Не е вистина дека ЕУ и САД вршат геноцид врз сирискиот народ

Фото: pixabay.com

Постот тенденциозно дезинформира  дека ЕУ и САД вршат геноцид врз сирискиот народ. Геноцидот е меѓународно злосторство на намерно потполно или делумно уништување на националните, етничките, расните и религиските групи и спаѓа во најтешката група злосторства против човештвото. По катастрофалниот земјотрес од 6 февруари  и ЕУ и САД помагаат и доставуваат хуманитарна помош и во Турција и во Сирија

Постот тенденциозно дезинформира  дека ЕУ и САД вршат геноцид врз сирискиот народ. Геноцидот е меѓународно злосторство на намерно потполно или делумно уништување на националните, етничките, расните и религиските групи и спаѓа во најтешката група злосторства против човештвото. По катастрофалниот земјотрес од 6 февруари  и ЕУ и САД помагаат и доставуваат хуманитарна помош и во Турција и во Сирија

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

ЕУ, САД вршат класичен геноцид врз сирискиот народ!

Постот е објавен на 13 февруари, после разорниот земјотрес во Турција и Сирија.

Војната во Сирија, една од најлошите кризи со кои се има соочено светот од почетокот на Втората светска војна, продолжува да има трагични последици за луѓето во Сирија и има дестабилизирачки ефект во регионот, преку иселувањата, ширењето на тероризмот и засилувањето на политички разлики.

Уште од почетокот на конфликтот ЕУ повикува на завршување на неприфатливото насилство во Сирија кое продолжува да предизвикува страдање на милиони Сиријци и неописливо уништување на инфраструктурата. Нападите врз културното наследство, исто така, се несреќна последица на конфликтот. ЕУ продолжува да ги осудува со најсилна реторика продолжените насилства и раширените и систематски злоупотреби на човековите права.

ЕУ верува дека не може да има воено решение на конфликтот и елиминацијата на Даеш и другите терористички ентитети во Сирија (кои се на листата на Обединетите нации како терористички ентитети) и бара политичко решение на конфликтот во Сирија.

Стратешките цели на ЕУ во Сирија се фокусирани на шест клучни области:

Крај на војната низ вистинска политичка транзиција, којашто ќе биде преговарана од  страните на конфликтот со поддршка на клучни интернационални и регионални актери.

Промоција на инклузивна транзиција во Сирија, преку поддршка за засилување на политичката опозиција.

Да се спасат животи со адресирање на хуманитарните потреби на најзагрозените Сиријци низ земјата, на брз, ефективен и принципиелен начин.

Промоција на демократијата, човековите права, слободата на говор, преку засилување на сириските невладини организации.

Промоција на одговорност за воени злосторства со цел да се олесни процесот на национално помирување и транзициската правда.

Организацијата за европска цивилна заштита и хуманитарна помош е хуманитарен огранок на ЕУ во Сирија. Главната мисија на оваа организација е да спасува животи, да ги олесни човековите страдања и да го штити интегритетот и достоинството на населението погодено од природни катастрофи и кризи предизвикани од луѓето. Со седиште во Брисел и глобална мрежа на канцеларии оваа организација обезбедува брзо и ефективно доставување на помош од ЕУ. Оваа организација е водечки донатор за обезбедување на хуманитарна помош внатре во Сирија и одржува секојдневен контакт со различни хуманитарни актери во Сирија.

Како и секаде во светот, огранок на ЕУ во Сирија работи со голема автономија. Нејзината работа се заснова исклучиво на хуманитарни принципи на независна, непристрасна и неутрална помош заснована на потреби. Канцеларијата на организацијата (огранок на ЕУ во Сирија) во Дамаск ѝ овозможува на ЕУ да го надгледува обемот на операциите за хуманитарна помош во Сирија и директно да се ангажира со хуманитарните партнери на теренот.

Санкциите врз Сирија првпат беа воведени во 2011 година како одговор на насилната репресија на цивилното население од режимот на Асад. Санкциите ги таргетираат компаниите и познатите бизнисмени кои профитираат од нивните врски со режимот и воената економија. Рестриктивните мерки вклучуваат забрана за увоз на масло, рестрикции за одредени инвестирања, замрзнување на парите на Централна банка на Сирија во ЕУ,  рестрикции за извоз на опрема и технологија која може да се користи за внатрешна репресија, како и на опрема за пресретнување на интернет и телефонски комуникации.

Санкциите на ЕУ во Сирија се дизајнирани да избегнат какво било влијание врз хуманитарната помош и затоа имаат за цел да не влијаат на испораката на храна, лекови и медицинска опрема.  ЕУ го следи развојот на настаните во сирискиот конфликт и може да одлучи да ги обнови санкциите и да ја прошири листата на лица. ЕУ останува посветена за пронаоѓање долготрајно и кредибилно политичко решение на конфликтот во Сирија. 

ЕУ исто така ги поддржува раселените и нивните домаќини во државите соседи на Сирија.

Што се однесува на тоа дека во Сирија имаше разорен земјотрес на 6 февруари, ЕУ ќе испраќа помош не само во Турција туку и во Сирија. Режимот во Дамаск по страшниот земјотрес замоли за помош и покрај политичкото соперништво со ЕУ, објави Дојче Веле.

Еврокомесарот Јанез Ленарчич категорично ги отфрли обвинувањата дека меѓународните санкции спречуваат хуманитарна помош за настраданите во земјотресот. Тој за Дојче веле истакна дека не постои ништо што би можело на кој било начин да ја спречи испораката на хуманитарна помош.

На 9 февруари 2023 година, Стејт Департментот објави за помошта од САД за Сирија и Турција. За Сирија, во соопштението се вели дека САД е во блиска координација со партнерските организации во Сирија.

Нашите постоечки хуманитарни партнери во Сирија и Турција обезбедуваат критична брза помош, храна, вода, засолништа, медицинска грижа. Хеликоптери од САД спроведуваат акции, транспортираат спасувачи на најпотребните локации. Ѝ се заблагодаруваме на владата на Турција за повторното отворање на границата, така што помошта може да влезе во Сирија и ја примаме веста дека првиот конвој со помош од ОН пристигнал низ преминот Баб ал Хава. Го повикуваме режимот на Асад веднаш да дозволи да влезе помошта низ сите гранични премини да се дозволи да се дистрибуира помошта во сите погодени подрачја и  да им дозволи хуманитарен пристап без исклучок на сите луѓе во Сирија на коиим е потребна помош. И во Турција и во Сирија, САД ќе останат посветени да прават сè што е потребно, онолку долго колку што е потребно, за да ја обезбедат потребната помош на погодените од овие земјотреси. САД ќе продолжат да го поддржуваат народот на Турција и Сирија  и охрабрува поддршката од нашите меѓународни партнери во ова време на голема потреба , пишуваат оттаму.

Поради сите горенаведени факти, оценуваме дека не е вистина дека ЕУ и САД вршат геноцид врз сирискиот народ. Геноцидот е меѓународно злосторство на намерно потполно или делумно уништување на националните, етничките, расните и религиските групи и спаѓа во најтешката група злосторства против човештвото. По катастрофалниот земјотрес од 6 февруари  и ЕУ и САД помагаат и доставуваат хуманитарна помош и во Турција и во Сирија

 

 

 

 

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар

Оставете реакција