Не е вистина дека дискус хернија е нов симптом на коронавирусот

Неточното тврдење искажано во овој пост на Фејсбук, дека тој што има дискус хернија значи дека е заболен од коронавирус, се базира на изјава на доктор Александар Стојановиќ, директор на Здравствениот дом „Палилула“ од Белград, што ја пренесоа повеќе македонски медиуми.Но, доктор Стојановиќ никаде во неговата изјава не спомнува дискус хернија, ниту пак, вели дека болки во рбетот, а негативен тест на вирусот значат дека пациентот има корона. Напротив, тој вели дека болка во грбот е нов симптом на вирусот, но дека тоа го потврдиле преку позитивните тестови на вирусот. Впрочем дискус хернија е заболување коешто нема никаква врска со вирус

Неточното тврдење искажано во овој пост на Фејсбук, дека тој што има дискус хернија значи дека е заболен од коронавирус, се базира на изјава на доктор Александар Стојановиќ, директор на Здравствениот дом „Палилула“ од Белград, што ја пренесоа повеќе македонски медиуми. Но, доктор Стојановиќ никаде во неговата изјава не спомнува дискус хернија, ниту пак, вели дека болки во рбетот, а негативен тест на вирусот, се знак дека пациентот има корона. Напротив, тој вели дека болка во грбот е нов симптом на вирусот, но дека тоа го потврдиле преку позитивните тестови на вирусот. Впрочем дискус хернија е заболување коешто нема никаква врска со вирус

 

Преку Фејсбук објава се манипулира дека дискус хернија е нов симптом на коронавирусот, па доколку пациентот има болки во грбот, иако има негативен тест за корона,  тоа сепак значи дека е заразен со вирусот. Ова не е точно.

Мислев дека веќе нема да пишувам постови за Короната и дека целиот театар е веќе завршен, ама очигледно планираат уште еден круг. Според последните стручни анализи, врвните епидемиолози, ДИСКУС ХЕРНИЈА ја водат како НОВ симптом на Короната. Штом е негативен тестот, а имаш болки во рбетот, тогаш имаш корона. Наредно е предвремена ејакулација да го заведат како симптом на Короната. Но кога веќе станува збор за коронава, секојдневно работат на пропагандата, за тоа колку има нови заболени и почината, АМА никако нема статистика колку од заболените и починатите се вакцинирани, пишува во постот.

Неточното тврдење дека тој што има дискус хернија значи дека е заболен од коронавирус, се базира на изјава на доктор Александар Стојановиќ, директор на Здравствениот дом „Палилула“ од Белград, што ја пренесоа повеќе македонски медиуми.

Но, доктор Стојановиќ никаде во неговата изјава не спомнува дискус хернија, ниту пак, вели дека болки во рбетот, а негативен тест на вирусот се знак дека пациентот има корона. Напротив, тој вели дека болка во грбот е нов симптом на вирусот, но дека тоа го потврдиле преку позитивните тестови на вирусот.

Еден од симптомите е болка во ‘рбетот, речиси секој втор, трет пациент над 40 години нема други потешкотии, туку само болка во грбот. Со овие симптоми се среќаваме за првпат. Овој вид е специфичен. Имаш болки во кичмата, немаш температура, правиш тест и си позитивен, вели Стојановиќ.

Меѓутоа тој никаде не спомнува дискус хернија, само болки во грбот. Впрочем дискус хернија е состојба којашто нема никаква врска со вирус.

За ова заболување на ‘рбетот на веб-страницата на болницата „Аџибадем Систина“ пишува:

Кога прстенот на дискот се оштетува и напукнува, тогаш мекото јадро може да продре низ пукнатината и да навлезе во ’рбетниот канал. Ова често заболување се нарекува дискус хернија (пукнат диск). Истеченото јадро најчесто може да ги притисне корените на нервите во ’рбетот или  ’рбетниот мозок. На овој начин може да дојде до воспалителна реакција со нервните корени. Поради ова, дискус хернијата може да биде многу болна состојба. Оваа состојба може да се јави како резултат на „истрошеност“ или траума на дисковите. На пример, пад од височина, во седечка положба обично резултира со кршење на пршлените или пукање на дисковите. Исто така, и помала повреда може да резултира со дискус хернија. Покрај тоа, причина за оваа состојба може да биде и кревање тежок предмет во неправилна позиција,  ослабување на дисковите поради повреди кои се повторувале или возраста.  Кај овие состојби дисковите ослабуваат и  стануваат сè поподложни на распукување.

Па така заклучокот дека сега дискус хернија се води како симптом за коронавирусот е неточна. Не секоја болка во грбот значи дискус хернија, такви болки можат да бидат предизвикани од многу други фактори, а дискус хернија не може да е предизвикана од вирус.

Во објавата, исто така, се тврди дека ситуацијата со коронавируст е „театар“ односно алудира дека нешто е измислено и дека прикажаната ситуација не е реална.

Ковид-19, болеста која ја предизвикува коронавирусот, постои и е реална, а тоа го потврдуваат секојдневните бројки на заболени луѓе и починати од вирусот низ целиот свет во последните две и пол години.

Коронавируост за првпат се појави во Кина на крајот на декември 2019 година. Светската здравствена организација (СЗО) потврди дека генетскиот материјал РНК, на вирусот е изолиран на 7 јануари 2020 година. Ова е нов вирус кој претходно не е регистриран кај луѓето. Во март 2020 година СЗО прогласи пандемија на ковид-19.

Според последните податоци, заклучно со 03 август 2022 година, во светот има вкупно  585.568.206 потврдени случаи, а бројот на починати е над шест милиони –  6.428.220. Кај нас од почетокот на пандемијата досега се регистрирани 329.172 заболени и 9.381 починати (состојба на 03.08.2022).

Сосема е несоодветно е да се тврди дека „ковид е театар“ во ситуација кога во многу земји има сè повеќе заразени, особено со новите подвидови на омикрон сојот, кога во ниту една земја населението не е целосно вакцинирано, а во одредени сиромашни земји има многу мал процент на вакцинирани. Следствено на тоа, секојдневно расте бројот на заразени, како и на смртни случаи како последица од самиот вирус.

Меѓу починатите од почетокот на пандемијата и во земјава и во светот имаше и јавни личности, а дел од пациентите кои прележаа ковид јавно говореа за своите искуства со болеста и нејзината сериозност, а јавни сведочења имаа и семејствата на некои од починатите. Впрочем, секој од нас има роднини, пријатели или колеги кои биле или се заболени од вирусот, па не може вака тенденциозно да се тврди дека вирусот е театар односно дека е измислен.

 

 

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција