и страв за сопственото здравје и безбедност.

Иако се очекува Делта сојот да стане доминантен затоа што оваа варијанта е позаразна, сепак тоа сè уште не е се случува и нема никаква потреба предвреме и со неточни податоци да се прави паника и да се подгрева страв како во медиумите, така и на социјалните мрежи. Најважно е граѓаните да бидат точно и навремено информирани за да можат да ги донесат вистинските одлуки кога се работи за нивното и здравјето на нивните најблиски.

 

 

 

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за брзо справување со вакциналните дезинформации, имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Тој е првично објавен во Вистиномер, а e овозможен со поддршка на Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States). Содржината на написот е одговорност на авторот и не секогаш ги одразува ставовите на Метаморфозис, БТД или нивните партнери.

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција