Не е вистина дека „Фајненшл Тајмс“ објавил фотографија од сириски бегалци наместо украински
Фотографијата има свој извор и авторските права му припаѓаат на фотографот Дан Китвуд кои можат да се најдат на базата на фотографии „Гети“. Пребарувањето на „Гети“ за делата на овој автор потврдува дека фотографијата е автентична и снимена баш како што пишува, во Лавов, а лицата на фотографијата се украински бегалци
Фотографијата има свој извор и авторските права му припаѓаат на фотографот Дан Китвуд кои можат да се најдат на базата на фотографии „Гети“. Пребарувањето на „Гети“ за делата на овој автор потврдува дека фотографијата е автентична и снимена баш како што пишува, во Лавов, а лицата на фотографијата се украински бегалци
Фејсбук објава тврди дека престижниот британски медиум „Фајненшл Тајмс“ манипулира со фотографија објавена од бегалци, односно дека ги преставува како украински, а всушност се од Сирија. Ова е неточна информација.
Фајненшл тајмс ги прогласи сириските бегалци – украински
LONDON Financial Times го илустрираше текстот за украинските бегалци со фотографија од Сирија.
Може да се случи и поради професионална „опуштеност“ и склоп на околности.
Но, што ако не е ниту невнимание ниту случајност?
Ако фотографијата со сириските бегалци била објавена намерно?
Тоа, во секој случај, не би било премногу изненадување. Со овој „спорт“ со децении се занимаваат британските и американските медиуми …
Текстот на оваа објава е преземен од веб-страницата fakti.org која објавува написи на српски јазик, со проруски наратив, а притоа нема никакви податоци за тоа кој го раководи и финансира порталот, нема импресум ниту пак автори на текстовите.
Она што неточно, а се тврди во објавата е дека Фајненшл Тајмс манипулира со објавени фотографии, односно не е вистина дека текст за украинските бегалци е илустриран со фотографија од Сирија.
На текстот со наслов „Милиони Украинци бараат безбедност во границите на земјата разурната од војна“ прикачена е фотографија од група лица коишто се движат и со себе носат багаж.
Фотографијата има и свој извор. Авторските права му припаѓаат на фотографот Дан Китвуд кои можат да се најдат на базата на фотографии Гети. Пребарувањето на Гети за делата на овој автор потврдува дека фотографијата е автентична и снимена баш како што пишува на истата – во Лавов.
Над фотографијата стои дека е направена на 11 март 2022 година во Лавов, Украина со опис: „Патници ја напуштаат железничката станица откако се симнаа од возовите од истокот на 11 март 2022 година во Лавов, Украина. Повеќе од два милиони луѓе ја напуштија Украина по големиот напад на Русија врз земјата, при што стотици илјади Украинци поминаа низ Лавов на пат кон Полска“.
Освен оваа една фотографија, на профилот на авторот можат да се најдат уште десетици слични фотографии од украински бегалци снимени на железничката станица во Лавов.
Тврдењата дека мејнстрим медиумите наводно споделуваат лажни вести за ситуацијата во Украина откако Русија изврши инвазија стануваат се позачестени во јавниот простор, како еден од начините за ширење воена пропаганда.
Така е и во случајов, за објавата за која констатираме дека е невистинита, односно не е точно дека текст за украинските бегалци на „Фајненшнл Тајмс“ е илустриран со фотографија од Сирија.
Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар